Спорт
„Бет-енд-вин“ уште четири години ќе биде спонзор на Реал Мадрид
Реал Мадрид го продолжи договорот со „Бет-енд вин“ до 2013 година.
Уште четири години ќе стои името на австрискиот оператор за обложување на дресовите на Реал Мадрид, беше официјално објавено на страницата на „Кралскиот клуб“.„Бет-ендвин“ е лојален партнер којго разбира спортот, а особено фудбалот, и знае да го цени квалитетот. Тие знаат како да профитираат од емоциите кои се преточуваат од клубот Реал Мадрид, низ целиот свет.“ изјави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.Експертите велат дека продолжувањето на договорот за спонзорство со „Бет-енд-вин“ ќе му донесе на клубот повеќе од 20 милиони евра годишна заработувачка. Логото на „бет-енд-вин“ се појави на дресовите на Реал Мадрид во сезоната 2007/2008 со зделка која има донесе годишна заработувачка од 15-20 милиони евра.Претходниот спонзор на Реал Мадрид, „Бенкју“ неодамна прогласи банкрот. Реал мадрид во новата сезона, води на табелата во Ла Лига заедно со Барселона со 5 победи од исто толку одиграни кола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

