Спорт
Агентот на Каморанези негира проблем со Раниери

Агентот на Мауро Каморанези вели дека е нормално играчот да биде нервозен по новиот неуспех на клубот но негираше дека има проблем со тренерот Раниери
Италијанскиот репрезентативец вчера беше заменет на половремето од дуелот со Лече и медиумите од Италија објавија дека Каморанези имал расправија со тренерот Клаудио Раниери.Неговиот агент, Серхио Фортунато потврди дека Каморанези бил нервозен по ремито со Лече но тоа било нормална реакција за секој фудбалер кој сака да победува.Исто така тој негираше дека родениот Аргентинец има проблеми со тренерот Клаудио Раниери.“Не гледам проблем помеѓу Раниери и Каморанези.” – рече Серхио Фортунато.“Разговарав денес со Мауро, вчера тој можеби имал мал момент на нервоза но тоа може да му се сличи секому.”“Мауро долги години е во Јуве, има договор до 2011. Тој никогаш немал проблеми со своите тренери остана со клубот во Серија Б и има добар шампионат.”“Вчера играша на позиција која не е природна за него. Тој игра на десната крилна позиција а доби улога на еден од тројцата играчи од средниот ред во тактиката 4-3-3.”“Во вторито дел Јуве се врати на класичната 4-4-2 и тој ќе беше многу покорисен. Бјанконерите се навикнати на победа, и сега се во тежок период па логично е да има тензија.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Франција трета во Лигата на нации

Франција го освои третото место во Лигата на нации со победата 2:0 над домаќинот на завршниот турнир, Германија.
Французите, кои загубија од Шпанија со 5:4 во луд натпревар во полуфиналето, поведоа во судиското продолжение во првото полувреме.
Откако топката беше уфрлена од десната страна, Килијан Мбапе совршено реагираше во шеснаесетникот и им донесе предност на актуелните вицешампиони на светот.
Шест минути пред крајот, Мбапе се најде во улога на асистент, а играчот на Баерн, Олисе, го потврди триумфот на Франција.
По големата грешка во одбраната на Германија, играчот на Реал направи брз пробив, а потоа несебично му асистираше на Олисе кој ја погоди празната мрежа.
За титулата во Лигата на нации, вечерва од 21 часот ќе играат Шпанија и Португалија.
Спорт
Спалети повеќе не е селектор на Италија

Лучано Спалети повеќе не е селектор на Италија, беше објавено во недела.
Фудбалскиот сојуз на Италија, му врачи отказ на селекторот по дебаклот во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Осло.
Четирикратните светски шампиони беа поразени од Норвешка со 3:0, а сè беше решено веќе во првото полувреме.
Италијанците не се квалификуваа за последните две Светски првенства, а уште еден неуспех да се пласираат на завршниот турнир би бил вистинска фудбалска трагедија на Апенините.
Спалети дојде на чело на „Азурите“ од август 2023 година, кога го наследи Роберто Манчини.
На Европското првенство во Германија минатата година, тие не успеаја да ја одбранат титулата, бидејќи веќе беа елиминирани во осминафиналето од Швајцарија.
Спорт
Три клуба ќе испаднат од Првата лига, два ќе играат бараж за опстанок

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Усвоен е нивиот систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27.
Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.
Prvata MFL од sezobata 2026/27 ќе брои 10 екипи, а не како досега 12, додека Втората лига се намалува на 14 клубови. Од Првата лига ќе испаднат екипите кои ќе бидат пласирани на 10, 11 и 12. место во шампионатот, додека осмата и деветтата екипа ќе играат бараж за опстанок.
Од Втората лига следната сезона ќе испаднат дури пет екипи, кои ќе бидат пласирани од 12. до 16. место, додека од деветта до 11. позиција ќе играат бараж за опстанок.