Спорт
Новицки:Во Далас ми е срцето

На денот за медиумите во Далас најексплоатирана беше темата на останувањето на Дирк Новицки. За првпат овој кошаркар се најде на слободниот пазар.
На денот за медиумите во Далас најексплоатирана беше темата на останувањето на Дирк Новицки. За првпат овој кошаркар се најде на слободниот пазар. „Сакав да измерам колку тежам, но изгледа немаше што да се мери. Да останам во Далас беше најлесна одлука, бидејки тука ми е срцето„ изјави Новицки. За наредните четири години верност на Далас Маверикс Новицки ќе инкасира 80 милиони долари. Со оглед на тоа што има 32 години се чини дека Германецот прв и последен пат беше на слободниот пазар на кошаркари. Во Далас Новицки дојде кога имаше 20 години. „По 12 години во оваа униформа, и со сета поддршка што ја имав тука, немаше да се чувствувам лагодно во туѓ дрес“ искрен е Новицки. Дирк Новицки не настапи за Германија на годинешново светско првенство во Турција, а тоа директно се одрази на катастрофалниот пласман на неговата репрезентација. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баскијците растурија Супер Куп финале Реал – Барса

Атлетик Билбао е екипата која ќе игра финале во Супер Купот на Шпанија откако вечерва тимот од Баскија со 2-1 славеше против Реал Мадрид во полуфиналети и спречи нов голем судир на гигантите.
Играчот на тимот од Билбао, Раул Гарсија е најголемиот виновник што Реал Мадрид нема да ја брани титулата освоена минатата година.
На стадионот „Ла Росаледа“ во Малага Гарсија донесе водство за Атлетик во 18 минута, а 20 минути подоцна истиот играч од пенал ја дуплираше предноста.
Единствено што успеа Реал да направи на овој меч и покрај силниот притисок е да намали на 1-2 преку Бензема во 73 минута.
Во финалето на шпанскиот Супер Куп, Атлетик за противник ќе ја има Барселона.
Спорт
Химки понижен во Истанбул, Алба загуби во Берлин, домашен триумф за Макаби

Кошаркарите на Ефес со високи 39 разлика, 99-60 славеа против руски Химки на отворањето на 20. коло во кошаркарската Евролига. Со тоа турската екипа му го нанесе 11-тиот пораз во низа на рускиот тим, што беше и трета победа во низа за Ефес.
Во домашната екипа Сансли со 19 и Ларкин со 15 поени беа најефикасни, додека кај Химки Џордан Мики имаше 14, а Швед 13 поени.
Кошаркарите на Армани Милано славеа нагости во Берлин, кај Алба со 84-70.
Најефикасен во италијанскиот тим беше Зек Ледеј со 16 поени, додека Пантер и Датоме постигна по 14.
Кај Алба „прва виолина“ беше Ламерс со 18 поени.
Макаби во Тел Авив ја совлада Басконија со 91-82.
Отело Хантер и Елајџ Брајант со по 14 поени го водеа домашниот тим до триумф, а кај гостите од Шпанија Хенри броеше до 19, а Петерс до 18 поени.
Спорт
Египет 2021: „Петлите“ ја средија Норвешка, Португалија подобра од Исланд

Дербито на вториот ден од ракометниот Мундијал во Египет меѓу Франција и Норвешка им припадна на „петлите“ со 28-24. Франција со стартни бодови во групата Е и тоа против директниот конкурент за водечката позиција на табелата.
По израмнетото прво полувреме (13-13), во вториот дел избраниците на селекторот Жил заиграа на повисок степен и покрај феноменалната партија на Сагосен кој постигна 11 гола за Норвешка.
Кај победничката селекција најпрецизен беше Кентин Мае со 9 гола, а по 4 постигнаа Дешат, Нгесан и Ремили. Голманот на Франција, Пардан собра 19 одбрани.
Освен Сагосен, кај Норвешка со по 3 гола беа и Јонгдал, осносно пикерот Мирхол. Во групата Е освен Франција, 2 стартни бода има и Швајцарија која попладнево ја совлада Австрија.
На мечот меѓу Португалија и Исланд решаваа нијанси. Португалија славеше со 25-23 иако во неколку наврати имаше и +5 разлика.
Најпрецизен во португалската селекција беше Соарез со 6 гола, гол помалку имаше Портела, а со 4 погодоци мечот го заврши Гомес.
Кај Исланд во услови кога го немаше Палмарсон најпрецизен беше Елисон, со 6 гола. Во оваа група Ф, по првото коло освен Португалија, со 2 бода е и селекцијата на Алжир по денешниот триумф над Мароко.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира