Спорт
Исчезна бразилецот Адриано
Фудбалскиот свет се прашува дали шпицот на Интер и бразилската репрезентација Адриано e грабнат, убиен или се крие во сиромашните фавели од каде потекнува, тагувајќи по девојката која го оставила
Бразилскиот фудбалски сојуз официјално ги демантираше гласните дека неодамнешното исчезнување на Адриано има врска со носталгијата која често ги зафаќа најдобрите бразилски фудбалери. За Адриано велат дека го продолжил престојот во татковината, како што се вели – да ја реши чувствителната ситуација во семејството.Адриано во Интер требало да се појави уште минатиот петок, откако му заврши обврската со репрезентација на латиноамериканските квалификации за светското првенство во Јужна Африка. Откако не се појави во Милано и по неколку денови, почнаа шпекуалциите дека по една теревенка по кои е познат, бил киднапиран или дека дури и загинал. По бразилската федерација и неговиот агент Гилмар Риналди издаде соопштенеи во кое се вели „Адриано е во постојан контакт со селекторот Дунга и со претставниците на Интер кои ги информира за тешкиот период од неговиот живот низ кој сега минува И покрај шпекулациите, повторувам дека Адриано е во Рио и со неговото семејство“. И полцијата на Рио де Жанеиро соопшти дека според нејзините нови сознанија Адриано со пријателите од детството минал три дена во сиромашната фавела Бенто Рибеиро, од која потекнува и исто така скандалозниот Роналдо, од каде по три дена отишол кај своето семејство. Инспекторот Маркус Реимао додал дека било очигледно дека Адриано е депресивен бидејќи неговата девојка ја прекинала врската и дека највероајтно отижол во фавелата да се утеши поркај старите приајтели. „Приказната за грабнувањето сеизлгеда апсурдна. Он е идо во заедницата во која израсна, така што тој би бил последната личност која би можела да биде грабната таму“, додал инспекторот Рибеиро. Италијанските мадиуми забележуваат дека на тешката психичка состојба на и онака нестабилниот Адриано не му помогнало ниту тргнвуањето од тимот на Интер, овојпат, како што велат највероајатно и дефинитивни и тоа што и двата квалификациски меча на Бразил ги преседе на клупата за резерви. Во акцијата за пронаоѓање и спасување на Адриано се вклучи и неговиот соиграч Кака, кој се надева дека неговиот клубски пријател нема да се откаже од фудбалот. „Имаше проблеми со зглобот и енколку дена заедно одевме на терапија. Цело време ми изгледаше смирен и како да нема ниеден проблем. Не знам зошто толку долго го нема, но се андевам деак со него се е во ред и дека нема да претане да игра бидејќи е многу добар човек“, изјавил Кака.Италијанската новиснак агенција ANSA во вторникот информира дека Адриано во Интер ќе се појави идната седмица, по велигденските празници. Според агенцијата, оваа информација од Адриано ја пренесол до раководството на клубот неговиот агент Гилмар Риналди. Но италијнските медиуми пишуваат дека тој веќе не е добродојден во Интер. Corriere della sera пишува дека Џоана Мачадо, поранешната девојка на Адриано,рекал дека тој е кај мајкасо која е преокупиран и ги демантирала шпекуалциите дека тој кога и да е земал дроги. „Единствена дрога што ја земал е пивото“, рекла Мачадо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чеферин прогласи победа над Суперлигата
Во Брисел, пред ждрепката за Лигата на нации, овој четврток се одржа Конгресот на УЕФА, каде што претседателот Александар Чеферин ја одржа својата презентација.
Најважната порака што ја испрати од говорницата е дека Суперлигата на Европа е официјално поразена.
Во среда, УЕФА постигна договор со Реал Мадрид, а претходно и Барселона се повлече од проектот, ставајќи крај на обидот за формирање паралелно елитно натпреварување.
„Воодушевен сум затоа што Барселона и Реал Мадрид се вратија во нашето семејство. Вистина е дека сите бевме уморни од сè, но УЕФА никогаш не ја изгуби меѓусебната почит со Флорентино Перез, иако имавме различни мислења. Единствениот победник мора да биде фудбалот. Му се заблагодарувам и на Насер Ал Келаифи, кој беше клучен за нашето повторно обединување“, рече Чеферин.
