Спорт
Реал Мадид го потопи Торонто

Новите галактикоси го потопија ФК Торонто на нивен терен.
По два гола од легндата на клубот Раул Гонзалес, и по еден од Карим Бензема, Кристијано Роналдо и Арјен Робен, Реал Мадрид најавија дека новата сезона во Ла Примера и Лигата на шампионите ќе биде екстра возбудлива. Два убави гола од Раул во 12 и 25 минута и еден од најскапото засилување Роналдо во 18 минута му дадоа водство на Реал Дадрид уште во првата половина од првото полувреме во Торонто. Домашниот тим не можеше да се носи со искуството, талентот и нападот на момчињата од Мадрид па затоа мораше да се задоволи само со еден почесен гол од замената Гејб Гала во 75-та минута. За победата да биде ппубедлива се погрижија Карим Бензема со гол во 65 минута и Арјен Робен пет минути пред крајот на натпреварот. „Начинот на кој ја мрдаат топката надвор од шеснаесетникот е неверојатен. Тие можат да ја подадат топката дури пет пати пред голманот и да ја забележи.“ изјави голманот на домаќините Брајан Едвардс. Натпреварот го следеја рекордни 20 000 навивачи за клубот а помеѓу фановите беа и НБА ѕвездите Стив Неш и Крис Бош, поранешниот генерал на американската одбрана генрал Рик Хилер и шпанскиот амбасадор во Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Несторовски асистираше во поразот од Јуве, Милан без мунуција со Сасуоло (видео)

Италијанскиот шампион Јувентус без поголеми проблеми попладнево славеше триумф против екипата на Удинезе со 3-1
Кристијано Роналдо беше стрелец на првиот гол за „Старата дама“ уште во 9 минута по една одбиена топка. Португалецот прецизно стрелеше и при вториот гол на Јува, овојпат на асистенција на Гонзало Игуаин.
Уште во првиот дел домаќините речиси ја завршија работата. За 3-0 стрелаше дефанзивецот Бонучи погоди за предност од 3-0 на Јувентус.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски влезе во игра кај гостите во 87 минута, па се што успеа да направи беше асистенцијата за почесен гол за Удинезе за конечни 3-1.
Екипата на Милан не успеа да го искористи домашниот „Сан Сиро“, па со непопуларните 0-0 го заврши мечот со Сасуоло.
Болоња, пак забележа важна победа против изненадувањето во ЛШ, екипата на Аталанта со 2-1.
Спорт
Евертон зема бод од „Олд Трафорд“, Спарси во 91. ги стишаа „волците“ (видео)

Манчестер Јунајтед освои само бод на својот стадион против екипата на Евертон во рамки на 17 коло во Премиерлигата. Дуелот меѓу „ѓаволите“ и „карамелите“ заврши 1-1 со по еден гол во двете полувремиња.
Евертон прв стигна до предност на „Олд Трафорд“. Во 36. минута по еден корнер на гостите, топката несреќно удри во ногата на дефанзивецот на Јунајтед, Линделоф и заврши во мрежата на Де Хеа.
Манчестер имаше повеќе од играта, но никако не успеваа пулените на Солскјер да го загрозат голот на Пикфорт.
Сепак, тоа му појде од рака на Гринвуд кој со погодок во 78 минута и донесе еден бод на својата екипа.
Јунајтед денеска израмни негативен рекорд стар 48 години. „Ѓаволите“ на 12 меча во низа примаат најмалку по еден гол.
Тотенхем со Жозе Мурињо на чело на екипата дојде до важни 3 бода кај Вулверхемптон и тоа во самиот финиш на мечот.
Моура ги доведе Спарси во водсво на гостувањето кај „волците“ уште во првиот дел.
Во 67 минута на семфарот стоеше 1-1. Гол за израмнување дело на Адам Траоре.
Кога сите помислија дека мечот ќе заврши со поделба на бодовите, Вертоген во 91 минута погоди за 3 бода за Тотенхем на тешкото гостување.
Спорт
„Кралот“ го гледаше „принцот“, синот на Леброн го реши мечот (видео)

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс го гледаше средношколскиот меч меѓу екипите на Сиера Кењон и Винсент Сент-Мери, а причина за тоа е што неговиот наследник, Брони игра за Сиера.
Токму помладиот Џејмс го реши мечот со клучните поени за победа, по пресврт во самата завршница. Леброн од првиот ред го гледаше „раѓањето на новата кошаркарска ѕвезда“.
Во последната минута од мечот, Брони украде топка и ја заврши акцијата со положување. Тој мечот го заврши со 15 поени, па ја понесе МВП титулата.
На мечот имаше 15.000 публика.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде