Спорт
Пандев со уште едно „одликување“
Нашата фудбалска гордост Горан Пандев поторно о фокусот овојпат од бтитанскиот фудбалски експерт Џонатан Вилсон.
Британскиот специјалист за источно-европски фудбал, Џонатан Вилсон, е импресиониран од успесите на репрезентациите од поранешните југословенски простори во квалификациите за Светското првенство 2010 година.Во денешниот број на “Гардијан” тој исто така се запрашал дали евентуална заедничка репрезентација на поранешна СФРЈ, составена од играчите кои денеска се на располагање, би можела да биде респектабилна сила на светската фудбалска сцена.Доаѓајќи до заклучокот, тој составил тим од репрезентативци од поранешните југословенски републики, кој според него би требало да изгледа вака:Самир Ханданович (СЛО, Удинезе), Дарио Срна (ХРВ, Шахтјор), Немања Видиќ (СРБ, Манчестер Јунајтед), Јосип Шимунич (ХРВ, Херта), Ивица Драгутиновиќ (СРБ, Севиља), Дејан Станковиќ (СРБ, Интер), Лука Модрич (ХРВ, Тотенхем), Един Џеко (БИХ, Волфзбург), Горан Пандев (МКД, Лацио), Мирко Вучиниќ (ЦГ, Рома), Едуардо (ХРВ, Арсенал).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еуроспорт: Мурињо сака да го види Роналдо во Фенербахче
Жозе Мурињо го контактирал Кристијано Роналдо, го прашал дали би сакал да игра под негово водство во Фенербахче следната сезона, објави „Еуроспорт“ повикувајќи се на извештаи во други медиуми. Овој обид на Мурињо изгледа како невозможна мисија, ако се знае дека португалскиот напаѓач игра во Саудиска Арабија со годишна заработка од околу 200 милиони евра.
Роналдо, кој во февруари ќе го прослави својот 40-ти роденден, е под договор со Ал Наср до крајот на јуни следната година. Вкупно за овој клуб одигра 79 натпревари со учинок од 68 гола и 18 асистенции, откако за клубот дебитираше во јануари минатата година.
Мурињо наводно му се јавил на Роналдо, му рекол дека слушнал гласини дека сака да ја напушти Саудиска Арабија, го прашал дали е среќен таму, а потоа дали ќе му се придружи во Фенербахче.
Директорот на клубот Марио Бранко,веќе е во преговори со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, се додава на сајтот на „Еуроспорт“.
Фенербахче е турски рекордер со 28 освоени првенствени титули. Мурињо го водеше Роналдо низ дел од кариерата во Реал Мадрид.
Спорт
Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига
Иконата на Атлетико Мадрид, тренерот Диего Чоло Симеоне, утре ќе влезе во историјата на шпанскиот фудбал.
Аргентинскиот стручњак против Алавес по 700. пат ќе го предводи Атлетико во шпанската Ла Лига.
На клупата на Атлетико седна во декември 2011 година, кога го наследи Грегорио Манзано, оттогаш освојуваше домашни и европски трофеи, но најголемиот во Лигата на шампионите магично му избега, неговиот тим за загуби две финалиња против градскиот ривал Реал, во 2014 и 2016 година.
Никој никогаш не водел 700 натпревари во Ла Лига, а Симеоне во претходните 699 натпревари има 412 победи, 156 нерешени и 131 пораз.
Неговиот тим постигна 1.166 гола, прими 576, а на 326 натпревари мрежата на Атлетико не се затресе.
Спорт
Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го продолжи на договорот не на една туку на две години.
„Новиот договор значи дека Гвардиола ќе помине повеќе од една деценија во Манчестер сити“, објави клубот.
„Граѓаните“, предводени од Гвардиола освоија 18 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите. Сити стана првиот тим во Англија кој четири пати по ред ја освоил Премиер лигата.
Гвардиола го водеше Сити на 490 натпревари во сите натпреварувања, забележа дури 353 победи, играчите на Сити за тоа време постигнаа 1.200 голови.
Само Лес Мекдавол повеќе пати од клупата го предводел Манчестер сити, бил тренер на 587 натпревари.
„Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона овде, доживеавме толку многу добри работи заедно. Имам навистина посебно чувство за овој клуб. Затоа сум многу среќен што останав уште две години“, изјави Гвардиола.