Спорт
Агентот на Ето: Се договоривме со Интер

Хосеп Мариа Месаљес вели дека тие денес посигнале договор со екипата на Интер и очекува на почетокот од следната недела Ето да стави потпис на договорот со Нероаѕурите.
Големата зделка помеѓу Барселона и Интер, во која се вклучени Златан Ибрахимович, Самуел Ето и Александер Хлеб конечно е пред разрешница.Камерунскиот интернациналец денес постигна договор со управата на Интер за своите лични барања и единствената дилема во целиот трансфер е разрешена.Медиумите од Италија велат дека Ето прифатил петгодишен договор со годишна плата од 10,5 милиони евра плус бонуси во зависност од успесите на Нероаѕурите. “Се е готово, постигнат е договор помеѓу нас и Интер.” – рече Месаљес на аеродромот пред да замина за Шпанија.“Самуел вчера разговараше со Мурињо и тој е многу среќен. Ги договоривме сите детали, со Нероаѕурите и сме среќни и задоволни.”“Следната недела ќе се комплетира зделката (понеделни, вторник) и тој ќе започне да работи со Интер: останува уште да се стави потпис на договорот (пет години) и тој ќе биде на располагање на Мурињо.”Со потврдувањето дека е постигнат договор помеѓу Самуел Ето и Инетр, се дава зелено светло за комплетирање и на преселбата на Златан Ибрахимович во Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Васер останува шеф на Ферари

Французинот Фредерик Васер го продолжи договорот со Ферари и ќе остане директор на италијанскиот тим од Формула 1, објави денес Ферари.
Васер, стана шеф на Ферари на почетокот на 2023 година. Италијанските медиуми шпекулираа дека неговата иднина е неизвесна, поради незадоволителната прва половина од сезоната, но него јавно го поддржаа возачите на тимот, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња, изјави дека одлуката за продолжување на соработката е заснована на доверба и заедничка амбиција.
Иако Ферари сè уште го држи рекордот по број на освоени шампионски титули во конкуренција на конструктори, последната титула датира од 2008 година, додека последен пат славеа во конкуренција на возачи во 2007 година со Кими Раиконен.
Васер се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека го чека нов предизвик откако „постави цврсти темели“ во текот на првите 30 месеци на чело на тимот.
Во овогодинешното првенство, Леклер и Хамилтон го заземаат петтото и шестото место во генералниот пласман, додека Ферари е втор во конкуренцијата на конструктори, 268 поени зад лидерот Мекларен.
Спорт
Шест месеци по трансферот од Палмеирас, дефанзивецот сака да го напушти Сити

Витор Реис, суперталентираниот 19-годишен стопер, сака да го напушти Манчестер сити.
Бразилецот пристигна во Англија во јануари оваа година во трансфер вреден 30 милиони евра од Палмеирас.
Поради малата минутажа кај Пеп Гвардиола, тој сега сака да оди на позајмица во клуб каде што ќе добие шанса да игра во континуитет.
Рубен Дијаш, Јошко Гвардиол, Мануел Аканџи, Нејтан Аке, Џон Стоунс и Абдукодир Хасанов моментално се на неговата позиција во клубот, младиот Бразилец е свесен дека ќе има малку можности за игра.
Англиските медиуми ги споменуваат Порто и Баер Леверкузен како опции за Реис.
Фото/ Принскрин
Спорт
Тадиќ се договорил со Црвена звезда?!

Шампионот на Србија, фудбалскиот клѕб Црвена звезда, по трансферот на Марко Арнаутовиќ, подготвува уште една „бомба“ на трансфер пазарот. Медиумите во оваа земја тврдат дека часови го делат Душан Тадиќ од трансфер во црвено-белиот клуб.
Тадиќ треба да им се придружи на црвено-белите пред двомечот со полски Лех во квалификациите за Лигата на шампионите.
Со Тадиќ и Марко Арнаутовиќ во тимот, црвено-белите би имале повеќе од респектабилен тим дури и за концептите на европската елита.
„Генералниот директор на црвено-белите Звездан Терзиќ успеа во она што се обидуваше да го направи во претходните недели, бидејќи Тадиќ се согласи на сите понудени услови во среда вечерта и потпиша договор со актуелниот шампион на Србија“, пишува „Мондо“.
Терзиќ неодамна откри дека ако Тадиќ се согласи на понудата на Звезда, ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на српскиот фудбал. Се шпекулира дека со бонусите плата на Тадиќ би била три милиони евра.
„Тој е паметен човек, многу размислува за фудбалот, тактиките, кога го слушам како размислува, ќе биде одличен тренер, сè ќе му биде полесно ако ја заврши кариерата во Звезда“, рече Терзиќ пред неколку дена.
Тадиќ пристигнува во Црвена Звезда откако ја заврши двегодишната соработка со турскиот гигант Фенербахче, а пред тоа го носеше дресот на Ајакс, Саутемптон, Твенте, Гронинген и Војводина, каде што ја започна својата сениорска кариера.
Се шпекулираше дека и Атлетико Мадрид бил заинтересиран за него, но двете страни не успеале да постигнат договор, а Војводина од Нови Сад исто така се надеваше дека ќе го врати во своите редови.
Во својата кариера, Тадиќ постигна 231 гол со 265 асистенции во 770 натпревари. За Србија има рекордни 111 настапи и 23 гола и 40 асистенции.