Спорт
Англија по петтата победа по ред
Продолжуваат возбудувањата во квалификацискиот циклус средби за Светското првенство во 2010 година.
Нашата селекција гостува во Амстердам на „Амстердам Арената“ каде ќе се обиде да направи подвиг и да ја совледа репрезентацијата на Холандија.Еве ги двојките кои ќе бидат актуелни оваа среда:Група 119:00ч Унгарија – Малта20:15ч Данска – АлбанијаТабела: Данска 10 (4), Унгарија 10 (5), Португалија 6 (5), Шведска 6 (4), Албанија 6 (6), Малта 1 (6)Група 217:30ч Летонија – Луксембург20:30ч Грција – Израел20:30ч Швајцарија – МолдавијаТабела: Грција 10 (5) и Швајцарија 10 (5), Израел 9 (5), Летонија 7 (5), Луксембург 4 (5), Молдавија 1 (5)Група 320:30ч Чешка – Словачка20:30ч Полска – Сан Марино20:45ч Северна Ирска – СловенијаТабела: Северна Ирска 10 (6), Словачка 9 (4), Чешка 8 (5) и Словенија 8 (5), Полска 7 (5), Сан Марино 0 (5)Група 419:30ч Лихтенштајн – Русија20:45ч Велс – ГерманијаТабела: Германија 13 (5), Русија 9 (4), Финска 7 (4), Велс 6 (5), Азербејџан 1 (4), Лихтенштајн 1 (4)Група 517:00ч Естонија – Ерменија20:00ч Турција – Шпанија20:45ч Босна и Херцеговина – БелгијаТабела: Шпанија 15 (5), Босна и Херцеговина 9 (5), Турција 8 (5), Белгија 7 (5), Естонија 2 (5), Ерменија 1 (5)Група 616:30ч Казахстан – Белорусија20:30ч Андора – Хрватска21:00ч Англија – УкраинаТабела: Англија 12 (4), Хрватска 7 (4), Украина 7 (3), Белорусија 3 (3), Казахстан 3 (4), Андора 0 (4)Група 720:30ч Австрија – Романија21:00ч Франција – ЛитванијаТабела: Србија 12 (5), Литванија 9 (5), Франција 7 (4), Австрија 4 (4), Романија 4 (4), Фарски Острови 1 (4)Група 817:00ч Бугарија – Кипар19:00ч Грузија – Црна Гора20:50ч Италија – Република ИрскаТабела: Италија 13 (5), Република Ирска 11 (5), Бугарија 4 (4), Кипар 4 (4), Црна Гора 2 (4), Грузија 2 (6)Група 920:45ч Холандија – Македонија21:00ч Шкотска – ИсландТабела: Холандија 12 (4), Исланд 4 (4), Шкотска 4 (4), Македонија 3 (3), Норвешка 2 (3).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.