Спорт
Молњата повторно заблеска
Усаин Болт го зграби второто злато со нов светски рекорд во Берлин но, овојпат на 200 метри.
Феноменалниот Усаин Болт го подобри светскиот рекорд на 200 метри откако во вчерашната трка успеа да истрча неверојатни 19.19. Ова е за 11 секунди подобар резултат од олимпијадата во Пекинг кога времето кое Болт го истрча беше 19.30 и се сметаше за невозможно да се достигнат 19.32 кои ги постави Мајкл Џонсон во Атланта. „Се потрудив. Не беше добра трка но можам да кажам дека беше брза“ Алонсо Едвард со време од 19.81 го освои среброто а Валас Спеармон од САД бронзата со истрчани 19.85. Болт денес покрај медалот го слави и својот 23-ти роденден. Бланка Влашиќ по разочарувачкиот сребрен медал од Пекинг си ја поврати круната од Осака, со прексокнати 2.04 метри во нејзиниот втор обид. Ана Чечерова од Русија го освои среброто со прескокнати 2.02 а Ариане Фридрих со истата висина бронзата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Антонио Блекни во САД е обвинет за местење натпревари
Кошаркарот на Хапоел Тел Авив, Антонио Блекни, се најде во центарот на голем скандал, американското обвинителство го гони за учество во широка шема за местење натпревари во НЦАА и кинеската лига, за што наводно зарботил 200.000 долари.
Антонио Блекни е меѓу 20-те обвинети во голем скандал со местење кошаркарски натпревари кој, според обвинителите од Филаделфија, траел од септември 2022 до февруари 2025 година и вклучувал натпревари на НЦАА и Кинеската кошаркарска асоцијација (ЦБА).
Според обвинението, Блекни, додека играл за Џангсу Драгонс во Кина, се согласил намерно да потфрли на одредени натпревари за неговите соработници да можат да остварат профит од спортско обложување во САД.
Наводно, тој добил вкупно 200.000 долари за улогата.
Обвинителството тврди дека бил вклучен во шемата од Марвес Ферли и Шејн Хенен, кои потоа инвестирале големи суми пари во однапред договорени исходи.
Во еден натпревар во март 2023 година, Блекни постигна само 11 поени, што е далеку под неговиот просек во сезоната од над 32, додека неговиот тим бил поразен со дури 31 поен – сценарио што им донесе големи профити на обложувалниците.
Исто така, се тврди дека Блекни се обидел да ги вклучи своите соиграчи во местењето, и дека по „успехот“ во Кина, групата се свртела и кон натпреварите од НЦАА, со цел да ги спречи тимовите да ги покриваат хендикепите од обложувањето.
Блекни, поранешен НБА играч и еден од најдобрите стрелци во ЦБА, игра за Хапоел Тел Авив две сезони. Сезонава во Евролигата има просек од 13,8 поени и 2,4 скока по натпревар.
Истрагата е во тек, а случајот веќе е етикетиран како еден од најголемите скандали во модерната историја на кошарката.
Спорт
Арбелоа ќе му ја исполни желбата на Валверде
Алваро Арбелоа не се прослави на своето деби на клупата на Реал Мадрид. Великанот беше елиминиран од Албасете во осминафиналето на Купот, но младиот тренер се чини дека е подготвен да му понуди на тимот нешто ново додека ја извршува функцијата привремен тренер.
Арбелоа, според „Марка“, сака да ги смири страстите во соблекувалната и ќе го послуша она што го бара Федерико Валверде.
Имено, Уругваецот јасно кажал дека не сака да игра како десен бек, туку да дејствува исклучиво како играч од средниот ред, позиција на која игра во клубот и репрезентацијата.
Валверде, истакнува „Марка“, често им се жалел на челниците на клубот затоа што Карло Анчелоти и Чаби Алонсо го принудувале да игра на позицијата десен бек, а со Арбелоа таа опција повеќе не би требало да биде релевантна.
Реал има двајца докажани десни бекови: Дани Карвахал и Трент Александер-Арнолд, но проблемот е што тие често се надвор од теренот поради повреди.
„Кога не се подготвени или кога никој од нив не може да игра, Арбелоа ќе бара десен бек во младиот тим на Реал“, тврди „Марка“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шарлот ги прегази Лејкерси
Публиката во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, сведочеше на уште едно разочарување, откако нивните Лејкерси загубија од Шарлот Хорнетс со 117:135 (39:30, 16:34, 38:40, 24:31).
Ова е четврти пораз на Лејкерси во последните пет натпревари, три од нив се на домашен терен.
Падот на домашниот тим се случи во втората четвртина, која Хорнетс ја добија со 34:16, а таа предност ја зголемија во последната четвртина.
39-те поени на 27-годишниот ас Лука Дончиќ не им помогнаа на Лејкерси. Словенецот доби поддршка само од ветеранот Леброн Џејмс со 29 поени, девет скока и шест асистенции.
Хорнетс до победата ги предводеа Ламело Бол со 30 поени (девет тројки) со шест скока и 11 асистенции, Брендон Милер постигна 26, а Мајлс Бриџис поен помалку со осум скока и четири асистенции.
Резултати:
Детроит – Феникс 108:105
/Робинсон 19 – Ален 33/
Хјустон – Оклахома 91:112
/Дјурант 19 – Гилџис-Александер 20/
Мајами – Бостон 114:119
/Пауел 26 – Симонс 39/
Сан Антонио – Милвоки 119:101
/Вембањама 22 – Адетокумбо 21/
Далас – Јута 144:122
/Томпсон 26 – Сенсабах 27/
Голден Стејт – Њујорк 126:113
/Батлер 32 – Ануноби 25/
Портланд – Атланта 117:101
/Шарп 24 – Оконгву 26/

