Спорт
ФФМ без коментар на написите во дневниот печат
Фудбалската федерација на Македонија ги следи написите во дневниот печат за изјавите на Горан Пандев во врска со неговата иднина во националниот тим.
Фудбалската федерација на Македонија ги следи написите во дневниот печат за изјавите на Горан Пандев во врска со неговата иднина во националниот тим.
„До овој момент во канцеларијата на ФФМ нема официјално известување од Пандев за негово евентуално откажување од националниот тим, ниту пак, за тоа сме известени од Стручниот штаб на репрезентацијата. Од тие причини сметаме дека е рано ФФМ да ги коментира овие изјави во печатот, сè додека не добие дополнителна информација од Стручниот штаб и селекторот Мирсад Јонуз, кои се единствени, кои контактираат со репрезентативците и отворено разговараат за сите проблеми“, стои на официјалната веб страна на ФФМ.
Македонската фудбалска репрезентација денес во Барселона ги започна подготовките за квалификацискиот меч со Андора. Националниот тим ќе биде комплетен во текот на утрешниот ден, кога на екипата ќе и се приклучат Тасевски, Нурединоски и Шиков.
Дополнителен проблем за селекторот Јонуз преставува откажувањето на голманот Дарко Тофиловски, кој на листата на повредени им се приклучи на Горан Пандев и Горан Попов. Македонската репрезентација вечерва од Барселона се сели во Ла Вела каде во текот на утрешниот ден ќе одработи два тренинга.
Натпреварот со Андора од каде во минатото имаме лоши спомени ќе се одигра во петок во 19 часот.крај/ффм/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

