Спорт
Гонзалес и Надал се пласираа во 1/4финалето
Рафаел надал од Шпанија и Чилеанецот Фернандо Гонзалес изборија меѓусебен дуел во четвртфиналето на УС Опен, последниот Грен Слен турнир оваа сезона.
Надал во осминафиналето го совлада Французинот гаел Монфилс со 6:7, 6:3, 6:1, 6:3. Французинот во првиот сет беше многу агрсивен и со напаѓачка игра успеа да го остави леворакиот тенисер далеку зад основната линија, а воедно да стигне и до почетна предност во мечот.Надал одигра многу квалитетен меч, а во неговата игра не се примети долгата пауза поради проблемите со обете колена, посебно со десното, како ниту стомачните проблеми кој ги чуствуваше во теот на предходниот дуел со сонародникот Николас Алмагро, кога неколку пати бараше помош од физиотерапевтот.Надал ја издвојува петтата победа во шестиот меѓусебен двобој со Монфилс. Французинот единствената победа ја забележа оваа година, на почетокот од сезоната, на турнирот во четвртфиналето на АТП Доха. Надал со оваа победа осигура враќање на втората позиција на АТП табелата следната недела, каде ке го прескокне Енди Мареј, кој минатата година играше во финалето на овој турнир, а на овогодинешното издание исгуби во осминафиналето, што секако ке го чинат многу изгубени поени.УС Опен, осминафинале, мажи:Гонзалес (11) – Т`сонга (7) 3:6, 6:3, 7:6, 6:4Надал(3) – Монфилс (13) 6:7, 6:3, 6:1, 6:3Предходно играа:Чилиќ (16) – Мареј (2) 7:5, 6:2, 6:2Дел Потро (6) – Х.К. Фереро (24) 6:3, 6:3, 6:3 По изгубениот тај-брејк во првиот сет, Надал во вториот направи брејк за 5:3, а потоа, со сигурен сервис стигна до израмнување на резутлатот во сетови. Третиот сет Надал го реши за само 28минути игра, а четвртиот го доби со два направини брејка и еден изгубен сервис.„Се пласирав по трет пат во кариерата во четвртфиналето на УС Опен, поради што сум многу, многу среќен. На овој турнир настојувам само да уживам во тенисот по враќањето. Ова е голем резутлат за мене, поголем од она што го очекував.“- изјави Надал.За полуфинале ке игра против Чилеанецот Фернандо Гонзалес, кој исто така го загуби првиот сет против уште еден французин, Жо-Вилфред Тсонга, но потоа како во случајот на Надал, направи пресврт по што дојде до победа од 3:1, по сетови 3:6, 6:3, 7:6, 6:4. Тсонга во текот на целиот меч искористи само една од укажаните 14брејк можности, што воедно на крајот излегува како клучен податок за поразот на овој перспективен француски тенисер. Гонзалес врвно го одигра тај-брејкот во третиот сет, со кој буквално ја „уби“ играта на противникот.Надал и Гонзалес играа досега девет пати. Шпанецот доби шест мечеви, од кој последните пет во низа, вклучувајќи и две овогодишни, на Австралија Опен во осминафиналето, и на АТП во Рим во полфиналето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вулверхемптон не се предава, го победи Ливерпул
Фудбалерите на Вулверхемптон, приредија уште една сензација во Премиер лигата. Откако одиграа 2:2 со Арсенал, успеаја да го победат Ливерпул со 2:1 (0:0) во 29-то коло од Премиер лигата.
Ливерпул пропушти шансата да се искачи на третото место, во самиот финиш „црвените“ израмнија, благодарение на Мохамед Салах, но домаќините го зададоа последниот удар.
Мрежите мируваа до самиот крај на натпреварот, кога домашните први се заканија и поведоа во 78-та минута, кога Родриго Гомес погоди за 1:0.
Ливерпул брзо одговори, само пет минути подоцна, израмни Салах.
