Спорт
Шпанците пристигнаа, македонците се степаа
Шпанската фурија вечер со почеток во 21.30 часот го игра пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Македонија.
Инцидентот помеѓу Роберт Попов и Гоце Седловски стави темна дамка пред самиот натпревар,но фудбалерите ќе имаат можност да го поправат впечатокот денес со почеток во 18 часот кога и ќе поминат некое време со македонските навивачи.За време на тренингот Пандев ја фрлил топката кон Попов, кој ја чекал да ја удри со глава кон друг играч, а во истиот момент Седловски ја испружил ногата високо во воздухот со што и го удрил Попов во главата. Фудбелерите изјавиле дека Попов му понуидил 200 евра за да си отиде од тренингот, сума која е и казна за секој играч кој ќе си отиде од тренинг. Во тој момент Седловски истрчал до Попов и му удрил шлаканица а да бие побизарно Илчо Наумовски застанал настраната на Седловски.
Денес улиците Илинденска, Св Климент Охридски, Ленинова, Јордан Хаџи Конастантиов- Џинот и Наум Наумовски ќе бидат со посебен режим. Посетителите кои ќе пристигнат со мотори ќе можат да се паркираат на улиците помеѓу булеварот Илинден и булеварот Партизански одреди. Во шпанскиот состав, замената за повредениот Серхио Рамос, ќе биде Игнасио Монреал, а новото име во македонскиот состав е Агим Ибраими. Составот на Дел Бодске е сличен на тој од Купот на конфедерациите, со мали исклучоци. Пабло Хернандез од Валенсија и Фернандо Лориенте од Атлетико Мадрид сега се изоставени. Овој натпревар ќе биде посебен и по уште една причина. За прв пат по 3 години четири играчи на Реал Мадрид се во исто време во шпанскиот состав: капитенот Икер Касилјас, Алваро Арбелоа, Чави Алонсо и Раул Албиол. Дел Боске на вчерашната прес конференција не прецизираше кои 11 фудбалери ќе истрчаат на теренот, и разбирливо. Иако се веќе пласирани на светското првенство во Јужна Африка и последните две кола од квалификациите ќе бидат само формалност, тој не сака да ризикува ниту еден од играчите да се повреди на еден пријателски натпревар без никакво значење за нив. Се разбира тука е и фактот дека од 18 август почнува новата сезона од Лигата на шампионите, Европа купот и домашното првенство кое оваа година ќе биде посебно интересно. Дури и Рафел Бенитез барал од Дел Боске да бидат поблаги со Торес, бидејќи не може да си дозволи неговата најголема ѕвезда да се повреди.Фудбалерот на Лацио, Горан Пандев веќе има искуство во полнењето на мрежата на Касилјас, и минување преку скапата одбрана на кралевите, па вечер ќе видиме како ќе биде против Албиол, Марчена, Капдевилја и Монреал. И покрај првичните најави дека Артим Шаќири ќе истрча на теренот заедно со останатите 10 фудбалери, беше поврдено дека тоа нема да се случи. На Шаќири ќе му биде врачена само плакета со благодарност за целата негова пожртвуваност и целото негово залагање за македонскиот состав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.
Спорт
Феникс Санс го отпушти Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.