Спорт
Лацио царуваше во Софија, Андерлехт преживеа со десет играчи
Одиграно второто коло од Европа лигата.
Доцниот гол на Џонатан Лигер беше доволен Андерлехт да освои барем бод од натпреварот против Ајакс, кој и го смести на врвот во групата А. Овој резултат е сосема задоволувачки кога ќе се земе во предвид фактот дека само три минути пред голот Андерлехт остана без капитенот Џел ван Дам, а и Ајакс водеше со голот на Денис Ромедал. Во победата на Лацио во Софија против Левски од 4:0 во првото полувреме доминираше новото убиствено дуо кај „Лацијаните“ Матузалем и Зарате кои и ги постигнаа двата гола во првото полувреме. Победата ја направија поубедлива Мегани и Роки во второто полувреме. Динамо Загреб беше сигурен во Романија против Тимисоара каде со 3:0 се извади за поразот од Андерлехт во првото коло. Головите за Динамо ги постигнаа Баделј во 8-та, Самир во 52-та и Моралес во 59-та минута. Многу голови имаше и во групата Б каде Лил со 5:1 на гости ја торпедира Славија Прага.Славија водеше цело второ полувреме со голот од пенал на Белад, но во второто полувреме по автоголот на Суши, Лил се соземаа и успеаа уште четири пати да ја затресат мрежата на Славија. Два пенали беа досудени на натпреварот во Валенсија против Џенова, а конечниот резултат беше 3:2 за Валенсија благодарение на голот од пенал на Давид Вилја на десет минути пред крајот. Вилја го постигна и израмнувачкиот гол по шокот што го приреди Флокари. Натпреварот Селтик против Рапид Виена беше решен во првото полувреме. Јелавиќ рано ја шокира публиката во Глазгов но во 21-та Мекдоналд успеа да израмни. Дури шест гола беа постигнати во Хамбург против Хапоел Тел Авив. Два постигна Берг а по еден Елиа и Зе Роберто. Околу половина час пред крјот Тел Авив останаа без Бадир па Зе Роберто ја искористи можноста и го постигна четвртиот гол. Само еден гол беше постигнат во групата Д и тоа на натпреварот Спортинг Лисабон против Херта. Голот за Спортинг го постигна Адриен Силва.Фулам со голот на Дени Марфи минимално го совлада Базел.Панатинаикос со истиот резултат на гости го совлада Динамо Букурешт. Галатасарај одигра нерешено дома против Струм Грац. Беихлер погоди за водство на Струм но Барош не дозволи изненадување па погоди за израмнување во 63-та минута.Салзбург на домашен терен беше поуспешен од Вилјареал, а фенербахче на гости од Шериф. Мајсторскиот гол со глава на Мајсторовиќ беше доволен АЕК да ги освои трите бода против Бенфика, додека пак Евертон со пресвртот од Фелаини и Тим Кејхил во второто полувреме не дозволи изненадување во Белорусија против Бате Борисов.Бриж со голот на Перишиќ во судиското продолжение зграби бод од гостувањето во Тулуз. Конечниот резултат беше 2:2.Шахтјор Донетск со четири гола во мрежата на Партизан се искачи на врвот во групата Ј додека Партизан на натпреварот успеа да постигне само еден почесен гол. Фк Копенхаген со голот на Н,Доје минимално ја победи Славија Прага, а истиот резултат беше и во Ејндховен против Клуж. Драма во самиот крај на натпреварот имаше во Бремен на натпреварот Вердер Бремен против Атлетик Билбао. Хант и Налдо погодија за водство 2:0 а во судиското прдолжение се постигнаа дури два гола. Еден на Лоренте и еден од Фрингс од пенал за конечни 3:1 за Вердер. Шумахер израмни за Австрија Виена во натпреварот против Насионал. Рома со головите на Окака Чука и Перота во првото полувреме ја совлада ЦСКА Софија.Група А: Група Б: Група Ц:Андерлехт 4 Валенсија 4 Рапид Виена 4Динамо Загреб 3 Лил 4 Хамбург 3Ајакс 2 Џенова 3 Хапоел Тел Авив 3Тимисоара 1 Славија Прага 0 Селтик 1Група Д: Група Е: Група Ф:Спортинг 6 Фулам 4 Галатасарај 4Вентспилс 2 Базел 3 Панатинаикос 3Хееревен 1 Рома 3 Динамо Букурешт 3Херта 1 ЦСКА Софија 1 Струм 1Група Г: Група Х: Група И: Салзбург 6 Твенте 4 Евертон 6Лацио 3 Фенербахче 3 АЕК 3Вилјареал 3 Стеауа 2 Бенфика 3Левски 0 Шериф 1 Бате Борисов 0Група Ј: Група К: Група Л:Шахтјор 6 ПСВ 4 Вердер 6Тулуз 4 Клуж 3 Атлетик Билбао 3Бриж 1 Копенхаген 3 Национал 1Партизан 0 Спарта Прага 1 Австрија Виена 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

