Спорт
Четврто коло од кошаркарската прва лига на Македонија

Четири натпревари од 4. коло во кошаркарската лига на Македонија ќе се одиграат в недела, додека единствениот дуел за денеска е во Кавадарци меѓу Фени Индустри и Вардар 2000
Освен натпреварот Овче Поле – Плејмејкер Кубус што се игра во Свети Николе другите се играат во Скопје, а двојките се: АМАК СП – Пелистер, Торус – Работнички и Вардар Осигурување – МЗТ Скопје.Вардар Осигурување сега се наоѓа на првата позиција со максимални шест бодови.Дури пет екипи имаат освоено по пет бодови – Фени Индустри, Торус, Пелистер, Плејмејкер Кубус и Работнички.Вардар 2000 и МЗТ Скопје имаат по четири бода, додека без победа се АМАК СП и Овче Поле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Арсенал го победи Челси – Фулам го изненади Тотенхем

Арсенал го победи Челси со 1:0, а Фулам запиша триумф над Тотенхем 2:0 во 29.коло во Премиер лигата.
Арсенал го доби натпреварот со еден гол во првото полувреме и со тоа ја продолжи трката за титулата во Премиер лигата и Ливерпул кој е на првото место.
Се играше 20. минута кога Микел Мерино погоди на асистенција на Мартин Одегард за водство на домашните од 1:0.
Претходно, во 12. минута Деклан Рајс имаше одлична шанса да му донесе водство на својот тим, но не беше прецизен.
Челзи можеше да израмни во 37. минута, но голманот на Арсенал го одбрани обидот на Марк Кукуреља.
Во вториот дел Мерино ја имаше единствената вистинска шанса во 60. минута кога можеше да го реши победникот и да го удвои водството на Арсенал, но Роберт Санчез спектакуларно го одбрани неговиот удар.
Арсенал сега е на второто место со 58 бодови, 12 помалку од Ливерпул, додека Челзи е на четвртото место со 49 бодови.
Во наредната рунда ривали на Арсенал и Челси ќе им бидат Фулам и Тотенхем кои ги одмерија силите на „Крејвен Котиџ“.
Фулам победи со 2:0, со головите постигнати во второто полувреме.
Натпреварот беше изедначен, а потоа во 78. минута Родриго Муниз постигна гол за водство на Фулам од 1:0.
Победата ја потврди Рајан Сесењон во 88. минута од натпреварот, кога погоди за конечни 2:0.
Фулам е на осмото место со 45 бодови, додека Тотенхем е на 13. позиција со 34.
Спорт
Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Андреј Лазаров (25), фудбалер на Шкупи е еден од 59-те починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Претходно денеска Шкупи на социјалните мрежи објави дека неговиот Лазаров е надвор од животна опасност, но подоцна починал во болницата во Штип.
Како што информираат од Шкупи, Лазаров во дискотеката им помагал на останатите присутни да се извлечат, но на крајот се задушил во чадот.
„Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.
Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објави на социјалните мрежи неговиот клуб, Шкупи.
Лазаров во кариерата настапуваше во Металург, Работнички, Тиквеш во Македонија, односно Горица и Рудеш во Хрватска.
Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.