Спорт
Јаневски поднесол оставка пред управата на Ц. Ѕвезда

Нашиот фудбалски стручњак, Чедомир Јаневсски, поднел оставка на позицијата прв тренер на белградска Црвена Ѕвезда, јавија утрово белградските весници
Иако истата вчера не беше објавена, денеска во вид на соопштение, првиот човек на клубот треба да ја објави во јавноста. На вчерашниот состанок, управата се обидела да го убеди Чеде Јаневски да остане во екипата до крајот на сезоната, за да не мора да плаќа обештетување во висина од 150 илјади евра.Јаневски веќе неколку недели по заминувањето на Сречко Катанец од кормилото на нашата фудбалска репрезентација се споменува како најголем фаворит за негов наследник. По заминувањето од Белград, тој сега може веќе да влезе и во отворени преговори со ФФМ за селекторското место.Јаневски на „Маракана“ дојде на 10 септември минатата година и го наследни Зденек Земан. На досега 24 првенствени средби, нашиот стручњак оствари 13 победи, пет нерешени средби и шест порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спалети: Фудбалот ми го уништи животот
Лучано Спалети, до неодамна селектор на Италија, отворено зборуваше за работите со кои се соочува.
Италија имаше лош почеток на квалификациите за Светското првенство, загуби во Норвешка со 3:0, што беше причината Фудбалската асоцијација да се раздели со Спалети, кој сето тоа го прими тешко.
„Фудбалот ми го уништи животот. Го сакам фудбалот повеќе од себеси и жртвував некои многу блиски луѓе поради него. Никако да ми помине. Тоој натпревар сè уште ме држи буден ноќе. Има големо влијание врз мене, бидејќи моите мисли постојано се враќаат на него. Понекогаш се чувствувам среќен, но тоа брзо се менува бидејќи се сеќавам на натпреварот. Не успеав да ги убедам моите играчи дека ги сакам“, беше разочаран тренерот на трофејот.
Тој мисли дека знае каде погрешил.
„На почетокот направив грешка кога инсистирав на чувство на припадност и идентитет. Ги замолив играчите да ја пеат националната химна, да имаат мотивациски извик пред секој тренинг. Сакав да им ја покажам гордоста што ја чувствував, но тоа беше премногу.“
Спалети му ја донесе долгоочекуваната титула на Наполи, но очигледно не се раздели со Де Лаурентис во најдобри услови.
„На тој начин, му помогнав на Де Лаурентис да разбере дека за успех треба да ангажира одличен тренер, а не да зависи од него. Најголемата навреда што ја доживеав беше што не ни беше дозволено да имаме шампионска парада на улиците на Неапол. Ќе жалам за тоа засекогаш, а уште потешко ми е затоа што ги гледав снимките од забавата кога го освоија Скудетото минатата сезона. Побарав од некои играчи да ми испратат видео клипови, за да можам барем да почувствувам како изгледа погледот од автобусот“.
Фото/ ЕПА
Спорт
Рексам го сака Ериксен

Фудбалскиот клуб Рексам, во сопственост на холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелен, го направи својот најамбициозен чекор досега, го контакриа данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен во обид да го потпише, објави Би-Би-Си.
Ериксен (33), поранешен дански репрезентативец со 144 настапи, моментално е без клуб откако неговиот договор со Манчестер јунајтед истече на крајот од сезоната 2024/25.
Управниот одбор на Рексам го гледа Ериксен како идеално засилување кое би донело непроценливо искуство во првата сезона на клубот во втората лига на англискиот фудбал по 44 години.
Менаџерот на играчот, Мартин Скотс, потврди за „Дејли Мејл“ дека „проектот на Рексам е исклучително импресивен“, но додаде: „Кристијан сè уште сака да игра во врвните лиги и е решен да остане во Западна Европа“.
Од почетокот на летниот преоден рок, Рексам веќе ги доведе голманот на Велс, Дени Ворд, напаѓачот Рајан Харди, играчите од средниот ред Луис О’Брајан и Џорџ Томасон, левиот бек Либерато Кака и офанзивниот играч од средниот ред Џош Виндас.
Сепак, потенцијалното доаѓање на Ериксен би бил најзначајниот трансфер досега, доколку менаџерот Фил Паркинсон успее да го убеди да игра во Чемпионшип.
Минатата сезона, Ериксен одигра 35 натпревари и постигна пет гола за Манчестер јунајтед. Тој играше и за Ајакс, Тотенхем, Интер и Брентфорд, а со Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот.
Рексам ја отвора својата нова сезона во Чемпионшип со гостување кај Саутемптон на 9 август на стадионот „Сент Мери“.
Foto/ EPA
Спорт
Нестварно, англиските клубови досега потрошиле 1,87 милијарди евра за засилувања

Ова лето, клубовите од англиската Премиер лига ги поместуваат сите граници поставени досега кога станува збор за парите инвестирани во зајакнување на нивните тимови. И сè уште не ја завршиле работата.
Според специјализираниот фудбалски портал „Трансфермаркт“, од јуни, кога се отвори летниот трансфер пазар, до денес, елитните англиски клубови потрошиле импресивни 1,87 милијарди евра за нови играчи.
Поголемиот дел од овие пари од нивните сметки, за засилувања, ги издвоија само неколку од најмоќните клубови.
Ливерпул доминира.
„Црвените“ потрошија 307 милиони евра за нови играчи во тековниот преоден рок, а клубот од „Енфилд“ инвестираше речиси 200 милиони само за двајца играчи, Флоријан Вирц и Уго Екитике.
Втор на листата на најголеми трошаџии е актуелниот светски шампион Челзи.
„Сините“ направија голем дел од работата во зајакнувањето на играчкиот кадар со инвестиција од 242 милиони евра, а за тие пари ги доведоа Жоао Педро (70 милиони), Џејми Гитенс (65 милиони), Естевао (34 милиони), Лиам Делап (35,5 милиони)…
Арсенал е трет на листата со 156 милиони инвестирани досега за нов кадар во составот, иако вредноста на трансферот на Виктор Ѓокереш, чиј потпис за „топџиите“ е прашање на денот, наскоро треба да се додаде на оваа сума.
Арсенал сигурно ќе ја надмине сумата од 200 милиони евра ова лето за засилувања, кога Швеѓанецот конечно ќе го потпише договорот.
Манчестер јунајтед потроши приближно колку и Арсенал, 152,7 милиони евра.
Поединечно, клубот од „Олд Трафорд“ даде најмногу пари за трансферот на Брајан Мбеумо од Брентфорд, речиси 80 милиони евра.
На петтото место е Манчестер сити (145 милиони), по него Тотенхем (140 милиони), а Сандерленд е исто така високо на оваа листа со 115,5 милиони за нови имиња, додека Брајтон, Барнли и Лидс се веднаш зад нив.
Сите три споменати клуба потрошија во опсег од 70-80 милиони за засилувања.
Финансискиот јаз помеѓу повеќето англиски клубови, не само најсилните, и остатокот од Европа, се чини, а тоа го покажуваат и трансферните вредности, никогаш не бил поголем.