Спорт
АЗ- нов шампион на холандија
Фудбалерите на Аз Алкмар се нови шампиони на Холандија.
Иако неочекувано загубија на свој терен од Витесе со 2:1, избраниците на Луј ван Гал денеска станаа шампиони благодарение на поразот на Ајакс од 6:2 на гостувањето кај ПСВ.Аз Алкмар на три кола пред крајот на сезоната има 11 бодови предност во однос на второпласираниот Твенте и 12 во однос на третопласираниот Ајакс па завршницата од првенството може да се одигра без било каков притисок.Аз Алкмар е основан дури во 1967 година и ова му е втора шампионска титула во кариерата, бидејќи првата ја освои 1981 година. Благодарение на овој успех Аз Алкмар избори директен пласман во Лигата на Шампионите следната сезона и тоа ќе им биде прво учество во елитното европско натпреварување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шоутајм на Јокиќ и Дончиќ во НБА – Србинот со трипл дабл, Словенецот постигна 41 поен
Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс на гостински терен во саботата навечер со 112:123 (31:29, 29:26, 26:32, 26:36).
Српскиот ас Никола Јокиќ, иако еден ден претходно тимот го наведе како „под знак прашалник“ поради „истегнување на левиот зглоб“, забележа нов трипл-дабл – седми во сезоната (од 12 натпревари), 171-ви во лигашкиот дел од НБА и 189-ти кога се сметаат и плејофот.
Јокиќ натпреварот го заврши со 27 поени (8/5 од поле, 3/6 за три и 8/8 од поле) со 12 скока и 10 асистенции.
Денвер играше без двајца кошаркари од стартната постава, Кристијан Браун (повреда на левиот глужд) и крилото Кам Џонсон (повреда на бицепсот на десната рака).
Сепак, другите стандардни стартери во тимот на Дејвид Аделман му беа поддршка на Јокиќ: Арон Гордон и Џамал Мареј дадоа по 23 поени со дабл-дабл, првиот имаше 10 скока, а вториот подели 11 асистенции, ист број на поени постигна и Тим Хардавеј.
Кај Минесота Џулиус Рендл и Ентони Едврдс постигнаа по 26 поени.
Во Милвоки, блескаше Лука Дончиќ. Лејкерси славеа убедлива победа 119:95. Словенецот постигна 41 поен и влезе во историјата на НБА лигата.
Дончиќ ја премина границата од 40 поени по 50-ти пат во својата кариера пред да наполни 27 години. Пред него, само три легенди успеаја да го направат тоа – Мајкл Џордан, Вилт Чемберлен и Боб Макаду.
Актуелните шампиони, Окалхома сити Тандер ја забележаа 13-та победа во 14-от натпревар од почетокот на сезоната. Очекувано Тандер славеа во Шарлот 109:96.
Кај Тандер, Шеј Гилџис-Александер беше најдобар со 33 поени и седум асистенции. МВП-то од минатата сезона се приближува до бројката од 100 натпревари во кои постигнал 20+ поени.
Меѓу другите, се истакна Чет Холмгрен со 25 поени и осум скока, Ејџеј Мичел го заврши натпреварот со 14 поени, додека Ајзеа Хартенштајн имаше 12 поени и 11 скока.
Спорт
Грција и Белорусија им ги расипаа сметките на Данска и Шкотска
Драмата во Групата Ц, за пласман на Светското првенство ќе продолжи до самиот крај.
Данска и Шкотска се репрезентациите кои во претпоследното коло влегоа со 10 поени. На Днците им требапе победа, но кикснаа во Копенхаген против Белорусија, додека Шкотите загубија во Атина од Грција.
Грците ги победија Шкотланѓаните со 3:2 (1:0) во возбудлив натпревар, домашната екипа немаше што да изгуби, а избраниците на Иван Јовановиќ успеаја да слават голема победа на крајот, победа која дава самодоверба и ништо повеќе од тоа.
Грција нема шанси да се пласира во следната фаза, Шкотланѓаните ќе бараат победа во последното коло против Данска за да се квалификуваат за Светското првенство. Реми ќе им одговара на Данците.
Данците, против аутсајдерот Белорусија запошнаа според планот, со гол на Дамсгард во 11-та минута.
Вистонски шок фаворитите доживеаја во вториот дел. Два гола постигнаа Белорусите за само три минути. Стрелци беа Громико и Демченко.
Напаѓаше Данска до самиот крај, но само успеа да избегне пораз со голот на Исаксон во 79-та минута.
За три дена во решавачкиот меч, Шкотска ќе ја пречека Данска.
Спорт
(Видео) БиХ обезбеди бараж, во вторник ќе брка директен пласман на СП
Фудбалерите на Босна и Херцеговина ја победија Романија по пресвртот во Зеница со 3:1 во натпреварот од претпоследното коло, од Групата Х од европските квалификации за Светското првенство.
Избраниците на Сергеј Барбарез знаеја дека мора да слават за да не зависат од другите, и тоа на крајот го направија. По втор пат во овој циклус ги победија Романците и обезбедија барем место во плејофот со 16 бода.
Но, во вторник, во последното коло, БиХ ќе гостува во Австрија, која има два бода повеќе. На БиХ ќе им биде потребна победа за да се пласираат на Светското првенство.
Романија доживеа катастрофален неуспех во оваа група, но покрај тоа, ќе бидат дел од плејофот, преку Лигата на нации. Сепак, поради фактот што не беа ниту втори во оваа група во ждрепката за плејофот, Романците ќе бидат во последниот шешир и во полуфиналето ќе му гостуваат на некој од носителите.
Што се однесува до натпреварот Бирлиѓа и донесе предност на Романија во 17-та минута, а до крајот на полувремето Романците не ги искористија шансите да го решат мечот. Ман промаши две идеални шанси за зголемување на предноста.
Лидерот на БиХ, Џеко изедначи во 49-та минута, а кога Драгомир во 68-та доби црвен картон, Босанците тргнаа во целосна иницијатива.
Во 80-та спектакуларен гол постигна Бајрактаревиќ за 2:1, а точка на големата победа стави Табаковиќ во 94-та минута.
⚽️ GOAL | Bosnia & Herzegovina 2-1 Romania | World Cup Qualification
Bosnia & Herzegovina is dominating with an incredible goal by Esmir Bajraktarević ⚽️!#BosniaHerzegovina #Romania #BOSROM #Footballpic.twitter.com/4DMyjmyTRu
— goalpostX (@GoalpostX) November 15, 2025

