Спорт
Буфон дефинитивно останува во Јуве

Најдобриот голман во Италија, Буфон изјави дека нема намера да си замине од „Старата Дама“ ова лето.
“Луѓето донесуваат многу заклучоци според приказните во медиумите. Но, мојот став од секогаш е ист. Никогаш не сум посакал да заминам од Јуве, а така е и денеска. Во Јувентус моментално работи квалитетна група луѓе и сакаме да создадеме позитивна, победничка средина. Се чувствувам дел од сето тоа и нема да го напуштам клубот ова лето. Тоа можам да го гарантирам” – изјавил голманот кој во кариерата бранеше само за два клуба, Парма и Јувентус.За услугите на првиот чувар на мрежата на Јуве се интересираат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтедно по се изгледа дека нема да успеат да го ангажираат овој преоден рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Депај се сели во Јувентус

Мемфис Депај по само една сезона ќе ја напушти Барселона. Холанѓанецот кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Трансферот треба да биде комплетиран во текот на наредната недела.
Депај, минатото лето, како слободен играч ја засили Барселона. Тогашниот тренер Роналд Куман инсиситираше на неговиот трансфер.
Кај Чави, Депај немаше загарантирано место во тимот, а дека иднината во Барселона нема да му биде светла, покажаа и трансферите што ги направи клубот ова лето. Барселона се засили со Левандовски и Рафиња, а Дембеле го продолжи договорот.
Поради тоа логична е одлуката на Депај да ја напушти Барселона. Според италијанските медиуми тој ќе потпише двегодишен договор, а Јувентус ќе „плати симболична сума“ како обесштетување.
Холанѓанецот годишно ќе заработува 7.000.000 евра.
Пред Барселона, Депај играше во Лион, Манчестер Јунајтед и ПСВ. Има 80 настапи и 42 постигнати гола за Холандија.
Спорт
Вернер: ВАР ме уништи во Премиер лигата

Тимо Вернер го заврши неуспешниот престој во Челси. Минатата недела се врати во Лајпциг. Донесен како големо засилување тој не успеа да го оправда вложеното во неговиот трансфер. За лошите настапи во синиот дрес, Вернер ја обвинува ВАР технологијата.
Германскиот фудбалер реши да се врати во Лајпциг и набргу по враќањето зборуваше за епизодата во Англија. Во синиот дрес одигра вкупно 89 натпревари и постигна 23 гола.
„Првата година се постигна успех, не мислам на личен, туку на тимски успех. Бев убеден дека ќе биде подобро во втората. Сепак, покрај пропуштените шанси ме уништи и ВАР. Би рекол дека сум рекордер по бројот на поништени голови по интервенцијата на ВАР. Таа информација ми ја уништи самодовербата“, изјави Вернер.
Во октомври 2021 година, 2ЕСПН“ објави неверојатен факт – ВАР на Вернер, за помалку од една година му поништил 16 голови.
Спорт
Лукиќ побарал трансфер во Рома

На денот кога започнува новата сезона во Серија А, главна тема во италијанскиот спортски печат е Србинот од Торино, Саша Лукиќ. Играчот кој требаше да ја добие капитенската лента, според „Тутоспорт“, започнал бунт во клубот и сака да го напушти клубот.
Како што стои во текстот, Лукиќ е лут на управата која не му понудила нов договор иако тоа му било ветено, а исто така му е преку глава и би сакал да се пресели во Рома. Наводно, Лукиќ ги известил соиграчите за својата одлука.
Тој разговарал и со тренерот Игор Јуриќ од кого побарала да не биде во тимот на отворањето на сезоната против Монца.
Лукиќ има договор до 2024 година, па ќе биде интересно да се види како ќе се развива ситуацијата.