Спорт
Барцелона го демолираше Реал во Мадрид

Во 158-то шпанско дерби „ел калсико“ кое во саботата вечер го привлече вниамнието на целито фудбалски свет, Барцелона едноставно го понижи вечниот ривал мадридски Реал поведувајќи го со 6:2 на негов терен
Пред претстојниот реванш во Лондон со Челзи во полуфиналето на Лигата на шампионите, Барцелона демонстрираше страотна и, како велат шпанските коментатори – волшебна демонстрација на фудбалска супериорност.Барцелона среде Мадрид практично ја освои шпанската „Ла лига“ прегазувајќи го Реал со 6:2. Иако Реал поведе во 14. минута со голот на Игуанин, мадридската екипа остана на тоа. Потоа Тиери Анри во 18. минута израмни а во 20. минута капитенот Пујол ја доведува во водство Барса. Првото полувреме заврши со резултат 1:3 со голот на Лион Меси.Второто полувреме почна со надеж за Реал, по голот на Серхио Рамос во 56. минута. Набрзо разгоропадената Барса го демонстрира својот раскош и веќе во 58. минута Анри ја враќа предноста од два гола со интелигентенн гол од контра. До крајот со игра за публиката Барселона преку Меси во 74.и Пике во 83. минута му го нанесе на Реал еден од најтешките порази на негов терен во меѓусебните дуели. Шпанските медиуми денеска пишуваат дека Реал пред натрпеварот имаше одлични предуслови – серија од победи, победничка атмосфера кај навивачите и притоск врз противникот зашто со победа мадриѓаните ќе ги направеа своите шанси за титулата многу реални. Но се забележува дека на гости дојде ранетата Барцелона која доам неуспеа во средата да оствари предност во двомечот со Челзи. Тренерот на Реал, Хуанде Рамос призна дека неговито тим наишол на противник кој синоќа едноставно не можел да се победи. „Барцелона е ниво над нас“, изајви Рамос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Потпиша договор вреден 340 милиони долари, а потоа падна на допинг тест

Фернандо Татис Јуниор, безбол ѕвезда и играч на Сан Диего Падрес падна на допинг тест и ќе пропушти дури 80 натпревари. Тој е син на поранешната ѕвезда на МЛБ, Фернандо Татис, игра како „шортстопер“ и според многумина е најдобар на таа позиција.
Татис Јуниор неодамна потпиша 14. годишен договор вреден 340 милиони долари.
По рутинска допинг контрола, констатирано е дека користел „Клостебол“, супстанца која се наоѓа на листата на забранети.
„Се испостави дека сум земал одреден лек за да се ослободам од габична инфекција и тој препарат имал Клостебол кој е на списокот на забранети материи. Требаше да користам препарат кој е препорачан и безбеден без недозволени супстанци, но го направив тоа што го направив, рече Татис.
Тоа значи дека Доминиканецот ќе ги пропушти преостанатите 48 натпревари оваа сезона и 32 натпревари во следната, а доколку неговите соиграчи се пласираат во плеј-офот, тој може малку порано да се врати на теренот.
Спорт
Тен Хаг: Јас сум човекот кој ќе му ја врати славата на Јунајтед

„Убеден сум дека ќе успеам, успеав секаде“, со овие зборови, во интервју за „Скај спорт“, менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ја уверува јавноста дека ќе им ја врати славата на „црвените ѓаволи“.
Пред натпреварот од второто коло на Премиер лигата, Тен Хаг за „Скај спорт“, зборуваше за целите на „црвените ѓаволи“ и за можностите за освојување на титулата.
Првото коло од новата сезона ги врати навивачите на Јунајтед во суровата реалност. Поразот од Брајтон беше разочарувачки, а неубедливиот преоден рок, отсуството на стратегија, отсуството на план дополнително ја уништува вербата на навивачите. Се чини дека со секој нов менаџер ситуацијата се влошува, но Тен Хаг уверува дека може и подобро.
„Ако седам тука четири години, сигурен сум дека ќе имаме една титула. Не можам да барам трпение од навивачите, се надевам дека ќе бидат трпеливи, бидејќи сакаат победнички тим и затоа сум тука. Сепак, морам да го донесам. За тој процес е потребно време“, изјави Холанѓанецот.
Тој даде изјава слична на онаа што ја даде Јирген Клоп при неговото пристигнување во Ливерпул. Германецот доби доволно време да го врати Ливерпул на врвот, Тен Хаг можеби нема да има таква среќа.
„Многу работи беа лоши на првиот натпревар. Почнувајќи од резултатот, но и од перформансите. Не бевме добри во многу работи. Тоа е нормално за почетокот на сезоната. Бевме добри на подготовките, но сега ни недостасуваат двајца играчи“.
„Тоа е голем предизвик и тоа го знаевме и претходно. Потребно е време, а во фудбалот понекогаш немате време за толку голем предизвик. Пред десет години Јунајтед последен пат беше шампион. Успехот доаѓа брзо, но враќањето на победничките патеки е долгорочен процес и бара многу работа, добра стратегија, вистински луѓе и работа од ден на ден“, додава Тен Хаг.
Јунајтед во сабота од 18:30 гостува кај Брентфорд и мора веднаш да почне да победува доколку сака да се врати на врвот.
Спорт
Депај се сели во Јувентус

Мемфис Депај по само една сезона ќе ја напушти Барселона. Холанѓанецот кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Трансферот треба да биде комплетиран во текот на наредната недела.
Депај, минатото лето, како слободен играч ја засили Барселона. Тогашниот тренер Роналд Куман инсиситираше на неговиот трансфер.
Кај Чави, Депај немаше загарантирано место во тимот, а дека иднината во Барселона нема да му биде светла, покажаа и трансферите што ги направи клубот ова лето. Барселона се засили со Левандовски и Рафиња, а Дембеле го продолжи договорот.
Поради тоа логична е одлуката на Депај да ја напушти Барселона. Според италијанските медиуми тој ќе потпише двегодишен договор, а Јувентус ќе „плати симболична сума“ како обесштетување.
Холанѓанецот годишно ќе заработува 7.000.000 евра.
Пред Барселона, Депај играше во Лион, Манчестер Јунајтед и ПСВ. Има 80 настапи и 42 постигнати гола за Холандија.