Спорт
Лидерот Мајнц го пречекува Хофенхајм
Од утре до недела во фудбалскиот шампионат на Германија ќе се одиграат натпреварите од седмото коло.
Од утре до недела во фудбалскиот шампионат на Германија ќе се одиграат натпреварите од седмото коло.
Екипата на Мајнц, со максимален ефект по шест одиграни кола е лидер во германската Бундес лига. Во сабота на лидерот, чиј дрес го носи Николче Новевски, ќе му гостува Хофенхајм, екипа која во последните три кола нема победа. Мајнц е фаворит на овој дуел и нема да биде изненадување ако ја забележи и седмата победа во шампионатот.
Дерби средбите во оваа рунда, во Бундес лигата, во недела ќе се одиграат во Дортмунд и Леверкузен. Утревечер седмата рунда во Бундес лигата ќе биде отворена со натпреварот Хановер-Санкт Паули.
Комплетни двојки од седмото коло:
Петок, 1 октомвриХановер-Санкт Паули
Сабота, 2 октомвриФрајбург-КелнХамбургер-КајзерслаутернМајнц-ХофенхајмБорусија Менхенгладбах-ВолфзбургНинберг-Шалке
Недела, 3 октомвриШтутгарт-АјнтрахтБорусија Дортмунд-Баерн МинхенБаер Леверкузен-Вердер.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пресврт, Влаховиќ сега сака да остане во Јувентус
Душан Влаховиќ сериозно размислува за продолжување на договорот со Јувентус. Овие информации ги пренесоа неколку италијански медиуми.
По месеци шпекулации за неговото заминување, се чини дека српскиот репрезентативец се уште не донел одлука да го напушти Торино, напротив, сите опции сè уште се разгледуваат, а самиот играч покажал интерес да го продолжи договорот.
„Соработник близок до менаџерот на фудбалерот, открива дека Влаховиќ покажал интерес за продолжување на соработката“, вели италијанскиот новинар Даниеле Лонго, потврдувајќи дека самиот Влаховиќ ја разгледува опцијата за нов договор.
Оваа перспектива го менува претходниот наратив, дека напаѓачот нема намера да остане во Јувентус.
Влаховиќ во моментов с годишна плата од 12 милиони евра е најплатениот играч во клубот и еден од најплатените во Серија А. Јувентус му нуди нов, повеќе годишен договор, со помала плата, што барем досега играчот и неговиот менаџер го одбија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син
Ужасни вести ни доаѓаат од хокеарски натпревар од Соединетите Американски Држави.
Според американските медиуми, на хокеарскиот натпревар во Род Ајленд се случила страшна пукотница во која три лица ги загубиле животите, а неколку лица биле хоспитализирани.
Натпреварот се одржал во Потакет, Род Ајленд, а се натпреварувале две средни училишта.
Инцидентот се случил на трибините за време на натпреварот кога таткото на еден од играчите дошол вооружен и ја застрелал мајката на своето дете, а во таа прилика тешко ранил уште четири лица.
Едно лице починало на пат кон болница, три лица биле хоспитализирани, а починал и напаѓачот, па иако не е наведено како, се верува дека станува збор за самоубиство.
Спорт
Сензација на ЗОИ, златен медал за 41-годишна Американка
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина донесоа низа неверојатни моменти, а еден од најголемите се случи во понеделникот, во женскиот монобоб.
Американката Елана Мејерс Тејлор го освои златниот медал, со што се запиша во историјата како најтрофејна зимска олимпијка во историјата на американската репрезентација, но и како најстарата Американка со злато на Зимските олимписки игри.
Четириесет и едногодишната Мејерс Тејлор победи со вкупно време од 3:57,93. Во неизвесен финиш, таа беше побрза од Германката Лаура Нолте, која го освои среброто со разлика од само четири стотинки (3:57,97). Бронзениот медал ѝ припадна уште една Американка, Кајли Армбастер Хамфрис, чие време беше 3:58,05.
Со освојувањето на златниот медал, Мејерс Тејлор се израмни со легендарната брзолизгачка Бони Блер како најтрофејна американска спортистка на Зимските олимписки игри. Двете сега имаат по шест олимписки медали. Во исто време, Мејерс Тејлор стана најстарата Американка во историјата што освои златен медал на Зимските олимписки игри.
Мејерс Тејлор освои медали на сите Зимски олимписки игри на кои учествувала од 2010 година. Во Ванкувер 2010 година, таа освои бронза со Ерин Пак, а потоа две сребра во боб со две седишта – во Сочи 2014 година со Лорин Вилијамс и во Пјонгчанг 2018 година со Лорен Гибс. На Игрите во Пекинг во 2022 година, таа освои сребро во боб со едно седиште и бронза во боб со две седишта.
Foto/ EPA

