Спорт
Скандали го пратат изборот на новиот шаховски претседател
Шаховскиот свет ќе почека уште неколку часа за да го дознае името на новиот претседател на Европската шаховска федерација.
Шаховскиот свет ќе почека уште неколку часа за да го дознае името на новиот претседател на Европската шаховска федерација.
Силвио Данаилов е кандидатот кој има најмногу шанси во следните четири години да ја предводи оваа организација.
Изборот се одржува на маргините на 39-та шаховска олимпијада, чии домаќин е рускиот град Ханти Мансијск. Организациски неуспех и редица скандали го следат изборот на новиот прв човек на Европската шаховска федерација.
Претпладневниот дел мина во знак на судирот помеѓу претседателот на ФИДЕ, Кирсан Иломжинов и легендарниот Гари Каспаров.
„Во минатото кога јас и Карпов се боревме за светската титула, главни градови на шахот беа Париз и Њујорк. Сега со Иломжинов шахот се сели во Налчик, Астрахан, Елис. Тоа се случува кога ќе ги загубите спонзорите, тогаш големите шаховски настани се одржуваат на такви места“, изјави Каспаров.
Утринава тој го обвини раководството на ФИДЕ за политички маневри и манипулации со изборите. Каспаров во Ханти Мансијск пристигна за да му даде поддршка на некогаш големиот противник Анатолиј Карпов.
Иломжинов не се согласува со Каспаров и смета дека негова заслуга е што шахот сега се игра насекаде низ светот. „Некогаш се играше само во Москва или Париз, а сега играме во Ханти Мансијск, неодамна бевме во Перу, Либија, Иран. Ние ја проширивме шаховската мапа. Дали некој пред 10 години можеше да помисли дека олимпијадата ќе се одржи тука“, изјави за новинската агенција ИТАР-ТАСС, Иломжинов. крај/бгнес/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

