Спорт
Џенова успеа да го совлада Јувентус

И покрај неиграњето на можеби најдобриот во редовите на Џенова, Милито, сепак домаќините на оваа средба успеееа да направат подвиг и да го совладаат составот на „Старата Дама“ со 3-2.
31- то коло во првата лига на Апенините, и покрај најавите ска истото нема да се одигра поради многуте жртви во земјотресот кој го погоди овој остров, фудбал имаше а во истиот и многу неочекувани резултати.Сабота:Болоња – Сиена 1:4 (1:2)Киево – Милан 0:1 (0:0)Фиорентина – Каљари 2:1 (0:0)Интер – Палермо 2:2 (2:0)Лацио – Рома 4:2 (2:1)Лече – Сампдорија 1:3 (0:2)Наполи – Аталанта 0:0Торино – Катанија 2:1 (0:0)Џенова – Јувентус 3:2 (2:1)Недела:Реџина – Удинезе 0:2 (0:0)Табела: Интер 73 бода, Јувентус 63, Милан 61, Џенова 57, Фиорентина 55, Рома 49, …, Торино 27, Болоња 26, Лече 24, Реџина 20.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Евролигата жестоко ја казни Црвена звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда соопшти дека Евролигата го казни клубот и затвори дел од белградската Арена за натпреварот против Ефес во 33. коло.
Како што е наведено на сајтот на „црвено-белите“, клубот е казнет поради неспортското и неодговорно однесување на дел од публиката и поединци за време и по натпреварот против Реал Мадрид во минатото коло.
„За натпреварот од 33. коло во Евролигата со Анадолу Ефес, кој е закажан за петок, 4 април, во 20 часот, со одлука на дисциплинскиот судија, која е детално образложена, клубот нема да може да продава билети за 80 отсто од капацитетот на белградска Арена“, се наведува во соопштението.
Црвена звезда исто така во касата на Евролигата ќе мора да уплати и 16.000 евра.
Црвена звезда во петок од 20 часот го пречекува турскиот тим во 33. коло од Евролигата, а натпреварот е од големо значење во битката на двете екипи за плеј-оф и плеј-ин.
Црвено-белите се на деветтото место на табелата со скор 18-14, додека Ефес со истиот учинок е на шестата позиција.
Спорт
Гвардиола загрижен: Немаме играчи со такви способности и квалитет

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд го повреди скочниот зглоб на левата нога на гостувањето кај Борнмут. Сити избори пласман во полуфиналето на ФА купот со победата 2:1.
24-годишниот Норвежанец ќе го пропушти остатокот од сезоната.
„Некогаш се случуваат сезони како оваа, кога се случуваат вакви работи. И тоа се случува во текот на целата сезона. Затоа, не би рекол дека ова е крај на сезоната. Жал ми е за сите повреди што ни се случија оваа сезона, вклучувајќи ја и онаа на Ерлинг. Се надевам на негово брзо закрепнување и брзо враќање“, рече Пеп Гвардиола, шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“.
54-годишникот потврди дека Халанд ќе отсуствува помеѓу пет и седум недели.
Гвардиола не ја крие загриженоста, бидејќи отсутвото на Халанд ќе му создаде големи проблеми во офанзивната линија.
„Немаме такви играчи со такви способности и квалитет, тоа го знаеме. Но мораме да се прилагодиме и бидејќи долги години играме на различни начини, а тоа зависи од квалитетот на играчите, па ќе се обидеме да најдеме решение“, се пожали Гвардиола.
Спорт
Виландер: Мислевме дека Ѓоковиќ нема да биде закана на Ролан Гарос

Стручниот коментатор на „Јуроспорт“ Матс Виландер истакнува дека Новак Ѓоковиќ ќе биде сериозен претендент за титулата на земјена подлога.
Новак во недела го играше финалето во Мајами, а од следната недела го очекува Мастерсот во Монте Карло.
„Мислам дека треба да игра во Монте Карло. Мислам дека подлогата не е важна кога си Новак Ѓоковиќ. Тој има способност да игра на земјена подлога исто како на бетон“, рече Виландер и додаде: „Монте Карло не е турнир на кој постигнал некои неверојатни резултати, но тоа е турнир на кој може да оди и да победи неколку меча. Мислам дека на негова возраст не е добро да остане без мечеви две,м три или четири недели“.
Новак има време да ја темпира својата форма и да најде ритам и континуитет пред Ролан Гарос.
„Мислевме дека Новак нема да биде закана оваа година на Ролан Гарос. Сега тој е закана“, истакна Виландер.
Инаку, Монте Карло е единствениот Мастерс каде Новак не триумфирал најмалку три пати. Го освоил само во 2013 и 2015 година.