Спорт
Осмо коло на шаховската олимпијада

На 39-та шаховска олимпијада, чиј домаќин е рускиот град Канти Масијск, денеска на програмата е осмото коло.
На 39-та шаховска олимпијада, чиј домаќин е рускиот град Канти Масијск, денеска на програмата е осмото коло.
Македонските шахисти по вчерашниот пораз од Словачка денес за противник ја имаат Русија 5.
На првата и третата табла, со бели фигури, Владимир Георгиев и Ѕвонко Станојоски за противници ќе ги имаат Павел Потапов, односно Сергеј Савитски. На втората и четвртата табла, со црни фигури Трајко Недев и Филип Панчевски ќе играат против Александар Копилов, односно Данил Јуфа.
Дамите по вчерашната победа над ЈАР, денес за противник ќе ја имаат селекцијата на Велс. Габриела Коскоска ќе игра против Оливија Смит, Катерина Јоноска за противничка ја има Сузи Блекбурн, на третата и четвртата табла Бојана Бејатовиќ и Драгана Николовска ќе се соочат со Линда Робертс, односно Џули Ван Кеменад.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аморим: Тешко ни е, но имаме план

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим на прес-конференцијата во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лига Европа против Реал Сосиедад, се осврна на различни теми, вклучително и она што го очекува неговиот тим следната сезона.
Единствена шанса Манчестер јунајтед следната сезона да игра во Лигата на шампионите е Лигата на Европа. Се разбира, само ако успее да ја освои. За да останат во игра мора да победат во реваншот на „Олд Трафорд“ против Реал Сосиедад, по ремито 1:1 во Сан Себастијан.
„Ја имаме Лига Европа и преку неа можеме да стигнеме до Лигата на шампионите. Никогаш не се знае“, рече Аморим, посочувајќи дека постои план и ако тимот не успее да стигне до елитното натпреварување.
„Имаме план. Знам, тешко ни е. Но, најважно е да имаме план и да знаеме кои играчи треба да ги доведеме“.
Спорт
Ван Дајк: Не знам каде ќе играм следната сезона

Ливерпул, синоќа ја заврши сезната во Лигата на шампионите. „Црвените“ на пенали беа елиминирани во осминафиналето од ПСЖ.
По елиминацијата од Лигата на шампионите, новинарите го прашаа капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк дали ќе остане во клубот и по истекот на договорот ова лето.
„Честитки за ПСЖ, тие се најдобриот тим против кој сме играле оваа сезона. Заслугите одат кај тренерот Луис Енрике. Тој изгради многу добар тим“, изјави Холанѓанецот пред да зборува за својот статус во клубот. „Не знам што ќе се случи со мене следната сезона. Ако некој ви каже дека знае, ве лаже во лице. Дали мојот договор е на листата на чекање? Не. Јас секогаш го велам истото. Кога ќе има некакви вести ќе ве известам“.
Со Ливерпул Ван Дајк ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, Премиер лигата во сезоната 2019/20, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА. Тој е во клубот од 2018 година и забележа 310 настапи и постигна 26 голови.
Неговиот договор со Ливерпул важи до 30. јуни оваа година. По натпреварот со ПСЖ, тој беше виден како разговара со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос. Некои навивачи претпоставуваа дека зборувале за потенцијалниот потпис на Ван Дијк за клубот од Париз.
Спорт
Пет натпревари суспензија за Анхел Кореа

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа ќе ги пропушти следните пет натпревари, беше потврдено денеска.
Кореа жестоко го навредуваше и пцуеше судијата на последниот меч против Хетафе, а денеска му беше потврдена суспензијата од пет натпревари. Казната за црвениот картон е еден натпревар, а за навредит што ги упати кон судијата доби дополнителни четири натпревари суспензија.
Бидејќи суспензијата важи и за натпреварите од Купот на кралот, Кореа прво ќе го пропушти првенствениот натпревар против Барса, а потоа и реваншот од полуфиналето на Купот на почетокот на април. Освен двата меча со Барселона, Кореа ќе ги пропушти и гостувањата против Еспањол и Севилја и на крајот дуелот со Ваљадолид на „Метрополитано“.
Анхел Кореа ќе се врати во тимот до 20 април кога Атлетико гостува кај Лас Палмас.