Спорт
Шпанската фурија пристигна во Скопје
Натпреварот ќе започне со едноминутно молчење во знак на прерано починатиот фудбалер на Еспањол, Даниел Харке, а играчите ќе истрчаат на теренот со потпишани маички со бројот 21 г, кој го носеше и Харке до неговата смрт
Торес, Чави, Касилјас и останатите фудбалери од шпанската репрезентација пристигна денес во хотелот Александар Палас, пред утрешниот ревијален натпревар против македонската репрезентација.Натпреварот ќе започне во 21.30 минути. Шпанскиот тим денес во 19.30 часот ќе го одржи и првиот тренинг, а веднаш по нив со почеток од 21.30 часот и македонската репрезентација. Тренингот на шпанскиот тим ќе биде отворен за јавност само 15 минути. Пред самиот почеток на утрешниот натпревар, предвидени се музички точки на кои ќе настапат повеќе естрадни музичари како Борис Трајанов, Каролина Гочева, а исто така меморијални плакати со благодарност ќе му бидат врачени на премиерот Никола Груевски и фудбалерот Артим Шаќири. На самиот прес запрашан од новинарите како се чувствува за прв пат во репрезентацијата, новото име во шпанската армада дефанзивецот на Осасуна, Игнасио Монреал, изјави дека се чувствува добро и е задоволен од приемот од соиграчите. „Воопшто нема разлика на кое место на листата на ФИФА е репрезентацијата на Македонија. Нема да ни биде лесно бидејќи и вие како и нас се борите да се пласирате на СП во Јужна Африка“ изјави Икер Касилјас. А за искуството од играњето против нашиот Горан Пандев во Лигата на шампионите, Касилјас додаде: „Тој е добар напаѓач кој си ги покажува своите квалитети. Знам дека ќе биде многу важно за него и репрезентацијата да победат“.Тренерот на шпанската репрезентација Винсенте Дел Боске пристигна на пресот веднаш по Касилјас и Монреал. Тој не го објави составот од единесеттемина кои ќе настапат утре, а тој ќе зависи од калкулирањето на формата за да не им пречи во онатамошните квалификации. Само неколку часа претходно во хотелот Стоун бриџ, прес-конференција одржа и македонскиот селектор Мирсад Јонуз заедно со Гоце Седловски и Горан Пандев. „Познат ни е квалитетот на европскиот првак. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра со брзи додавања, но ќе биде тешко да се направи тоа. Мотивацијата кај играчите нема да изостане, впрочем противник ни е Шпанија. Таа е селекција чија тактика е добро позната“ изјави Јонуз. „Треба да дадеме максимум и да се обидеме да ја играме нашата игра. Од Шпанија како противник поголем мотив не ни е потребен“, додаде Пандев.Главен судија на натпреварот ќе биде Питер Винк од Норвешка, а ќе му помагаат Ари Бринк и Коен Дросте, а четврти судија ќе биде нашиот интернационален судија Александар Ставрев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

