Контакт

Спорт

Непобедливиот Федерер експрес

Објавено пред

Со вчерашната титула на Ролан Гарос Роџер Федерер влезе во екслузивното но, сепак мало друштво на великани кои имале чест и привилегија да ги освојат сите гренд слем титули во историјата на белиот спорт.

dobivaj vesti na viber

Тоа друштво на великани до сега го сочинуваа Дон Баџ, Фред Пери, Род Лавер, Рој Емерсон и Андре Агаси, а од вчера им се придружи можеби најдобриот тенисер на денешницата, брилијантниот швајцарец Роџер Федерер. Рафаел Надал можеби е помлад од Федерер, и го има тој почетен ентузијазам, сила и издржливост кои ги носи младоста, но Федерер го има искуството, мудроста која доаѓа со годините поминати на терените. Сепак, не е претерување кога дури и лаиците кои немаат големо познавање од тенисот ќе речат дека се кај швајцрецот е апсолутно брилијантно. Начинот на игра, неговиот професионализам, посветеноста, неговиот личен живот. -Многу сум среќен за тебе- изјави Агаси кога му го врачи пехарот а сите присутни во Парис, знаеја дека истото го мисли и неговиот ривал, Надал каде и да беше во тој миг. -Сега кога го освои Парис, тој си го зацврсти местото во историјата како најдобриот тенисер кој некогаш ја играл оваа игра- рече Сампрас со гордост како да се работи за него, за неговите постигнувања и успеси.Но, ако не му верувате на него, бројките никогаш не лажат.14 Гренд слем титули вкупно. 3 пати го освои Австралијан Опен, 5 пати Вимблдон, и 5 пати последователно УС опен. И се разбира Ролан Гарос. А за безбројните помали турнири и егзибициони мечеви не ни треба да се трошат зборови. Минатата година доби честа за која сонува секој спортист, тој беше знаменосецот кој гордо парадираше со швајцарското знаме на отварањето на Олимписките игри. На денот на својот роденден. А тој како одличен професионалец  им се оддолжи на најдобриот можен начин. Го освои златниот медал во двојкино ,немаше сили за златото во сингл. Тој сеуште го држи рекордот за најдолго време последедователно поминато на врвот на АТП листата со 237 недели на самиот врв. Или поточно од 2004 до 2008 година. Но она што навистина фасцинира кај Федерер е неговата скромност, џентлментски манири кои му доликуваат само на великаните, и контролата на приватниот живот . Да бидеме искрени дали сте слушнале да прострујат гласини за секс скандал, неспортско однесување на терените, пијанчење надвор од нив, или пак тепачки со фановите? Серазбира дека не. Да, тој имаше мали проблеми со самоконтролата и бесот по секој загубен поен на почетокот на кариерата кој пак го истураше врз своите рекети, но тие моменти на ексцеси одамна се минато. И сега кога е среќно женет човек и иден татко( се шпекулира дека тој и неговата сопруга Мирка чекаат син) тој е можеби единствениот човек на светот кој може да рече дека има се. Што е следно на агендата на Федерер? Вимблдон се разбира. Минатата година таа титула му ја украде неговиот ривал Надал, во најдоброто Вимблдон финале на сите времиња. Во тој епски меч кој легендата Џон Мекенро го нарече : најдобриот меџ кој сум го гледал Надал стигна до првата Вимблдон титула во кариерата. Но Федерер експрес нема да запре тука. Следно на што ќе атакува е да си го врати првото место на АТП листата кое минатата година му го зема Надал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула

Објавено пред

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.

dobivaj vesti na viber

На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.

Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.

Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.

Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.

Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“

Објавено пред

Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.

dobivaj vesti na viber

Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.

Станува збор за парфем кој чини 221 евро.

Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.

Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.

Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.

Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.

„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул

Објавено пред

Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.

dobivaj vesti na viber

Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.

Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.

Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.

Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.

Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.

Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија11 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија12 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ15 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија15 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет17 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет17 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет18 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион18 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет18 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...