Спорт
Тајгер Вудс по пет години го предава престолот

По пет години со непрекинат ранкинг бр. 1 во светот, Тајгер Вудс го загуби тронот. Доколку на Андалузуија мастерсот во Валдерама, победи Мартин Кајмер од Германија или пак биде втор, без да го дели второто место со друг, тој ќе биде новиот најдобро рангиран голфер во светот.
По пет години со непрекинат ранкинг бр. 1 во светот, Тајгер Вудс го загуби тронот. Доколку на Андалузуија мастерсот во Валдерама, победи Мартин Кајмер од Германија или пак биде втор, без да го дели второто место со друг, тој ќе биде новиот најдобро рангиран голфер во светот.
Веста е заклучена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шкупи го повлече дресот на Андреј Лазаров, клубот ќе им го исплати целиот договор на неговото семејство

Извор/ facebook.com/fcshkupi1927
Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е една од жртвите во пожарот, во дискотеката во Кочани.
Клубот од Чаир, објави дека го повлече дресот со бројот 77 кој го носеше Лазаров. Во објавата на социјалните мрежи клубот соопшти дека „ ова е мал гест кој можат да го направат во овие тешки моменти“ и дека „ договорот на Андреј Лазаров ќе биде до крај исплатен на неговото семејство“.
Инаку, претходно и фудбалскиот клуб Тиквеш го повлече дресот со бројот 16, кој во минатото го носеше Лазаров во клубот од Квадарци.
Спорт
(Видео) Собирач на топки ја измами цела италијанска одбрана

Еден 15-годишник е најзаслужен за голот на Џамал Мусијала за кој се зборува по четвртфиналните натпревари од Лигата на нации. Германија и Италија, синоќа во Дортмунд одиграа 3:3. Пласман на завршниот турнир избори Германија.
Во 36.минута, додека Донарума ги распоредуваше соиграчите во шеснаесетникот, Кимих експресно го изведе корнерот, Мусијала беше сам пред празниот гол и без проблем го постгна вториот гол за Германија.
Голема, голема заслуга за овој гол има итриот собирач на топки зад голот на „аѕурите“. 15-годишникот одлично ја процени ситуацијата, многу подобро од целата италијанска репрезентација, бргу му ја додаде топката на Кимих, а потоа следуваше веќе опишаното сценарио.
Судиски сигнал не е потребен за изведување на удар од аголот.
Smart goal by Germany to double their lead against Italy.
Musiala wasn’t joking around pic.twitter.com/PxyuLgp8Gb
— FootballScores01 (@FScores01) March 23, 2025
На крајот, натпреварот во Дортмунд заврши нерешено (3:3), што беше доволно за Германците да се пласираат во полуфиналето од Лигата на нации, по триумфот од 2:1 во првиот меч во Милано. Германија во полуфиналето ќе игра против Португалија.
По натпреварот во Дортмунд, Кимих на 15-годишното момче му подарил потпишана топка, по што следела фотосесија.
Bester Assist heute 🙏💛#dfbteam #GERITA pic.twitter.com/YNWTBkmZqQ
— DFB-Team (@DFB_Team) March 23, 2025
Спорт
Нов Зеланд избори пласман на Светското првенство

По репрезентацијата на Јапонија, уште една селекција се пласираше на Светско првенство. Репрезентацијата на Нов Зеланд избори пласман на Мундијалот во 2026 година, чии домаќини ќе бидат Мексико, Канада и САД.
„Кивите“ ја совладаа Нова Каледонија со 3:0 (0:0) во финалето на квалификациите во зоната Океанија.
Иако резултатот беше убедлив, Новозеланѓаните се мачеа да спречат сензација пред 25.000 свои навивачи во Окленд.
Отпорот на аматерската селекција, репрезентативците на нов Зеланд го скршија во последните 30 минути од натпреварот.
Иако се очекуваше Крис Вуд да биде главна закана кон голот на Нова Каледонија, победата на „кивите“ им ја донесоа Мајкл Боксал со гол во 62. минута, Коста Барбарусес во 66. минута и Елајџа Џаст во 80. минута.
Нов Зеланд е петтиот учесник на СП 2026 година, по Јапонија, која беше доминантна во азиските квалификации и организаторите на завршниот турнир.
Новозеланѓаните петти пат по ред ги освојуваат квалификациите за Океанија, а Светското првенство во 2026 година ќе биде нивно трето во историјата, по Светските првенства во 1982 и 2010 година.
Нова Каледонија ќе има уште една шанса да дојде до Мундијалот. Оваа репрезентација ќе учествува во интерконтинеталниот бараж.