Спорт
Јуве победи со хет-трик на Красиќ

Во последниот натпревар од петтото коло во Серија А, екипата на Јувентус на домашен терен го совлада Каљари со 4:2.
Во последниот натпревар од петтото коло во Серија А, екипата на Јувентус на домашен терен го совлада Каљари со 4:2.
„Старата дама“ до победата над Каљари дојде благодарение на изворедната партија на Милош Красиќ. Српскиот репрезентативец постигна три (13, 34 и 70 минута) од четирите голови на Јувентус, за Каљари двоен стрелец беше Матри, во 20 и 81 минута.
Со втората овосезонска победа, Јуве се искачи на петтото место на табелата со седум бодови, три помалку од водечкиот двоец Интер и Лацио. Зад лидерскиот двоец се наоѓаат Киево и Бреша кои собраа по девет бодови.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Артур: Роналдо е поголем лидер од Меси

Играчот од средниот ред на Јувентус, Бразилецот Артур (24) смета дека неговиот соиграч, Кристијано Роналдо е поголем лидер од Лео Меси со кој соработуваше додека играше за Барселона. Артур пред почетокот на оваа сезона од Барса дојде во Јуве, а во спротивен правец замина репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ.
„Сите имаат свој начин на покажување лидерство. Лео тоа го прави со движењата иако не ги покажува многу, но на терен ги покажува во моментот кога ќе добие топка, со сета своја жед за голови и победа. Кристијано е дечко кој тоа сака да го покажува со рацете, со зборови и очигледно кога ќе ја добие топката. Во соблекувалната е доста вклуен, и во добри односи е со сите, разговара со сите. Не сме толку големи пријатели да одиме на кафе заедно, но имаме добар однос. Тешко е да се рече кој е поголем лидер, затоа што ако едниот постигне 5 гола, тоа го прави и другиот. Двајцата се добри лидери, но сепак го бирам Роналдо“ рече Артур.
Бразилскиот фудбалер сезонава има 17 настапи за „Старата дама“ во сите натпреварувања и се уште е без гол и асистенција.
Спорт
Раџа го спореди Дончиќ со Бодирога: Тоа се играчи со мади.а!

Легендата на хрватската кошарка, Дино Раџа ги прокоментира игрите на словенечкиот кошаркарски ас, Лука Дончиќ во НБА лигата.
„Знаев дека ќе биде добар, но не толку рано. Ова момче рано покажа дека е многу зрел. Неверојатно е талентиран, многу работи, има добри чекори затоа што прво играше за јуниорите на Реал Мадрид, па за сениорите, освојуваше трофеи. Не очекував дека толку добро ќе одигра во неговата прва сезона“ нагласи Раџа.
Хрватот го спореди Дончиќ до екс-српскиот кошаркар, Дејан Бодирога.
„Ме потсетува на Бодирога. Тој беше играч со големи мади.а и неверојатен талент“ нагласи Раџа.
Прославениот кошаркар истакнува дека НБА лигата сега е поинаква за разлика од времето кога тој отиде да го оствари својот „американски сон“.
„Беше тешко кога ние доаѓавме во лигата. Кога Лука дојде во Далас му ги дадоа клучевите од градот, мене ми дадоа дресови да однесам на перење. Дивац, Сабонис, Дражен, Тони и јас бевме пионери и тешко е да се разгази патот“ вели Раџа.
Спорт
Короната прави масакр во Бенфика, дури 17 заразени од вирусот

Португалскиот фудбалски клуб Бенфика денеска објави дека има дури 17 заразени со коронавирусот во клубот, што играчи, што членови од стручниот штаб, но и клупски работници.
Од клубот напоменаа дека се консултирале со локалното Министерство за здравство во врска со тоа како да постапат во интерес на здравјето на играчите. Основното прашање е дали клубот треба да игра мечеви во следните две недели или и здравите играчи треба да одат во изолација.
Бенфика во моментов е третопласирана во португалскиот шампионат со 32 бода, колку има и второпласираниот Порто. Лидер на табелата е Спортинг Лисабон со 36 бода.
Бенфика утре треба да игра полуфинале во Лига купот против Брага.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира