Контакт

Спорт

Френк Лампард: Вејн Руни е најдобриот

Објавено пред

Офанзивниот фудбалер за врска на Челзи, Френк Лампард, го издвои напаѓачот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни како најдобриот фудбалер со кој имал шанса да игра во кариерата.

dobivaj vesti na viber

„Руни е најдобар. Кога тој се појави на сцената во Англија со само 17 години и играше на ЕУРО 2004 покрај мене, никогаш не сум видел нешто како него со таква моќ и сите останати атрибути кој тој ги има. Како играч од средниот ред, веднаш штом ја добијам топката сакам да ја додадам зад противничките одбранбени фудбалери. За тоа потребен ми е некој кој ќе биде во напад и во добра ситуација. Кога ќе започнете да играте со Руни, ќе сфатите дека неговото чувство за игра е извонредно. Тоа е неговото главно оружје – чувството за играта. Франко Ѕола е топ класа – како фудбалер, како човек и сега како тренер. Тој се уште е еден од најдобрите, но фудбалот кој го продуцира Вејн Руни за Англија го прави многу, многу посебен фудбалер“, изјави Лампард.Френк неколкупати досега во јавноста го истакнува фактот дека Руни е вонсериски фудбалер, но најверојатно никогаш истите двајца нема да заиграат за ист клуб.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Струга ја победи Шкендија во Тетотво – Еден бод ја дели од шампионскиот пехар

Објавено пред

Фудбалерите на Струга го добија дербито за шампионската титула. Актуелните шампиони во Тетово славеа над Шкендија со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Головите за Струга ги постигнаа Бесарт Ибраими ов 43.минута. Најдобриот стреец во историјата на Првата македонска фудбалска лига, погоди од 20-тина метри. Победата на Струга ја потврди неговиот партнер во нападот, Марјан Радески во 48.минута.

Струга на врвот има три бода повеќе од Шкендија, за да ја одбрани титулата во последното коло ќе и биде доволен еден бод против Шкупи.

Резултати, 32. коло:

Гостивар-Работнички 0-0
Македонија ЃП-Брегалница 2:1
Силекс-Вардар 1:1
Шкупи-АП Брера 0-0
Шкендија-Струга 0:2
Тиквеш-Воска спорт 0:0

Табела:

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Нов гол на Миовски за Абердин

Објавено пред

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја продолжи гол-серијата во Премиер лигата на Шкотска. Миовски постигна еден гол во убедливата победа на Абердин кај Хибернијан.

dobivaj vesti na viber

Миовски во 52.минута постигна гол за 3:0. За него ова беше 16.гол во шкотската Премиер лига, вкупно 26. во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Абердин се наоѓа на седмото место во Шкотска, до крајот на сезоната ќе одигра уште два натпревари, прптив Ливингстон и Рос Каунти.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Проектилот на Де Пол го доближи Атлетико до ЛШ – Симеоне ја забележа 400. победа со „јорганџиите“

Објавено пред

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Селта со 1:0 на „Метрополитано“ во 35.коло од Ла Лига.

dobivaj vesti na viber

Херој во победата на Атлетик беше Родриго Де Пол, кој во финишот, во 84.минута, постигна еврогол за три бода со кои „јорганџиите“ веројатно го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите. Ова беше 400. триумф на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, во Ла Лига.

Атлетико доминираше во текот на целиот натпревар, но имаше проблем со реализиацијата.

На голотна Селта блескаше Гуаита, кој имаше седум интервенции.

Селта единствената шанса за гол ја имаше во 59. минута кога ударот на Јаго Аспас спектакуларно го одбраи Јан Облак.

Атлетико на четвртото место има 70 бодови, осум повеќе од Атлетик Билбао, додека Селта е 16. со 34 бодови, пет повеќе од Кадиз кој е првиот тим под цртата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија3 часа

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ3 часа

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...

Македонија4 часа

(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“

Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка...

Македонија5 часа

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија6 часа

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...

Забава7 часа

(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“. Немо...

Свет8 часа

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога...

Свет11 часа

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против...

Забава11 часа

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито. На второто место е Хрватска...

Македонија12 часа

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени...

Македонија12 часа

Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови...

Забава20 часа

(Видео) Грузија со песна на Дарко Димитров настапи во финалето на Евровизија

Македонскиот композитор Дарко Димитров е автор на песната Firefighter, со којашто Грузија вечерва настапи во евровизиското финале. Земјата успеа да...

Македонија1 ден

Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени

ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници...

Македонија1 ден

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски,...

Македонија1 ден

Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата...

Македонија1 ден

Силјановска на нејзиниот роденден го доби уверението за претседател, ДИК и’ посака успешен мандат

Државната изборна комисија и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ...

Македонија1 ден

Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е...

Свет1 ден

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа...