Спорт
Барселона и Ливерпул на колена
Европскиот шампион Барселона како и Ливерпул се поразени во третото коло од Лигата на шампиони.
Барселона вчера на Ноу Камп претрпе тежок пораз од екипата на Рубин Казан во рамките на третото коло од Лигата на шампионите. Александар Рајазантсев уште во втората минута на натпреварот ја шокира Барселона со прекрасниот гол од речиси 40 метри и донесе молк на Ноу Камп. Рубин водеше се до почетокот на второто полувреме, кога големото засилување на Барса, Златан Ибрахимовиќ со убав гол го поправи впечатокот и за малку се мислеше дека Барселона ќе успее да го сврти на тпреварот во своја полза. Но, екипата на Рубин се созема и го возврати ударот, преку Гокдениц Карадениз, во 73-та минута, за резултат од 2:1 за Рубин Казан, а тој резултат остана се до крајот на натпреварот. Во групата Б, Интер одигра уште еден нерешен резултат, овојпат пртоив Динамо Киев. Исто како и на Ноу Камп така и на Џузепе Меаца, гостите рано го отворија резултатот, овојпат преку Тарас Микхалик, а Дејан Станковиќ израмни во 35-та минута. На почетокот на второто полувреме, автоголот на Лусио ги израдува гостите од Киев, но Волтер Самуел не дозволи ново изненадување во групата Б.Ливерпул е уште еден гигант кој претрпе пораз на домашен терен, сега од Олимпик Лион, и покрај фактот што водеа од 41-та минута со голот на Јуси Бенајун. Лион имаше убиствен финиш со головите од Доналон и Делгадо кон крајот на натпреварот. Вториот на Дегадо беше постигнат во судиското продолжение на натпреварот на Енфилд.Дури седум гола беа постигнати на натпреварот Дебрецен против Фиорентина, шест во првото полувреме, а во само првите десет минути дури три гола. Петер Цвитковиц ги доведе унгарците во водство, уште во втората минута, Адријан Муту израмни по само 4 минути, а Алберто Џилардино ја доведе Фиорентина во водство во 10-та минута. Муту го зголеми водството во 20-та а Гергели Рудолф повторно намали на 2:3 во 28-та минута. Сантана погоди за 2:4 и конечно во 88-та минута Адамо Коулбалу постигна гол за конечни 3:4.Во групата Г, двата домаќини изгубија од гостите.На натпреварот во Глазгов, беа постигнати дури три автогола, а конечниот резултат беше Глазгов 1, Униреа Урзицени 4. Севилја го победи Студгарт на гости со три гола во мрежата на Леман. Сквилачи погоди во двете полувремиња а Навас измеѓу двата гола. Елсон само го облажи поразот за Штудгарт. Арсенал доживеа непријатно изненадување кон крајот на натпреварот во Холандија со израмнувачкиот гол на Мендес во судиското продолжение. Олимпијакос со пресврт дојде до трите бода против Стандард, благодарение на головите од Митроглоу и Стотидис во двете пролувремиња.
Денес се играат натпреварите од групите А,Б,Ц,Д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во Турција приведени 17 судии и претседател на фудбалски клуб
Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата лига за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се приведени, објави новинската агенција Анадолу.
Истрагата на Турската фудбалска асоцијација откри дека 371 од 571 активни судии во турските професионални лиги имаат сметки за обложување, а дека 152 активно учествуваат во обложување.
Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова морална криза во турскиот фудбал. Исто така, по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивните помошници.
Foto/ EPA
Спорт
Анчелоти: Го изгубивме интересот за Лигата на шампионите
Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал. Елитното натпреварување го освои со Милан и Реал Мадрид. Од минатото лето тој е селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Во разговор со италијанските медиуми, тој беше доста остар кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, смета дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаело на недостатокот на квалитет во самото натпреварување.
„Гледајќи ја другата страна од светот, Лигата на шампионите секогаш ги има истите фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн. Во овие први неколку кола видовме натпревари со големи маргини. Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот“, рече Дон Карло.
Впечаток е дека Анчелоти смета дека европскиот фудбал се движи кон профитот, а не кон квалитетот.
„Оваа прва фаза беше продолжена за да се гледа поинтересен фудбал, но не е баш така, испадна поинаку. Мораме да го прифатиме тоа“, рече Анчелоти.
Спорт
Не оди без Харден и Ленард – ЛА Клиперс поразени во Феникс
Феникс Санс забележаа победа над ЛА Клиперс 115:112, во единствениот натпревар одигран изминатата ноќ во НБА лигата.
Клиперси добро се држеа во текот на целото прво полувреме, во кое се играше „кош за кош“, но нивната игра се распадна во третиот период.
Играчите на Феникс ја добија третата четвртина со 40:23 и со тоа повеќе или помалку го решија прашањето за победникот, бидејќи имаа +14 кога влегуваа во последната четвртина, а +22 не долго потоа.
Најдобар од победниците беше Девин Букер со 24 поени, шест скока и седум асистенции, а повратникот Џејлен Грин беше одличен со 29 поени.
На другата страна, најмногу се истакна хрватскиот центар Ивица Зубац со 23 поени и 11 скока. Кам Кристи постигна 17, а Џон Колинс 13 поени, а Богдан Богдановиќ 12 поени. За Клиперс не играа двајцата најдобри Харден и Ленард.