Иако се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, Вулверхемптон успеа да ги изненади гостите од Ливерпул во судиското продолжение. Беше 94-та минута Андре го совлада Алисон и му обезбеди триумф од 2:1 на својот тим.
Последнопласираната екипа на табелата, која и по вечервашната победа има само 16 бода, покажа квалитет и силен карактер, и сосема заслужено го победи актуелниот шампион на Англија.
Ливерпул разочара и остана на петтата позиција со 48 бода, со три бода помалку од Астон Вила и Манчестер Јунајтед, директни конкуренти во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Премиер лига, 29-то коло
Вторник:
Борнмут – Брентфорд 0:0
Евертон – Барнли 2:0 (1:0)
(Тарковски 32, Дјусбери-Хол 60)
Лидс – Сандерленд 0:1 (0:0)
(Дијара 70п)
Вулверхемптон – Ливерпул 2:1 (0:0)
(Гомес 78, Андре 90+4 – Салах 83)
Среда:
20.30 Астон Вила – Челзи
20.30 Брајтон – Арсенал
20.30 Фулам – Вест Хем
20.30 Манчестер Сити – Нотингем Форест
21.15 Њукасл – Манчестер Јунајтед
Четврток:
21.00 Тотенхем – Кристал Палас
Спорт
Вардар 1961 избори место во осминафиналето во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 ја победија Бенфика во Лига Европа со 33:27 и обезбедија место во осминафиналето во ова натпреварување. Црвено-црните можат и до директен пласман во четвртфиналето, доколку во последната рунда не загубат во Мелсунген.
Вардар 1961 44 минути ја бркаше негативата од пет гола, од првиот меч во Лисабон. Имаа црвено-црните четири гола предност во првито дел, но Бенфика успеа да се консолидира и на полувреме се замина со резултат 15:14.
Црвено-црните подобро го отворија и вториот дел, потребната предност ја стекнаа во 44-та минута, а веднаш потоа се одлепија и на седум гола (27:20).
Бенфика се обиде да се врати во мечот, имаа Португалците 28:24 во 55-та минута, но Вардар 1961 го одби тој напад и на крајот славеше со шест гола.
Малус со девет и Воркапиќ со осум гола го предводеа Вардар 1961 до големата победа.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
(Видео) Барселона победи, Атлетико оди во финалето
Барселона, во полуфиналниот реванш во Купот на Кралот, го победи Атлетико Мадрид со 3:0, но не успеа да се пласира во финалето. Пресудна се покажа предноста на „јорганџиите“ од првиот меч (4:0). Барселона нема да го брани трофејот, а Атлетико се пласира во своето прво финале по 2013 година.
Реваншот на „Камп Ноу“ се одвиваше според предвиденото сценарио. Барселона константно вршеше притисок кон голот на Хуан Мусо (се истакна Аргентинецот со неколку изворедни одбрани), а Атлетико своите шанси ги бараше во контранападите.
Домашните фудбалери упатија 21 удар кон голот на Мусо, девет од нив одеа во рамките на голот, изведоа 14 корнери, но постигнаа само три гола. Атлетико, упати осум удари кон голот на Џоан Гарсија, два од нив во рамките на голот.
Бедемот на Атлетико беше непробоен до 30-та минута, кога Јамал испрати центаршут, а на два метри од голот Брнал, кој остана сам ја спроведе топката до мрежата. На истекот на првиот дел, голема шанса за Атлетико промаши Лукман, а во следниот напад Барселона доби пенал. Сигурен реализатор беше Рафиња.
Имаше Барселона неколку панси во вториот дел, Мусо беше одличен на голот, но капитулираше во 72-та минута кога повторно погоди Бернал.
До крајот двата тима имаа свои шанси кои не ги реалзиираа.
Атлетико во финалето ќе игра против победникот од баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. По првиот меч Сосиедад има предност 1:0.
Foto/ EPA

