Спорт
Нови пет рекорди на Светското првенство во пливање
Пет рекорди беа срушени на денешниот втор натпреварувачки ден на Светското првенство во пливање
Сара Сјонстром повторно пријатно го изненади пливачкиот свет откако го освои второто злато и вториот светскирекорд овој пат во 100 метри пеперутка со ново време од 56.05. Џесика Шипер го освои среброто, а Јао Лиу Јангбронзениот медал. Брендон Рикард во првото полу-финале само го продолжи симнувањето на границата со нов рекорд на 200 метри градно а на подиумот се искачија и Хуго Дубоск и Камерон Ван Дер Бург. Американката Ребека Сони во втората полуфинална трка на 100 метри градно го помести светскиот рекорд и сега тој гласи 1.04.84. Анастасија Зуева од Русија постави нов светски рекорд во првата полу-финална трка од 58.48 во дисциплината 100 метри грбно.Андријана Кукорс од САД пак освои злато со нов светски рекорд на 300 метри мешано со време од 2.06.15. Пријатно изнендување повторно приреди Пол Бидерман од Германија откако исплива подобро време од фаворит Мајкл Фелпсна 200 метри слободно. Времето на Бидерман е 1.43.65 а на Фелпс 1.45 23. Разочарувањето на денот беше американскиот фаворит Арон Пирсол кој не успеа да се пласира во финалето на100 метри грбно откако заврши на четврто место зад Кога Јануа од јапонија Хелге Меу од Геманија и Росуке Ирие од Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Далиќ: Изгледавме немоќно
Репрезентацијата на Хрватска загуби од Шпанија со 3:0 во 1. коло од групата Б на Европското првенство. Головите за Шпанија ги постигнаа Алваро Мората во 29. минута, Фабијан Руиз во 33. минута и Дани Карвахал во 45. минута.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, на прес конференцијата рече дека неговиот тим го заслужил поразот.
„Секоја чест за Шпанија. Почнавме доста тешко, потоа се прегупиравме и потоа таа длабока топка за која зборувавме не отвори и Мората постигна гол. Наша грешка, работевме на тоа и примивме гол од ситуација на која предупредувавме.
Она што ме изненади од наша страна е што стоевме предалеку од играчите. Дадовме премногу простор на нивната предна линија, бевме премногу бавни, предалеку и не бевме агресивни.
Рековме дека треба да играме со многу помалку допири, рековме дека треба да ја свртиме страната во два допири и не го прававме тоа добро. Високиот пресинг не беше пресуден“, рече Далиќ.
Во второто коло, за четири дена Хрватска ќе игра против Албанија.
Спорт
(Видео) Шпанија за полувреме ја декласира Хрватска
Фудбалерите на Шпанија ја декласираа Хрватска со 3:0 (3:0), во првиот натпревар од групата Б на ЕУРО 2024. Сите дилеми околу кончениот победник на Олимпискиот стадион во Берлин Шпанците ги решија во првиот дел кога ги постигнаа головите.
Шпанците доминираа во поседот во првите 15 минути, а кога Хрватите дојдоа до здив и полека ја презедоа контролата врз играта, доживеаја нокут.
Најдобриот играч на теренот, Фабијан Руиз, во 29.минута со вертикално додавање ја распара хрватската одбрана, Мората излезе сам пред Ливаковиќ и рутински ја заврши акцијата.
Три минути подоцна, минијатура на Руиз, кој се ослободи од тројца играчи и со удар од 15 метри го совлада Ливаковиќ.
Интересно веднаш по шапнските голови Хрватите имаа добри шанси, но најпрвин Ковачиќ, а потоа и Брозовиќ не успеаја да го совладаат Симон.
Во финишот на првиот дел, во 42.минута супер шанса пропушти и Гвардиол. Катастрофата на Хрватска во првиот дел ја комплетираше Дани Карвахал во втората минута од судиското надополнување на времето. За Карвахал ова беше прв гол во дресот на националниот тим.
Резултатот на полувремето им овозможи на Шпанците да ја умртват играта во вториот дел . Во 55.минута, Хрватска имаше голема шанса, ударот на Станишиќ во последен момент го блокираше Кукуреља, а во продолжението на акцијата Симон од глава му ја симна топката на Крамариќ.
Хрватите имаа уште една голема шанса, во 80.минута Симон со аматерска реакција им подари пенал на противниците. Глманот на Шпанија сепак ја исправи својата грешка, го одбрани пеналот на Петковиќ. Напаѓачот на Хрватска од втора шанса постигна гол, кој беше поништен поради офсајд.
На овој натпревар Алваро Мората стана третиот најдобар стрелец во историјата на Европските првенства. Против Хрватска го постигна седмиот гол на континеталните шампионати. Само Кристијано Роналдо со 14 и Мишел Платини со девет имаат повеќе голови на ЕП.
Вундеркиндот на Барселона, Јамин Ламал, стана најмладиот фудбалер кој настапил на едно ЕП и најмлад асистент на натпревар на ЕП.
Во второто коло Хрватска ќе игра против Албанија, а Шпанија против Италија.
Спорт
(Видео) Шпанија со два гола за три минути ја нокаутира Хрватска
Шпанија на „Олимпискиот стадион во Берлин, во дербито на првото коло на Европското првенство, води против Хрватска со 3:0.
Шпанците доминираа во поседот во првите 15 минути, а кога Хрватите дојдоа до здив и полека ја презедоа контролата врз играта, доживеаја нокут.
Најдобриот играч на теренот, Фабијан Руиз, во 29.минута со вертикално додавање ја распара хрватската одбрана, Мората излезе сам пред Ливаковиќ и рутински ја заврши акцијата.
تابع الحساب الاساسي : @iT7HD#EURo2024 pic.twitter.com/40qCVnejUA
— تغطيات HD (@LupePaskel88000) June 15, 2024
تابع الحساب الاساسي : @iT7HD#EURo2024 pic.twitter.com/Jm8ay3cmJg
— تغطيات HD (@LupePaskel88000) June 15, 2024
Три минути подоцна, минијатура на Руиз, кој се ослободи од тројца играчи и со удар од 15 метри го совлада Ливаковиќ.
Интересно веднаш по шапнските голови Хрватите имаа добри шанси, но најпрвин Ковачиќ, а потоа и Брозовиќ не успеаја да го совладаат Симон.
Во финишот на првиот дел, во 42.минута супер шанса пропушти и Гвардиол.
Катастрофата на Хрватска во првиот дел ја комплетираше Дани Карвахал во втората минута од судиското надополнување на времето. За Карвахал ова беше прв гол во дресот на националниот тим.