Спорт
Барселона домаќин на пливачкиот Мундијал во 2013 година

Домаќин на 15-то Светско првенство во пливање кое ќе се одржи во 2013 година ќе биде Барселона.
Домаќин на 15-то Светско првенство во пливање кое ќе се одржи во 2013 година ќе биде Барселона.
Оваа одлука ја донесе Светската пливачка федерација-ФИНА на состанокот кој се одржа во уругвајскиот град Пунта дел Есте.
Првично пливачкиот Мундијал во 2013 година требаше да се одржи во Дубаи, но во мај годинава поради економската криза ОАЕ се повлекоа од организацијата. Изборот на Барселона преставува изненадување, бидејќи познавачите на приликите во светското пливање како фаворити ги издвоија Сеул, Хамбург, Москва и Сиднеј.
„Во чест на Хуан Антонио Самаранч ја избравме Барселона, тој беше најзаслужен што овој град беше домаќин на СП во 2003 година и на крај се покажа како успешен организатор“, изјави првиот човек на ФИНА, Цезар Малионе.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер нема пари за плати, ја одложил ратата за Хакими

Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека Интер се наоѓа во големи проблеми со ликвидноста и дека затоа е потребен влез на нови инвеститори, бидејќи се преговара со играчите за одложување на нивните плати, а исто така не е исплатена ниту ратата за трансферот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид од 10 милиони евра.
Според правилата на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Интер до 16 февруари мора да ги исплати платите за јули и август, и може да биде казнет со поени доколку тоа не се случи. Директорот Бепе Марота ги убедувал играчите дека сите обврски ќе бидат исполнети и побарал за разбирање.
Овие вести доаѓаат по големиот број на шпекулации околу желбата на кинеските газди „Сунинг“ да го продадат клубот или барем да најдат нов малцински сопственик кој би внел капитал во тимот. Британската „БЦ партнерс“ беше најзаинтересирана за влез во италијанскиот гигант, но наместо како малцински сопственик, тие би сакале да станат нов сопственик на клубот.
Спорт
Дешам не простува: Никогаш нема да ги заборавам обвинувањата на Бензема

Дидие Дешам очигледно не планира да го врати Карим Бензема во француската репрезентација и покрај притисокот да се направи тоа, велејќи дека никогаш нема да ги заборави обвинувањата на напаѓачот дека селекторот потклекнал под притисок од расистите.
Бензема, кој има 27 гола во 81 настапи за Франција, не е дел од „триколорите“ од октомври 2015, откако беше уапсен за обидот за уцена на соиграчот од репрезентацијата Матју Валбуена за наводна секс-лента. Овој месец беше потврдено дека 33-годишниот напаѓач на Реал ќе оди на суд за овие обвинувања.
Откако Дешам не го повика за настап на Евро 2016, Бензема изјави дека тој потклекнал под „расистичкиот дел на Франција“, а неколку дена подоцна на куќата на Дешам беа напишани графити обвинувајќи го дека е расист.
„Тоа е дамка на неговата историја. Дури иако со време ситуацијата се смири, не можам да заборавам. Не е само Карим Бензема, имаше изјави од други луѓе кои донесоа вандализам на мојот дом и притисок на моето семејство. Кога ќе се допре моето семејство се поминува линијата и тоа е неприфатливо. Јас страдав од последиците на тие изјави. Не можам да заборавам. Никогаш нема да заборавам“, вели Дешам.
Спорт
УФЦ: Холовеј со рекордни 455 удари го уништи Катар, сега чека на Волкановски

Поранешниот шампион во перо категорија, Макс Холовеј ја доби крвавата битка во пет рунди против Калвин Катар на УФЦ Фајт ајленд 7, за да стане еден од фаворитите за борба со Александер Волкановски за појасот во велтер актегорија.
Холовеј започна фуриозно со голем број удари во главата на Катар, но тој остана на нозе во неверојатните први две рунди и покрај огромниот број на удари кои ги доби. Катар малку се врати во третата рунда, во која беше порамноправен протовник, но Холовеј потоа доминираше и во последните две рунди, но Катар изддржа се и како вистински воин остана на нозе до крај, добивајќи 455 удари во текот на мечот, што е нов УФЦ рекорд.
Карлос Кондит и Мет Браун исто така имаа фантастични пет рунди, во кои Кондит ја прекина низата од пет порази и стигна до победа, додека српскиот фајтер Душко Тодоровиќ го доживеа првиот пораз, откако во првата рунда беше претепан до Пунахеле Соријано.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира