Спорт
Агентот на Пандев: Горан сака да биде продаден
Агентот на Горан Пандев, Леонардо Корси уште еднаш ја нагласи желбата на Македонецот да биде продаден ова лето
Горан Пандев има јасна идеа за својата иднина. И покрај желбата на Лотито напаѓачот да остане во Рим, Пандев сака да биде продаден.Неговиот агент, Леонардо Корси уште еднаш ја истакна желбата на Македонецот ова лето да ги промени клубските бои.“Горан ја изрази својата намера да биде продаден, клубот го разбира но тие очигледно немаат намера да се откажаат од него.” – рече Корси.“Доколку има некој тим што ќе излезе во пресрет на финансиските барања на Лацио, клубот ќе дозволи тој да замине, по се она што тој има направено, но исто така има добиено многу.”“Со клубот имаме многу добар однос и взаемен почит, а така било секогаш во сите години поминати заедно.”“Мислам дека можам да ја отфрлам идеата за продолжување на договорот. Тој е професионалец и има уште една година од договорот.”“Оваа година имавме многу состаноци, дури го разгледувавме предлогот да биде вметната откупна клаузула.”“Пандев добро размисли и од економска гледна точка договорот беше ист како и во некој друг клуб.”“Но тој реши дека неговиот престој во Лацио е пред крај и веќе го исвести претседателот.”“Колкава е цената на Пандев? Мислам дека е на исто ниво како онаа на Кваљарела, сигурно не е пониска но во предвид треба да се земе и моменталната економска состојба.”Имено Кваљарела се пресели од Удинезе во Наполи во трансфер вреден 16 милиони евра и половина од сопственоста на Домици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