Претседателот на УЕФА ја искористи можноста да испрати силни пораки надвор од самата Суперлига.
„Федерациите стануваат заложници на политиката. Во Европа, нема да прифатиме фудбалот да служи како оружје. Денес, единството се соочува со големи предизвици“, рече Чеферин.
Тој ја отфрли тезата дека фудбалот мора радикално да се промени за да ја привлече помладата генерација.
„Некои велат дека фудбалот мора да се промени за да преживее меѓу младите, но грешат. Младите не му го свртеле грбот на фудбалот, тие сè уште ги полнат стадионите. Во светот на екраните и вештачката интелигенција, ниту еден алгоритам или бот не може да го замени чувството за тоа што се случува на теренот. Фудбалот е реален и затоа неговата иднина е светла“, нагласи првиот човек на УЕФА.
Чеферин особено истакна дека реформите на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и воведувањето на Конференциската лига, беа вистинскиот потег.
„Многумина се сомневаа во нас, велеа дека ќе пропаднеме, но натпреварувањата сега се подобри и поконкурентни. Моделот беше развиен одговорно и придонесе за зголемување на публиката, приходите и конкурентноста. Оваа сезона, речиси 450 милиони евра ќе бидат дадени на клубовите надвор од групните фази на нашите натпреварувања“, откри Чеферин.
Првиот човек на европскиот фудбал се осврна и на развојот на женскиот фудбал, потсетувајќи дека Европското првенство во Швајцарија минатото лето привлече повеќе од 650.000 навивачи на стадионите.
Во пресрет на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, Чеферин нагласи дека фудбалот не смее да се дели помеѓу клубови и национални тимови.
„Фудбалот напредува преку национални тимови и клубови, а играчите не треба да избираат помеѓу едното или другото. Фудбалот не е инструмент на моќ, тој е заедница, а не производ. УЕФА останува посветена на тој принцип и знае каде се границите“, рече тој.
Чеферин, исто така, се спротивстави на идејата за играње натпревари од националните првенства надвор од матичните земји, алудирајќи на обидите од Шпанија.
„Домашните првенства црпат сила од своите навивачи. Нивниот извоз би ја ослабнал врската и лојалноста. Не можете да им го одземете фудбалот на луѓето во нивните заедници. Повеќе од 55 милиони луѓе го поддржуваат фудбалот и сè започнува на локално ниво“, заклучи Чеферин.
Foto/ EPA
Спорт
Карлсон ја прегази конкуренцијата на 10 километри, Цветановска заврши на 105-то место
Неверојатната Швеѓанка, Фрида Карлсон ја прегази конкуренцијата во трката на 10 километри, на Зимските олимписки игри во Милано и Коритна. На оваа трка настапи и македонската репрезентативка, Ана Цветановска.
Карлсон го освои вториот златен медла на овои Зимски олимписки игри, со најбрзата трка во историјата на светските првенства и олимписките игри. Карлсон во целта забележа време 22.49.2.

Речиси 47 секунди зад неа беше сонародничката Еба Андресон (+46.6), додека бронзениот медал го освои 34-годишната Американка, Џесика Дигинс (+49.7).
Цвенановска на крајот во конкуренција на 111 натпреварувачки го освои 104-то место, со време од 31.32.4., односно за осум минути и 43 секунди послаб резултат од победничката Карлсон.
Foto/ facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok
Спорт
Емил Рајковиќ замина од Тофаш
Македонецот, Емил Рајковиќ, повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Тофаш. Клупските челници, решија да се разделат со Рајковиќ, поради серијата лоши резултати.
Рајковиќ го презеде клубот на почетокот на сезоната, започна добро, но како што одминуваше сезоната резултатите беа се полоши и полоши. Во турското првенство, Тофаш, во конкуренција на 16 екипи, се наоѓа на 10-то место со осум победи и 11 порази. Бурса се наоѓа во серија од четири порази.
Разочарувачки настап Бурса има и во Лигата на шампионите, има една победа по четири одиграни натпревари.
Фото/ Архива, Топспорт

