Спорт
УЕФА покрена дисциплинска постапка против Челзи, Дрогба и Босингва

Европската фудбалска асоцијација покрена дисциплинска постапка против англискито фудбалски клуб Челзи и фудбалерите Дидие Дрогба и Босингва, во врска со однесувањето за време на полуфиналето на Лигата на шампионите со Барселона
Челзи е обвинет за недолично однесување на своите фудбалери и фрлање на факели на теренот од страна на навивачите.Дрогба и Босингва се обвинети за прекршување на принципите на ферплејот, навредувајќи го со коментари норвешкиот судија Овербо.Клубот и фудбалерите треба да одговорат на обвинувањата до 29 мај, а дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледа случајот на 17. јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тен Хаг: Јас сум човекот кој ќе му ја врати славата на Јунајтед

„Убеден сум дека ќе успеам, успеав секаде“, со овие зборови, во интервју за „Скај спорт“, менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ја уверува јавноста дека ќе им ја врати славата на „црвените ѓаволи“.
Пред натпреварот од второто коло на Премиер лигата, Тен Хаг за „Скај спорт“, зборуваше за целите на „црвените ѓаволи“ и за можностите за освојување на титулата.
Првото коло од новата сезона ги врати навивачите на Јунајтед во суровата реалност. Поразот од Брајтон беше разочарувачки, а неубедливиот преоден рок, отсуството на стратегија, отсуството на план дополнително ја уништува вербата на навивачите. Се чини дека со секој нов менаџер ситуацијата се влошува, но Тен Хаг уверува дека може и подобро.
„Ако седам тука четири години, сигурен сум дека ќе имаме една титула. Не можам да барам трпение од навивачите, се надевам дека ќе бидат трпеливи, бидејќи сакаат победнички тим и затоа сум тука. Сепак, морам да го донесам. За тој процес е потребно време“, изјави Холанѓанецот.
Тој даде изјава слична на онаа што ја даде Јирген Клоп при неговото пристигнување во Ливерпул. Германецот доби доволно време да го врати Ливерпул на врвот, Тен Хаг можеби нема да има таква среќа.
„Многу работи беа лоши на првиот натпревар. Почнувајќи од резултатот, но и од перформансите. Не бевме добри во многу работи. Тоа е нормално за почетокот на сезоната. Бевме добри на подготовките, но сега ни недостасуваат двајца играчи“.
„Тоа е голем предизвик и тоа го знаевме и претходно. Потребно е време, а во фудбалот понекогаш немате време за толку голем предизвик. Пред десет години Јунајтед последен пат беше шампион. Успехот доаѓа брзо, но враќањето на победничките патеки е долгорочен процес и бара многу работа, добра стратегија, вистински луѓе и работа од ден на ден“, додава Тен Хаг.
Јунајтед во сабота од 18:30 гостува кај Брентфорд и мора веднаш да почне да победува доколку сака да се врати на врвот.
Спорт
Депај се сели во Јувентус

Мемфис Депај по само една сезона ќе ја напушти Барселона. Холанѓанецот кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Трансферот треба да биде комплетиран во текот на наредната недела.
Депај, минатото лето, како слободен играч ја засили Барселона. Тогашниот тренер Роналд Куман инсиситираше на неговиот трансфер.
Кај Чави, Депај немаше загарантирано место во тимот, а дека иднината во Барселона нема да му биде светла, покажаа и трансферите што ги направи клубот ова лето. Барселона се засили со Левандовски и Рафиња, а Дембеле го продолжи договорот.
Поради тоа логична е одлуката на Депај да ја напушти Барселона. Според италијанските медиуми тој ќе потпише двегодишен договор, а Јувентус ќе „плати симболична сума“ како обесштетување.
Холанѓанецот годишно ќе заработува 7.000.000 евра.
Пред Барселона, Депај играше во Лион, Манчестер Јунајтед и ПСВ. Има 80 настапи и 42 постигнати гола за Холандија.
Спорт
Вернер: ВАР ме уништи во Премиер лигата

Тимо Вернер го заврши неуспешниот престој во Челси. Минатата недела се врати во Лајпциг. Донесен како големо засилување тој не успеа да го оправда вложеното во неговиот трансфер. За лошите настапи во синиот дрес, Вернер ја обвинува ВАР технологијата.
Германскиот фудбалер реши да се врати во Лајпциг и набргу по враќањето зборуваше за епизодата во Англија. Во синиот дрес одигра вкупно 89 натпревари и постигна 23 гола.
„Првата година се постигна успех, не мислам на личен, туку на тимски успех. Бев убеден дека ќе биде подобро во втората. Сепак, покрај пропуштените шанси ме уништи и ВАР. Би рекол дека сум рекордер по бројот на поништени голови по интервенцијата на ВАР. Таа информација ми ја уништи самодовербата“, изјави Вернер.
Во октомври 2021 година, 2ЕСПН“ објави неверојатен факт – ВАР на Вернер, за помалку од една година му поништил 16 голови.