Спорт
Фаворитите потфрлија, анонимусите заблескаа
На речиси половина од С.П. во пливање кое се одржуваво Рим се срушија 18 светски рекорди и над 51 рекорди на првенствата.
Oд досегашните реултати во Рим слободно може да се констатира дека извиканите ѕвезди и неприкосновени фаворитипотфрлија да го оправдаат тој статус. Напротив, анонимуситеод кои не се очекуваше речиси ништо се токму тие за коисе зборува во суперлариви. Да започнеме со американскиот тим. Неколку децении наназад тиевладееа на тронот како пливачка супер сила, но работите почнаа да се менуваат со светлосна брзина во Рим. Најголемото име во тимот на САД Мајкл Фелпс по три месечната суспензија од Фина поради пушење марихуана не успева да се поврати на старите патеки.Тоа не му успеа на квалификациите пред 23 дена во Индијанаполис,, не му успева ниту сега. Во Индијанаполис, беше поразен од Арон Пирсол во неговата најдобра дисциплина 100 метра грбно, а сега во Рим тежок пораз му нанесе и германскиот пливач Пол Бидерман.Во првата квалификациона група на 200 метри слободно, Бидерманповторно го понижи освојувајќи подобро време за речиси две секунди.А во финалната трка се случи незамисливото. Бидерман му го зема рекордоот и златото. Очигледно дека трите месеци мирување и потценување на противниците си го направија своето, но остануваат уште 6 дена до крајотна првенството па треба да се почека конечниот исход. Сосема друга приказна во тимот на САД е Арон Пирсол.,,Кралот на грбното,, кој е неприкосновен во дисциплината 100 и 200 метри не успеа да се квалификува во финалето откако го освои четвртото место во втората квалификациона група, а во наредниве неколкудена сериозно му е загрозен и светскиот рекорд кој го постави во Индијанаплис.Во составот ги нема Јан Крокер ( кој се пензионира од пливање на само 24 годишнавозраст по разочарувањето во Пекинг). Кај женскиот дел од тимот истотака не е розева ситуацијата. Аманда Бирд, Кејти Хоф Натали Кохлин не се ни пласираа Во Рим, а единствената надеж доаѓа од Аријана Кукорс која освоизлато со нов рекорд на 200 метри мешано и Ребека Сони која освои злато на 100 метри градно. Големо разочарување е и фаворитот Роланд Шојман од Јужна Африка кој не успеа да се пласира во финалето на 50 метра градно откако во трката заблеска неговиотпомлад сонародник Камерон Ван Дер Бург кој освои нов Светски рекорд и но и Филипе Силва од Бразил. Разликата во годините во пливањето се можеби најголем фактор за силата, формата, и менталната сила на еден пливач. Шојман веќе се ближи кон триесетата година, и е на залезот на кариера а Ван Дер Бург со неговите 21 година е на самиот почеток. Се разбира има исклучоци, но тие се ретки. На пример Дејна Торес од САДво Пекинг одлично се натпреваруваше со пливачите кои беа дури две децениипомлади од неа а тогаш Торез имаше 42 години. Или пак примерот со Александар Поповпред пет години во Мадрид успеа да освои злато иако имаше 34 години. Во Рим работите се поинакви. Сара Сјостром од Шведска е името за кое целиот пливачкисвет зборува со воодушевување. Петнаесетгодишната тинејџерка успеа да сруши три рекорди, да освои едно злато и притоа да ја победи генијалната Џесика Шипер. Австралијанецот Брентон Рикард беше одличен на 400 метри слободно победувајќи го Осама Мелоули и на 200 метри градно. Не смее да се заборави и Анастасија Зуева од Русија. Деветнаесегодишната русинка е име за кое долго ќе се слуша откако успеа да и го одземе рекордот на Кристи Ковентри која моментални е тотално разочарување. Сепак Зуева немаше можност многу да се израдува на рекордот откакоГема Спофорт од Велика Бритенија и го озема уште даредниот ден. Данило Изотов пак од Русија пријатно изненади на 200 метри слободно кога успеа да се искачи на подиумот заедно со мајкл Фелпс и Пол Бидерман. По сите анализи, толкувања и прогнози може да се забележи дека Американскиот тим е во криза при смената на генерацииите. Границата на години за постигнување магични резултати постојано се намалува а ако сакаат понатамошен успех треба да го следат чекорот. Очигледно е дека не се повеќе светска сила и доминантен тим од којостанатите пливачи се плашат. Напротив со резултатите кои го постигнаа во Рим, европските пливаќи го потврдија сосема спортивното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Крвнички старт на Ридигер, евро-гол на Сатријано, два црвени картони и пораз на Реал од Хетафе
Фудбалерите на Хетафе, забележаа сензационална победа (0:1) на „Сантијаго бернабеу“, против Реал Мадрид во последниот натпревар од 26-то коло на шпанското првенство. Ова е прва победа на Хетафе на „Бернабеу“ по 18 години, односно од победата од 1:0 на 24 февруари 2008 година.
Гостите победија благодарение на спектакуларниот гол во 39-та минута, кога напаѓачот Мартин Сатријано ја затресе мрежата.
Сè и сешто имаше во малото мадридско дерби… Ужасниот страт на Ридигер, прекрасниот гол на Сатријано, нападите на Реал и два црвени картони во финишот.
Реал го контролираше натпреварот од самиот почеток, но Хетафе прв се закани. По центаршутот на Мауро Арамбари, левиот бек Диего Рико го гаѓаше подалечниот агол во 10-та минута, но Трент Александар-Арнолд и голманот Тибо Куртоа, успеаја да спреќат водство на аутсајдерот. .
Домашниот тим имаше фантастична можност три минути подоцна, кога топката ја загуби стоперот Себастијан Босели како последен играч во одбраната на Хетафе.
Винисиус излезе сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, но капитенот на гостите го одбрани неговиот удар.
Страстите зовреа по крвничкиот старт на Антонио Ридигер, врз Рико.
Германецот прво го фаулираше поранешниот фудбалер на Борнмут во нападот во 25-та минута, а потоа во следната акција го удри Шпанецот со колено во главата, додека Рико веќе лежеше на земја. Хетафе доби прекршок, но главниот судија не покажа картон, додека Рико врескаше од болки.
Шпанците веднаш ја нализираа целата ситуација и согласни се дека Ридигер морал да добие црвен картон.
— Has vini done 10x today? (@10xVini) March 2, 2026
Во 39-та минута се случи клучниот момент кога Сатријано фати полуволеј за водство на Хетафе.
Во второто полувреме, Реал целосно го „задуши“ противникот со својата игра, но не успеа да постигне ниту еден гол и да избегне пораз.
Четири одлични шанси имаше Реал, но играчот на натпреварот голманот Давид Сорија не дозволи да биде совладан.
Тензијата беше на високо ниво во текот на целиот натпревар, а на крајот, напаѓачот на Реал, Франко Мастантуоно, доби директен црвен картон откако нешто му дофрли на судијата.
Тоа се случи во петтата минута од судиското продолжение во второто полувреме, а само две минути подоцна, играчот на Хетафе, Адриан Лисо, доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.
На поразот на Реал најмногу се израдуваа во Барселона, Каталонците по 36 рунди имаат четири поени повеќе од најголемиот ривал и речиси отворен пат кон шампионската титула.
Foto/ EPA
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.

