Спорт
Бекам одличен, но Барселона победи
Дејвид Бекам ги замолча дури најстрогите критичари со прекрасен гол од слободен удар во ревијалниот натпревар против Лос Анџелес Галакси, но сепак Барселона издвојува победа.
Барселона со резултат 2:1 на гостински терен го победи Тимот на Лос Анџелес Галакси во најголемиот натпревар за Галакси во последните 15 години во Роуз купот. Голот на Педро Родригез му донесе водство на каталонскиот гигант, но слободниот удар на Дејвид Бекам пред полувремето ги врати Галакси во игра. Бекам и овојпат се судри со разбеснетите навивачи поради продолжениот престој во Милано. Сепак одличниот сободен удар ги омекна 93 137 фанови на стадионот во Лос Анџелес. Хефрен Сузарез ја расипа радоста на Бекам во 67-та минута откако погоди за сигурна победа на Барселона која доминираше на речиси целиот натпревар. „Јас уживав во мојот гол вечерва. Ќе има чудни реакции од поголемиот дел од луѓето, но 95 проценти од фановите беа неверојатни“ изјави Бекам по натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Курасао, најмала држава учесник на Светско првенство
Малата карипска нација Курасао стана најмалата земја во историјата што некогаш се квалификувала за Светското првенство во ФИФА.
Тимот на познатиот Холанѓанец, Дик Адвокат, одигра нерешено 0:0 против Јамајка во Кингстон во последното коло од квалификациите за зоната КОНКАКАФ.
Оваа мала островска нација, сместена во Карибите, има само 156.115 жители и површина од само 444 квадратни километри, а според двата критериуми ќе биде најмалиот учесник во планетарното натпреварување досега.
Курасао ги заврши квалификациите како единствена непоразена екипа на турнирот на врвот од Групата Б со 12 бода.
Тие го подобрија рекордот на Исланд кога се квалификуваа во 2018 година со население од нешто повеќе од 350.000.
Покрај Курасао, директно на Светското првенство, кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, се квалификуваа и Хаити и Панама.
Јамајка и Суринам ќе бараат место меѓу 48-те екипи преку интерконтинеталниот бараж.
Foto/ EPA
Спорт
Милевски ја презеде одговорноста за дебаклот во Велс
Серијата од две години без пораз во офоцијални натпревари, вкупно 14, во која се наоѓаше фудбалската репрезентавција на Македонија, заврши на „Милениум“ стадионот во Кардиф.
Велс, во последното коло во Ј групата, за пласман на Светското првенство, ја прегази Македонија со 7:1. Ова е вториот најтежок пораз во историјата на националниот тим. Втор пат Македнија прими седум гола на еден натпревар, претходно тоа се слуи на „Олд Трафорд“ против Англија (7:0).
Резултатот најдобро ја отсликува немоќта на македонските фудбалери на овој натпревар. По мечот селекторот Благоја Милевски ја презеде одговорноста за дебаклот.
„Немавме одговор за агресивната игра на Велс. Одговорноста е моја и секогаш ќе биде, начинот на кој загубивме боли повеќе“, рече Милевски.
Македонија сега ја очекува баражот за пласман на Мундијалот. Полуфиналните и финалните двојки ќе бидат извлечени в четврток во Цирих. Познато е дека во полуфиналето противник на Македонија ќе биде една од овие четири селекции: Италија, Данска, Турција или Украина.
Foto/ ffm.mk
Спорт
Можни противни во полуфиналето се Италија, Данска, Турција и Украина
Завршија европските квалификации за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Германија, Холандија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Австрија, Шпанија и Шкотска го обезбедија своето место на планетарната смотра.
Европа на Мундијалот ќе биде застапена со 16 селекции. Последните четири ќе бидат познати во март наредната година кога ќе се одигра плејофот.
Меѓу 16-те репрезентации се наоѓа и Македонија, која место во плејофот избори преку Лигата на нации.
Репрезентациите ќе бидат распределени во четири шешири, според рејтингот. Правилата се дека репрезентација од првиот ќе игра против репрезентација од четвртиот шешир, а оние од вториот за противник ќе имаат селекции од третиот шешир во полуфиналето.
Потоа победниците ќе играат во финалето, а само победниците од четирите финални натпревари ќе се пласираат на Мундијалот.
Прв шешир: Италија, Данска, Турција, Украина
Втор шешир: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Трет шешир: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Четврти шешир: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска
Македонија во полуфналето ќе игра на гостински терен, а можно противници се Италија, Турција, Данска или Украина.
Ждрешката за баражот ќе биде извршена во четврток, во Цирих, со почеток во 13 часот.
Foto/ EPА

