Спорт
Диего Марадона се поврзува со место во управата на Портсмут
Селекторот на Аргентина, Диего Марадона се поврзува со преселба во Портсмут, кој доби нов сопственик во името на Сулејман Ал ФахимСо Полт Харт потврден како менаџер на Помпеите, Диего Марадона во Портсмут би ја добил улогата на директор за фудбал.
Arabianbusiness.com – веб страна која е блиска до новиот сопственик на Портсмут – објави интервју со адвокатот на Марадона, Ангел Оскар Мојано, кој признава дека селекторот на Аргентина е заинтересиран за преселба во Портсмут.Мојано е цитиран како вели: “Диего Армандо Марадона е подготвен да се пресели во Портсмут. Тој е подготвен да ја напушти селекторската позиција во Аргентина.”Исто така и медиумите од Аргентина говорат за можноста Марадона да се пресели во Портсмут.Веб страната clarin.com вели дека Ал Фахим сонува за соработка со Марадона и ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.“Ми се допаѓа предизвикот да започнам со некој мал и да го направам голем.” – Ал Фахим е цитиран.“Не знам дали Марадона е добар тренер. Но Мислан дека тој треба да биде претседател на клуб и да го има правото да избира играчи кои треба да се купат.”За Меси, Ал Фахим рече: “Поради него ги сакам Аргентинците.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година.
Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски.
Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто.
Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.
Според претходните најави, токму ова го сакаше Левандовски, бидејќи ужива во Барселона со своето семејство и со задоволство би останал на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.
Foot/ depositphotos
Спорт
Пропадна трансферот на Матета во Јувентус
Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус.
Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.
И покрај тоа што му пропадна трансерот, не значи дека Матета дека ќе остане во Кристал Палас.
Астон Вила продолжува да покажува интерес за Матета и како што сега стојат работите од Бирмингем се подготвени да ја платата сумата што ја бара Кристал Палас.
За Матета, клубот од Лондон бара 35 милиони фунти (околу 40 милиони евра / 47 милиони долари).
Foto/ depositphotos

