Спорт
Љубичиќ му одржа час на Мареј
Иван Љубичиќ е последниот полуфиналист во Пекинг . Хрватот за еден час и пет минути му одржа час по тенис на Енди Мареј победувајќи го експресно со 6:3, 6:2.
Иван Љубичиќ е последниот полуфиналист во Пекинг . Хрватот за еден час и пет минути му одржа час по тенис на Енди Мареј победувајќи го експресно со 6:3, 6:2. Следен противник на Љубичиќ во полуфиналето е Давид Ферер, а втората полуфинална двојка е Ѓоковиќ – Изнер. Во полуфиналето во конкуренција на двојки се пласираа Нестор и Зимоњиќ (2) по победата над двојката Стаковски/Јужни со 6:2, 6:2. Таму противници ќе им бидат поуспешните во дуелот Матковски/Фистенберг (4) – Фиш/Ноулс. Во второто полуфинале ќе се сретнат Брајан/Брајан (1) и Лу/Мајер. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн 11 години нема пораз во фазтаа по групи во ЛШ
Баерн синоќа го победи ПСЖ со голот на Ким Мин-јае со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Поради два жолти картони исклучен беше Усман Дембеле во 56. минута.
За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија.
Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер сити во Минхен ги победи со 3:2.
Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Серијата на Каталонците се протега од 2009 до 2020 година.
Баерн победи на 31 натпревар, а само на два пати ремизираше.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024
Спорт
Белингем: Ја загубив насмевката по Европското првенство
Англискиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Џуд Белингам изјави дека се чувствува како „жртвено јагне“ откако неговата репрезентација во јули не успеа да го освои Европското првенство.
„Морам да бидам искрен, ја загубив насмевката по Европското првенство. Се чувствував како да ме малтретираат неправедно во однос на она што го дадов. Почувствував остра критика упатена кон мене. Се чувствував малку како „жртвено јагне“. Можеби тоа е самосожалување“, изјави Белингам.
Белингем пред почетокот на Европското првенство со Реал ја освои титулата во Шпанија и Лигата на шампионите, а беше прогласен за играч на сезоната во Шпанија.
„Мислам дека придонесов за репрезентацијата во некои важни моменти, а на крајот како цел свет да ми се сруши, особено три дена по финалето на ЕП. Не се чувствував добро“, заклучи Белингам.