Спорт
Бундес 26 коло

Во пресрет на неделата во која главен збор ќе има Лигата на Шампионите, еве ги паровиоте кои ќе бидат актуелни од Бундес Лигата овој Викенд.
Петок, 3 април:20:30ч Арминија – ШалкеСабота, 4 април:15:30ч Ајнтрахт – Котбус15:30ч Бохум – Штутгарт15:30ч Хамбургер – Хофенхајм15:30ч Херта – Борусија Дортмунд15:30ч Волфзбург – Баерн МинхенНедела, 5 април:17:00ч Келн – Баер Леверкузен17:00ч Карлсруе – Борусија Менхенгладбах17:00ч Вердер – ХановерТабела: Херта 49 бодови, Баерн М., Волфзбург и Хамбургер 48, Хофенхајм 44, Штутгарт 42…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Евролигата жестоко ја казни Црвена звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда соопшти дека Евролигата го казни клубот и затвори дел од белградската Арена за натпреварот против Ефес во 33. коло.
Како што е наведено на сајтот на „црвено-белите“, клубот е казнет поради неспортското и неодговорно однесување на дел од публиката и поединци за време и по натпреварот против Реал Мадрид во минатото коло.
„За натпреварот од 33. коло во Евролигата со Анадолу Ефес, кој е закажан за петок, 4 април, во 20 часот, со одлука на дисциплинскиот судија, која е детално образложена, клубот нема да може да продава билети за 80 отсто од капацитетот на белградска Арена“, се наведува во соопштението.
Црвена звезда исто така во касата на Евролигата ќе мора да уплати и 16.000 евра.
Црвена звезда во петок од 20 часот го пречекува турскиот тим во 33. коло од Евролигата, а натпреварот е од големо значење во битката на двете екипи за плеј-оф и плеј-ин.
Црвено-белите се на деветтото место на табелата со скор 18-14, додека Ефес со истиот учинок е на шестата позиција.
Спорт
Гвардиола загрижен: Немаме играчи со такви способности и квалитет

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд го повреди скочниот зглоб на левата нога на гостувањето кај Борнмут. Сити избори пласман во полуфиналето на ФА купот со победата 2:1.
24-годишниот Норвежанец ќе го пропушти остатокот од сезоната.
„Некогаш се случуваат сезони како оваа, кога се случуваат вакви работи. И тоа се случува во текот на целата сезона. Затоа, не би рекол дека ова е крај на сезоната. Жал ми е за сите повреди што ни се случија оваа сезона, вклучувајќи ја и онаа на Ерлинг. Се надевам на негово брзо закрепнување и брзо враќање“, рече Пеп Гвардиола, шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“.
54-годишникот потврди дека Халанд ќе отсуствува помеѓу пет и седум недели.
Гвардиола не ја крие загриженоста, бидејќи отсутвото на Халанд ќе му создаде големи проблеми во офанзивната линија.
„Немаме такви играчи со такви способности и квалитет, тоа го знаеме. Но мораме да се прилагодиме и бидејќи долги години играме на различни начини, а тоа зависи од квалитетот на играчите, па ќе се обидеме да најдеме решение“, се пожали Гвардиола.
Спорт
Виландер: Мислевме дека Ѓоковиќ нема да биде закана на Ролан Гарос

Стручниот коментатор на „Јуроспорт“ Матс Виландер истакнува дека Новак Ѓоковиќ ќе биде сериозен претендент за титулата на земјена подлога.
Новак во недела го играше финалето во Мајами, а од следната недела го очекува Мастерсот во Монте Карло.
„Мислам дека треба да игра во Монте Карло. Мислам дека подлогата не е важна кога си Новак Ѓоковиќ. Тој има способност да игра на земјена подлога исто како на бетон“, рече Виландер и додаде: „Монте Карло не е турнир на кој постигнал некои неверојатни резултати, но тоа е турнир на кој може да оди и да победи неколку меча. Мислам дека на негова возраст не е добро да остане без мечеви две,м три или четири недели“.
Новак има време да ја темпира својата форма и да најде ритам и континуитет пред Ролан Гарос.
„Мислевме дека Новак нема да биде закана оваа година на Ролан Гарос. Сега тој е закана“, истакна Виландер.
Инаку, Монте Карло е единствениот Мастерс каде Новак не триумфирал најмалку три пати. Го освоил само во 2013 и 2015 година.