Спорт
Кој е најлош возач на Формула 1?
Најатрактивниот (и најскап) спорт, трките на болиди Формула 1, има и лоши возачи кои направија многу промашувања
Формула 1 е секако елитен автомобилски натпревар, но секоја сезона во овој спорт се наоѓаат и оние кои со своите возачки способности далеку заостануваат зад најдобрите, а во тимот се или поради богатите спонзори зад себе, или поради старата слава со која и денес живеат. Во последните 10 години во трките на Формула 1 имавме можност да ги видиме мајсториите на големите возачи како Михаил Шумахер, Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон, Кими Раиконен, Хуан Пабло Монтоја, Себастијан Ветел и Џејсон Батон. Но, секоја година на стартот беа и оние за кои се прашувавме што воопшто бараат во елитен автомобилски натпревар. Сакон Јамамото, Џуји Иде, Кристијан Алберс, Тиаго Монтеиро, Нараин Картикјан, Золт Баумгартнер, Џанмарија Бруни, Ралф Фирман, Алекс Јанг… се само некои од имињата на кои само најголемите вљубеници во овој спорт можат да се сетат, со оглед на скромните настапи кои ги имаа, за на крајот да „излетаат„ од Формула 1, а ги заменуваат други исти такви. Оваа сезона повторно имаме неколку за кои се прашуваме кој им дал место зад воланот, а и неколку кои потполно отпаднаа. Кој е најлошиот возач на Формула 1? Петтемина кандидати за најлоши возачи на Формула 1 според фановите на овој спорт, но и според експертите се – Нелшино Пике (син на славниот светски првак Нелсон Пике), Себастијан Борду (четири пати првак на американската кар-серија), Казуки Накајима (за кој сите се прашуваат како воопшто влезе во Формула 1), Џанкарло Физикела (по едно добро возење, почна со катастрофалните резултати) и Рубенс Баричело (беше во тимот на Ферари со шампионот Шумахер, но оваа сезона покажа колку вреди – повторно има победнички болид, повторно треба да победи само еден човек за да стане првак, но изгледа и ова е премногу за него).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италијанско дерби во осминафиналето во Лига Европа
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лига Европа Оваа фаза од ова натпреварување на УЕФА ќе го обелижи италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома, а внимание секако привлекува и германско-портигалската пресметка Ѓтитгарт-Порто.
Осминафинални двојки:
Генк – Фрајбург
Болоња – Рома
Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто
Панатинаикос – Бетис
Селта – Лион
Нотинген Форест – Митјиланд
Лил – Астон Вила
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 12 и 19 март
Четвртфинале: 9 и 16 април
Полуфинале: 30 април и 7 мај
Финале: 20.мај 2026 година (Истанбул)
Спорт
Сити повторно против Реал, ПСЖ оди на Челзи
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лигата на шампионите. Две средби ќе привлечат најфголемо внимание во оваа фаза, актуелниот првак ПСЖ ќе игра против Челзи, а ждрепката повторно ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Осминафинални двојки:
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Боде/Глимт – Спортинг Лисабон
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Галтасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Аталанта – Баерн Минхен
Ваер Леверкузен – Арсенал
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 10/11 и 17/18. март
Четвртфинале: 7/8 и 14/15 април
Полуфинале: 28/29. април и 5/6 мај
Финале: 30.мај 2026 година (Будимпешта)
Патот до финалето:

Спорт
Македонија апсолутен фаворит против Луксембург
Вечерва (18.00 часот), во салата во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг.
По многу годин, поточно од 9.септември, 2006 година, Македонија ќе биде во улога на домаќин во салата во „Градски парк“, комплетно реновирана во изминатиот период, и подготвена да ги прими сите заинтересирани за вечерашниот дуел, во кој на теренот „црвено-жолтите“ уште еднаш ќе ги поведе Војдан Стојановски.
Капитенот на Македонија е запознат со квалитетите на вечерашниот противник:
„Играме против Луксембург, една добра репрезентација во која шутираат сите кои што се во моментот на теренот. Селекција која игра без класичен центар, што говори дека форсираат брза игра за која треба да најдеме соодветен одговор“ – смета Стојановски.
Предводникот на нашиот национален тим вели дека енергетскито момент е еден од оние кои ќе го донесат веројтно и клучниот дел од дуелот во „Градски парк“. Заедно со добра дефанзива која црвено-жолтите“ треба да ја презентиираат во дуелот со селекциката која исто така има две победи во првите две кола од претквалификациите.
„Наше е да дадеме се од себе, да го потрошиме и оној последен атом од нас. Да имаме добра енергија и тоа како потребна за ваков вид на натпревари. И со една добра игра во одбраната да стигнеме до победата“ – потенцира Стојановски.
Извор и Фото/ mkd.basketball

