Спорт
Започнува судењето на обложувачката мафија

Во германскиот град Бохум, денеска започнува судскиот процес против обложувачката мафија.
Во германскиот град Бохум, денеска започнува судскиот процес против обложувачката мафија.
Во текот на денот пред судијата треба да се појават четири неименувани лица на возраст од 32 до 55 години. Овие лица се товарат дека се главните организатори за местење на 32 фудбалски натпревари ширум Европа. Ако се докаже нивната вина, тие се соочуваат со десетгодишна затворска казна.
Натпреварите кои беа под истрага се одиграни минатата сезона во Германија, Белгија, Швајцарија, Словенија, Хрватска и Унгарија. Во местењето на натпреварите биле вклучени фудбалери и судии. За потребите на истрагата полицијата прочешла 300 натпревари во 15 држави.
Сомнителните натпревари во најголем дел се одиграни во пониските лиги, во Германија се во прашање куп средби, и натпревари во втората и регионалните лиги.
Под истрага беа и некои квалификациски натпревари за пласман на ЕП, за фудбалери до 21 година, особен интерес обвинителството покажа за мечот Швајцарија-Грузија. Во Лига Европа полицијата го истражуваше натпреварот помеѓу Базел и ЦСКА Софија, одигран во 2009 година.
Судењето на обложувачката афија се очекува да трае до 28 октомври.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Победата на Барселона кај Мајорка во сенка на судиските одлуки

Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис Мунуера.
Домашниот тим играше со двајца играчи помалку од 39-та минута. Ведат Муриќ доби директен црвен картон, само шест минути по вториот жолт картон што го заработи Ману Морланес.
Во ситуација „11 на 11“, Барселона покажа класа, постигнувајќи два гола за околу дваесет минути.
Прво, Рафиња го совлада Лео Роман во седмата минута, но домашните сметаа дека голот е нЈрегуларен. На почетокот од акцијата, се чини дека топката излезе надвор, пред Ламин Џамал да ја собере и да ја продолжи играта.
El gol de Raphinha viene de un balón que recupera Lamine Yamal que sale por banda.
Es una vergüenza de LIGA desde el primer partido 🤢🤢🤢🤢pic.twitter.com/ZGqXVU305s
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) August 16, 2025
Во 23-та минута, Феран Торес, постигна гол од околу дваесет метри, но откако претходно судијата не ја прекина играта бидејќи еден играч на Мајорка остана да лежи на теренот откако топката го погоди во главата.
Судијата Мунуера беше во центарот на вниманието во судиското продолжение од првото полувреме, кога го казни Рафиња за особено остар и невнимателен старт само со жолт картон.
Comment tu met pas rouge à Raphinha là ??? pic.twitter.com/AdcTnSratT
— Kenpachi (@Kenpachi1070) August 16, 2025
Не беше реално Мајорка да му наштети на шампионот во вториот дел со деветмина на теренот. .
Јамал го постави конечниот резултатво четвртата минута од судиското продолжение.
Барселона ќе го пречека Леванте во следната рунда, додека Мајорка ќе ја пречека Селта Виго.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Дончиќ се повреди – веднаш го напушти теренот

Словенечката кошаркарска репрезентација загуби од Латвија со 100:88 во подготвителен натпревар пред Евробаскетот.
Освен поразот, Словенија може да биде загрижена и за статусот на Лука Дончиќ, кој се повреди во третиот период.
За разлика од натпреварот против Литванија, овој пат Словенците играа со Лука Дончиќ, кој веќе во првото полувреме покажа каква движечка сила е за тимот на Александар Секулиќ.
Во првото полувреме, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс постигна 26 поени за 17 минути игра, заедно со четири скока, пет асистенции и две украдени топки.
Третата четвртина им донесе главоболки на Словенците, Дончиќ се повреди откако соиграчот Грегор Хроват падна врз неговото колено.
Ѕвездата на Лејкерс веднаш сигнализираше дека не може да ја продолжи играта, па го напушти теренот и се упати кон соблекувалната.
Подоцна, се врати на клупата, од каде што го следеше натпреварот до крајот.
Ова беше четвртиот пораз за Словенците во подготвките. Двапати загубија од Германија, а пред Латвија загубија и од Литванија.
Foto/ EPA/TOMS KALNINS
Luka Doncic’s teammate fell into him and the Lakers star appeared to injure his knee.
Doncic asked out of the game and went back to the Slovenia locker room. pic.twitter.com/RLSDjpeQkS
— ClutchPoints (@ClutchPoints) August 16, 2025
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ се прошетаа низ Вулверхемптон

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа на гостински терен кај Вулверхемптон (4:0), на почетокот од сезоната во Премиер лигата.
Ерлинг Халанд ја започна сезоната со два гола, а со по гол на официјален натпревар дебитираа Тижани Рејдерс и Рајан Шерки.
Сити ќе го пречека Тотенхем следната недела, додека Вулверхемптон ќе биде домаќин на Борнмут.
Премиер лига, 1. коло:
Сабота
Брајтон – Фулам 1:1 (0:0)
(О’Рајли 55п – Мунис 90+7)
Сандерленд – Вест Хем 3:0 (0:0)
(Маџенда 61, Балард 73, Исидор 90+2)
Тотенхем – Барнли 3:0 (1:0)
(Ришарлисон 10, 60, Џонсон 66)
Вулверхемптон – Манчестер Сити 0:4 (0:2)
(Халанд 34, 61, Рејндерс 37, Шерки 81)
Астон Вила – Њукасл 0:0
Недела
15.00 Челзи – Кристал Палас
15.00 Нотингем Форест – Брентфорд
17.30 Манчестер Јунајтед – Арсенал
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN