Спорт
Започнаа ВТЦЦ трките

Изминатиов викенд во Мароко се одржаа трките во категорија патнички автомобили
За првпат овие трки се одржаа во Маракечи, Мароко. Оваа сезона, Маракечи е домаќин на третата ВТЦЦ трка, која е особено интересна за домаќините затоа што на неа вози и Мехди Бенани, единствениот возач на Мароко и првиот Африканец која се натпреварува во ВТЦЦ, а тој вози сеат леон кој спаѓа во тимот на Ексагон. Сепак, на трката во Мароко, се прекина доминацијата на Сеат, затоа што победата ја однесе тимот на Шевролет, што беше проследено со многу славење. Сепак, до крајот на сезоната има доволно време да се одмерат силите, а оваа категорија трки повторно стануваат популарни, по намалувањето на возбудите во Формула 1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Депај се сели во Јувентус

Мемфис Депај по само една сезона ќе ја напушти Барселона. Холанѓанецот кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Трансферот треба да биде комплетиран во текот на наредната недела.
Депај, минатото лето, како слободен играч ја засили Барселона. Тогашниот тренер Роналд Куман инсиситираше на неговиот трансфер.
Кај Чави, Депај немаше загарантирано место во тимот, а дека иднината во Барселона нема да му биде светла, покажаа и трансферите што ги направи клубот ова лето. Барселона се засили со Левандовски и Рафиња, а Дембеле го продолжи договорот.
Поради тоа логична е одлуката на Депај да ја напушти Барселона. Според италијанските медиуми тој ќе потпише двегодишен договор, а Јувентус ќе „плати симболична сума“ како обесштетување.
Холанѓанецот годишно ќе заработува 7.000.000 евра.
Пред Барселона, Депај играше во Лион, Манчестер Јунајтед и ПСВ. Има 80 настапи и 42 постигнати гола за Холандија.
Спорт
Вернер: ВАР ме уништи во Премиер лигата

Тимо Вернер го заврши неуспешниот престој во Челси. Минатата недела се врати во Лајпциг. Донесен како големо засилување тој не успеа да го оправда вложеното во неговиот трансфер. За лошите настапи во синиот дрес, Вернер ја обвинува ВАР технологијата.
Германскиот фудбалер реши да се врати во Лајпциг и набргу по враќањето зборуваше за епизодата во Англија. Во синиот дрес одигра вкупно 89 натпревари и постигна 23 гола.
„Првата година се постигна успех, не мислам на личен, туку на тимски успех. Бев убеден дека ќе биде подобро во втората. Сепак, покрај пропуштените шанси ме уништи и ВАР. Би рекол дека сум рекордер по бројот на поништени голови по интервенцијата на ВАР. Таа информација ми ја уништи самодовербата“, изјави Вернер.
Во октомври 2021 година, 2ЕСПН“ објави неверојатен факт – ВАР на Вернер, за помалку од една година му поништил 16 голови.
Спорт
Лукиќ побарал трансфер во Рома

На денот кога започнува новата сезона во Серија А, главна тема во италијанскиот спортски печат е Србинот од Торино, Саша Лукиќ. Играчот кој требаше да ја добие капитенската лента, според „Тутоспорт“, започнал бунт во клубот и сака да го напушти клубот.
Како што стои во текстот, Лукиќ е лут на управата која не му понудила нов договор иако тоа му било ветено, а исто така му е преку глава и би сакал да се пресели во Рома. Наводно, Лукиќ ги известил соиграчите за својата одлука.
Тој разговарал и со тренерот Игор Јуриќ од кого побарала да не биде во тимот на отворањето на сезоната против Монца.
Лукиќ има договор до 2024 година, па ќе биде интересно да се види како ќе се развива ситуацијата.