Спорт
Боксерската репрезентација во посета на Агенцијата за спорт и млади
Во просториите на Агенцијата за млади и спорт директорот Драган Ѓурчевски ја прими македонската боксерска репрезентација во состав Вели Мумин, Димитар Ташков, Жута Факлум и Примислав Димовски кои од 28 август до 13-ти септември ќе учествуваат на Светското првенство во Рим
Боксерската репрезентација во изминатиот период беше на подготовки во Охрид и во понатамошниот период продолжува со подготовките во Софија, Бугарија каде ќе се подготвува во придружба на боксери од повеќе земји а предвидени се и спаринг-борби со квалитетни боксери кои ќе настапат на престојното Светското првенство. Репрезентативците од 10-ти август заминуваат во тренинг-кампот во Милано и ќе се подготвуваат три седмици пред почетокот на Светското првенство.Директорот Драган Ѓурчевски истакна дека целата македонска јавност ќе ги следи нивните настапи на Светското првенство и од нашите боксери ќе се очекува медали. Целокупните подготовки на репрезентацијата ги покри Агенцијата за млади и спорт, а македонските репрезентативци ја истакнаа својата благодарност за поддршката од страна на Агенцијата за млади и спорт и посочија дека преку овие континуирани подготовки ќе влезат во борбата за медал.Инаку следејќи ги досегашните примери за подршка на националните селекции и успешна презентација на меѓународно ниво, Агенцијата за млади и спорт обезбеди комплетно нова спортска опрема за настап на нашите репрезентативци на престојното светско првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.
„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.
Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.
Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.
Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.
Спорт
Димитиревски договорил четири годишна соработка со Валенсија
Репрезетативецот на Македонија Столе Димитиревски од наредната сезона ќе го носи дресот на Рајо Ваљекано. Бројни шапнски медиуми и најпознатиот транфер-инсајдер, Фабрицио Романо, објавија дека голманот со Валенсија потпишал четири годишен договор.
Столе Димитриевски по шест сезони, како слободен играч ќе го напушти Рајо Ваљекано. Од „Ваљехас“ ќе замине како голман со најмногу одиграни натпревари во клупската историја.
Во последното коло, против Атлетик Билбао на домашен терен Македонецот по 192. пат ќе застане на голот на Рајо Ваљекано.
Трансферот на Димитриевски значи дека Валенсија ќе ја напушти Грузиецот, Гиорги Мамрдашвили. Од неговиот трансфер Валенсија треба да заработи 30 или повеќе милиони евра.