Спорт
Убиен 19-годишен колумбиски фудбалер
Непознат маж на мотор со неколку истрели од пиштол го убил 19-годишниот колумбиски фудбалер Едвин Мартинез
Убиството се случило во севено-колумбискиот град Плането Рико. Колумбискат аполција се сомнева дека убиството е поврзано со трансферот што младиот и перспективен фудбалер Едвин Мартинез требало наскоро да го реализира. Полцијата досега уапсил апте лица за кои се сомнева дека се вмешани во убиството на фудбалерот.Мартинез деновиве требало да потпише договор со кој од нисколигашкиот Туња во прволигашот Чико Бојс кој се натпреварува во латиноамерканскиот Копа Либертадорес пандан на европската Лига на шампиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Франц Вагнер со тројка во финишот ги шокира Лејкерси во Лос Анџелес
Кошаркарите на Орландо Меџик ја прекинаа серијата од пет победи во која беа Лос Анџелес Лејкерс. Изминатата ноќ, во „Крипто.ком“ арена, гостите од Флорида славеа со 119:118.
Германецот Франц Вагнер во финишот ги шокира Лејкерси и ги поништи извонредните партии на ветераните Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
„Еџерџиите“ имаа четири поени предност на 27 секунди пред крајот, кога погоди две слободни фрлања. Тогаш на сцена стапи Вагнер, најпрво ја намали предноста, а откако на 18 секунди до крајот на мечот Дејвис промаши од линијата за слободни, на 3,1 секунди до крајот Вагнер погоди тројка за големото славје на Меџик.
Помладиот од браќата Вагнер натпреварот го заврши со 37 поени и 11 скока.
Кај Лејкерси подобри од останатите беа Ентони Дејвис со 39 поени и девет скока и Леброн Џејмс со 31 поен и 10 скока.
Лејкерси имаат 10 победи и пет порази, а Орландо се на 10 победи и седум порази.
Резултати:
Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 123:121 п
Торонто Рапторс – Минесота Тимбервулфс 110:105
Сан Антонио Спарс – Јута Џез 126:118
ЛА Лејкерс – Орландо Меџик 118:119
Спорт
Еуроспорт: Мурињо сака да го види Роналдо во Фенербахче
Жозе Мурињо го контактирал Кристијано Роналдо, го прашал дали би сакал да игра под негово водство во Фенербахче следната сезона, објави „Еуроспорт“ повикувајќи се на извештаи во други медиуми. Овој обид на Мурињо изгледа како невозможна мисија, ако се знае дека португалскиот напаѓач игра во Саудиска Арабија со годишна заработка од околу 200 милиони евра.
Роналдо, кој во февруари ќе го прослави својот 40-ти роденден, е под договор со Ал Наср до крајот на јуни следната година. Вкупно за овој клуб одигра 79 натпревари со учинок од 68 гола и 18 асистенции, откако за клубот дебитираше во јануари минатата година.
Мурињо наводно му се јавил на Роналдо, му рекол дека слушнал гласини дека сака да ја напушти Саудиска Арабија, го прашал дали е среќен таму, а потоа дали ќе му се придружи во Фенербахче.
Директорот на клубот Марио Бранко,веќе е во преговори со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, се додава на сајтот на „Еуроспорт“.
Фенербахче е турски рекордер со 28 освоени првенствени титули. Мурињо го водеше Роналдо низ дел од кариерата во Реал Мадрид.
Спорт
Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига
Иконата на Атлетико Мадрид, тренерот Диего Чоло Симеоне, утре ќе влезе во историјата на шпанскиот фудбал.
Аргентинскиот стручњак против Алавес по 700. пат ќе го предводи Атлетико во шпанската Ла Лига.
На клупата на Атлетико седна во декември 2011 година, кога го наследи Грегорио Манзано, оттогаш освојуваше домашни и европски трофеи, но најголемиот во Лигата на шампионите магично му избега, неговиот тим за загуби две финалиња против градскиот ривал Реал, во 2014 и 2016 година.
Никој никогаш не водел 700 натпревари во Ла Лига, а Симеоне во претходните 699 натпревари има 412 победи, 156 нерешени и 131 пораз.
Неговиот тим постигна 1.166 гола, прими 576, а на 326 натпревари мрежата на Атлетико не се затресе.