Спорт
Жирков очекува плодна сезона во Челзи

Новото засилување на Челзи по пристигнувањето на Стенфорд Бриџ проговори за неговите очекувања од новиот клуб.
“Медицинските прегледи траеа околку 3 часа. Најпрво ги поминав општите прегледи и потоа докторите ме однесоа во посебна комора за да извршат детални тестови врз моето тело. Не сум бил на стадионот на Челзи и во нивната тренинг база сеуште, но ќе го сторам тоа во вторник. Исто така тогаш ќе бидам претставен на тренерскиот персонал и играчите и ќе го одржам мојот прв тренинг. Сега се наоѓам во перфектно расположение бидејќи ми се допаѓа начинот на кој луѓето ми посакаа добредојде во клубот. Иако не поминав многу време тука, веќе можам да забележам дека тие имаат пријателски однос кон мене. Со нетрпени чекам да ја започнам кариерата во Челзи.” – изјави Жирков
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брилијантниот Дончиќ и Словенија подобри од Авдија и Израел

Кошаркарите на Словенија ја остварија третата последователна победа во Групата Д на Евробаскетот. Словенците го победија Израел со 106:96.
Со победата Словенија се здоби со подобра позиција пред нокаут фазата со скор 3-2, но сè уште не знаат против кого ќе играат во осминафиналето.
Со победа, Израел ќе беше прв во групата, поразот ги однесе на четвртата позиција.
Натпреварот во Катовице, Полска, го обележа пресметката меѓу НБА ѕвездите, Лука Дончиќ и Дани Авдија, но суперѕвездата на ЛА Лејкерс покажа поголем квалитет.
Дончиќ го заврши натпреварот со 37 поени, 11 скока и девет асистенции. Авдија на крајот имаше 34 поени, девет скока и две асистенции.
Кај Словенците се истакнаа Николиќ со 16, Радовиќ со 14, Омиќ со 11 и Хроват со 10.
Во таборот на Израел, Соркин додаде 14 поени, а Мадар 10 поени.
foto/ epa
Спорт
(Видео) Македонија во Прага загуби од Саудиска Арабија
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Саудиска Арабија (2:1), во пријателски натпревар одигран на стадионот на Викторија Жишков во Прага.
Саудијците славеа со пресврт откако Македонија дојде до предност со спектакуларниот гол на Алесандар Трајковски. Напаѓачот на Македонија погоди со ножички во 40.минута.
Предноста ја анулира Ал Брикан во финишот на првото полувреме.
Нерешениот резултат на семафорот стоеше до 78.минута, кога Ал Хамдан ја искористи конфузијата во нашата одбрана и со прецизен удар од 22 метри го совлада Димитиревски.
Следниот натпревар Македонија ќе го одигра в недела, кога во квалификациите за Светското првенство ќе го пречека Лихтанштајн.
Foto/ ffm.mk
Спорт
БиХ избори осминафинале на Евробаскетот

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја победија Грузија во Лимасол (84:76) и со тоа обезбедија осминафинале на Европското првенство.
Босанците, кои во најголеиот дел го контролираа натпреварот, малку се коцкаа во во последната четвртина, но на крајот заслужѓено славеа.
Грузијците успеаја да анулираат предноста на Босанците од 15 поени, на седум минути до крајот резултатот беше 71:71 и тука застанаа. Во наредните нешто повеќе од пет минути, избраниците на поранечниот македонски селектор, Александар Џикиќ, не постигнаа ниту еден поен, противникот направи серија 9:0 и го реши мечот.
Грузија и покрај поразот се уште има шанса за пласман во нокаут фазата, , вечерва од 20.30 часот Грција треба да ја победи Шпанија.
Најдобри кај БиХ беа Јусуф Нуркиќ со 15 поени и 12 скока, Џон Роберсон додаде 15 со пет асистенции, а Александар Лазиќ имаше 13 поени.
За Грузија, Сандро Мамукеласвили постигна 20 поени со осум скока, Камар Болдвин постигна 18, а Гога Битадзе имаше 15 поени и пет скока. Целосно потвфрли најдобриот грузиски играч, Токо Шенгелија со шест поени, пет скока и четири асистенции.
Foto/ FIBA