Спорт
Валенсија ќе го напаѓа Јунајтед, Интер го пречекува Вердер
Вечерва во фудбалската Лига на шампиони ќе се одиграат натпреварите од второто коло во А,Б,Ц и Д групите.
Вечерва во фудбалската Лига на шампиони ќе се одиграат натпреварите од второто коло во А,Б,Ц и Д групите.
Актуелниот шампион Интер по стартното реми со Твенте, на домашен терен против Вердер ќе се обиде да ја запише првата победа. Во вториот меч од А групата, Тотенхем е голем фаворит против Твенте.
Во групата Б на програмата се натпреварите Шалке-Бенфика и Хапоел-Олимпик Лион.
Дербито на вечерта ќе се одигра во рамките на Ц групата, на „Местаља“ во Валенсија, домаќинот за противник ќе го има Манчестер Јунајтед. На вториот меч во Глазгов, Ренџерси ќе и се спротивстават на Бурса.
Вечерашната програма ќе биде отворена во Д групата, во 18:30 часот Рубин Казањ ќе ја пречека Барселона, во вториот дуел од групата во Атина ќе играат Панатинаикос и Копенхаген.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Проблем за Реал, без Хезоња против Фенербахче
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња е суспендиран на еден натпревар во Евролигата поради недолично однесување кон судиите.
Хезоња, минатата недела, во Монако беше исклучен на шест и пол минути до крајот на натпреварот против Монако.
Хрватот доби втора техничка грешка, влезе во расправија со судијката Ана Пантер, а потоа збесна, вербално и речиси физички ги нападна судиите.
За ова беше казнет со суспензија од меч (против Фенербахче во 26. коло), и парична казна од 5.000 евра.
Хезоња постигна 15 поени и имаше осум скока пред да биде исклучен во поразот од Монако (77:73).
I com sempre , Hezonja . Té les neuronas justes perqué no li caigui la baba pic.twitter.com/q0a4cDqsLm
— eugeni (@eugenitriquell) January 31, 2025
Спорт
(Видео) Хорхе Мартин заврши во болница по падот на тестирањето во Сепанг
Ноќта меѓу вторникот и средата по средноевропско време се одржа тестирање на малезиската патека „Сепанг“ во пресрет на новата сезона во Мото ГП.
Хорхе Мартин, возачот на Априлија и актуелен шампион во „кралската класа“, падна во вториот свиок и силно удри со главата на патеката, откако се најде високо во воздухот бидејќи изгуби контрола над моторот.
Се известува дека Мартин се наоѓа во болницата Аурелиј во Нилаи (град кој се наоѓа на шест километри од патеката) и чувствува болка во левото стапало и десната рака. Мартин беше подложен на детални лекарски прегледи на главата.
Тоа всушност беше втор пад на овој тренинг за Мартин. Шпанецот падна падна од својот мотоцикл во претходната фаза на тестирањето, мина без последици и успеа веднаш да се врати на патеката.
Jorge Martin’s highside at turn 2 😳#MotoGP #SepangTest
— Crash MotoGP (@crash_motogp) February 5, 2025
Спорт
Дејвис и Баерн ја продолжија соработката до 2030 година
Левиот бек Алфонсо Дејвис (24) го продолжи договорот со Баерн. Канаѓанецот во Минхен ќе остане до 2030 година. Дејвис е член на Баерн од 2019 година.
Сагата со Алфонсо Дејвис заврши. Фудбалерот четири месеци пред истекот на актуелниот договор, потпиша нов петтогодишен договор. Дејвис долго време се поврзуваше со Реал Мадрид. Реал се обиде да го донесе како слободен играч по завршувањето на сезоната, му понуди плата од 20 милиони евра по сезона, но не успеа да го убеди фудбалерот да се пресели во Мадрид.
„Фонзи е тука од својата 18-та година во Баерн и се надеваме дека ќе биде тука уште долго“, објави Баерн на социјалните мрежи.
Дејвис дојде во јужна Германија од Ванкувер Вајткепс, МЛС франшиза која заработи рекордни 22 милиони долари од неговата продажба. Почнувајќи од пролетта 2019 година, тој одигра 220 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигна 12 гола и забележа 34 асистенции.
„Трансфермаркт“ проценува дека Дејвос на фудбалскиот пазар вреди 50 милиони евра.