Спорт
Белорусија поведе против Македонија во Дејвис купот
Со победата во двојки утринава во Минск, репрзентацијата Белорусија се здоби со предност против Македонија со 2:1
Александар Бури и Макс Мирњи и претходно беа прогласени за фаворите, па овој пораз на мекедонската двојка Димитар Грабулоски и Лазар Магдинчев беше очекуван. Белоруската двојка била супериорна во текот на целито меч, повбедувајќи со сигурни 3:0, по сетовите со 6:1, 7:6 и 6:1. За опстанок во оваа зона потребни на македонските тенисери им се неопходни победи во двата поединечни меча што се играат в недела. Прво во 9 часот утрото Димитар Грабулоски ќе се сретне со Уладзимир Игнатик, а по тој меч, доколку победи македонскиот тенисер ќе решава дуелот меѓу Лазар Магдинчев и домаќинот Андреј Василевски. Победникот од овој меч обезбедува директен опстанок во првата Евро-африканска зона, а поразениот во септември ќе гостува кај Словачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето
Foto/EPA
Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето.
Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Оние кои нема да завршат меѓу првите осум на табелата и нема да обезбедат продолжен одмор до следниот натпревар, ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
Табела:

Двојки за последното, 8.коло:

Спорт
Јан Облак во клубот 100
Голманот на Атлетико Мадрид, 33-годишниот Јан Облак, влезе во елитниот клуб на Лигата на шампионите во натпреварот против Галатасарај. Турскиот клуб и Атлатико одиграа 1:1, во седмото коло.
Облак, го одигра 100-ти натпревар во Лигата на шампионите. Тој стана првиот словенечки играч кој ја достигнал таа бројка во најелитното европско клупско натпреварување. Воедно тој е вториот фудбалер на Атлетико кој достигнал 100 натпревари за „јорганџиите“ во Лигата на шампионите, по капитенот Коке (108).
Исто така, Јан Облак стана петтиот играч со 100 или повеќе натпревари во Лигата на шампионите под водство на истиот тренер. Коке, како и Облак, го постигна овој подвиг под водство на тренерот Диего Симеоне.
Пред нив, легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гари Невил, влегоа во клубот 100 под водство на Алекс Фергусон.
Foto/ depositphotos
Спорт
Бејл: Тренерот во Реал треба да менаџира, а не да тренира
Пораншениот фудбалер на Реал Мадрид, Гарет Бејл, кој освои пет титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, се осврна на неодамнешното заминување на тренерот Чаби Алонсо.
Велшанецот коментираше за причините, зошто мандатот на шпанскиот стручњак на не ги исполни очекувањата, пишува „Марка“.
Во разговор за „Ти-Ен-Ти Спортс“, Бејл прво го пофали Алонсо, истакнувајќи ги неговите успеси.
„Алонсо е неверојатен тренер. Тој освои што освои во Баер Леверкузен, освои трофеи, го водеше тимот неверојатно добро. Но, кога доаѓате во Реал Мадрид, не треба да бидете тренер, туку менаџер. Треба да управувате со егата во соблекувалната“, рече тој.
„Не бев изненаден кога доби отказ. Знам многу добро како функционира Реал. Ако нема резултати, дури и ако не е особено длабока криза, тренерот е поранешен тренер“, додаде тој.
Бејл објасни дека во соблекувална полна со врвни играчи, клучен е поинаков пристап.
„Мора да милувате егото. Не мора да се прават толку многу тактички работи. Има суперѕвезди во соблекувалната кои можат во секунда да го сменат текот на натпреварот во една секунда. Значи, да, можете да видите дека тој е одличен тренер и тактичар, но во Мадрид, очигледно, тоа не функционираше“, заклучи Бејл.
Foto/ depositphotos

