Спорт
ЦСКА го опшушти тренерот Хуанде Рамос по шест недели
Рускиот фудбалски клуб го отпушти тренерот
Фудбалскиот клуб ЦСКА Москва денес објави дека му врачил отказ на тренерот Хуанде Рамос (54) по само шест недели на тренерското место. На Хуанде Рамос му беше врачен отказ по неделниот пораз од ФК Москва од 3:1. „Од денес договорот со Хуанде Рамос е прекинат со заднички договор“, изјавија од клубот на официјалниот веб сајт на ЦСКА. На местото на Рамос е назначен поранешниот тренер на ФК Москва и Крилја Совијетов Самара, Леонид Слутски, а тој ќе остане тренер се‘ до завршувањето на првенството во Русија за две недели. Хуанде Рамос беше тренер на Севилја, Тотенхем и Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Стојановски и Панчевски од ШК Алкалоид беа најуспешните македонски играчи на Eвропските шампионати во забрзан и во брзопотезен шах
Европскиот шампионат во забрзан (рапид) шах се одигра на 7 и 8 декември со учество на околу 390 шахисти во 11 кола, а во секоја партија играчите имаа на располагање по 15 минути и бонификација од дополнителни 10 секунди за одигран потег. Велемајсторот Владимир Федосеев, играч со руско потекло кој настапува под знамето на Словенија, стана нов европски првак во забрзан шах освојувајќи 9,5 поени. Велемајсторите Антон Коробов од Украина и Бадур Јобава од Грузија со по 9 поени се најдоа веднаш зад него. Од 4. до 11. место беа група играчи со по 8,5 бода, а од 12. до 25. место група играчи со по 8 бода. Меѓу славните велемајсторски имиња на 18. место се пласира шахистот на ШК Алкалоид, интермајсторот Дејан Стојановски.
За мене ова е голем резултат, планина! За споредба, кога би бил овој резултат одигран на стандардно темпо на игра, би значел велемајсторска норма. Осумте бода од можни 11, без пораз, и пласманот во топ 20 на европско ниво доволно кажуваат, но за да го остварам тоа, навистина се внесов. Во овие два дена загубив три килограми од телесната тежина! Беше борбено, имаше неколку инфаркт-партии, а особено би ја издвоил онаа од 9. коло против романскиот шахист Филип Маголд, кога сѐ висеше, но се снајдов феноменално и победив. Ремизирав со играчот кој стана европски првак, Владимир Федосеев, како и со Јорден ван Форест, кој следниот ден стана шампион во блиц. Горд сум што рамноправно се носев во дуелите во кои квалитетот на партиите беше на екстремно високо ниво. Сето ова не би било можно без поддршката на мојот клуб Алкалоид, како и на компанијата што стои зад нас, вели ИМ Дејан Стојановски.
На Рапид-турнирот имаше околу 80 учесници од Македонија, при што втор најуспешен македонски играч беше ИМ Филип Панчевски на 57. Место, освојувајќи 7 поени во 11 партии. Со идентичен скор беше и ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, кој со постигнатиот резултат беше трет најуспешен меѓу играчите во категоријата играчи на возраст над 60 години, а воедно беше и најуспешен македонски шахист во оваа категорија. Исто така, Никола Радоњанин, кој е дел од младинската школа на ШК Алкалоид, со 5,5 бода беше најуспешен меѓу македонските претставници до 14 години.
На Европскиот шампионат во брзопотезен (блиц) шах играчите имаа по 3 минути време за игра и дополнителни две секунди бонификација за одигран потег. Овој турнир се одигра на 9 декември, а настапија околу 360 играчи.
Интернационалниот мајстор Филип Панчевски имаше уште едно одлично издание и беше најдобар играч меѓу македонските претставници освојувајќи 9 бода од можни 13, при што се најде во групата играчи од 20. до 32. место, а според тајм-брејк параметрите го освои 26. место, односно дваесет позиции повисоко од листата според стартниот рејтинг.
По долго време повторно играв на Европското првенство во рапид и во блиц шах, што, секако, беше големо искуство да се одмерат силите со најсилните европски шахисти. Турнирот во забрзан шах беше прв и таму играв тешко, но како поминуваа партиите влегов во игра и играв сѐ подобро и подобро. Европското првенство е силен турнир, за кој треба многу енергија. Блиц-турнирот го завршив со победа во последното коло, што секогаш ми носи големо задоволство. Иако посакував уште половина поен повеќе, задоволен сум од постигнатиот резултат, констатираше ИМ Филип Панчевски.
За одбележување е и тоа дека и на овој турнир повторно најдобар македонски играч до 14 години беше Никола Радоњанин.
ПР текст
Спорт
(Видео) Ова е најубавиот стадион во светот
Сити парк во Сент Луис, во Париз ја доби наградата Версај 2024, за најубав стадион во светот.
Наградата Версај ја доделува УНЕСКО, со прогласување на најдобрите архитектонски дела од повеќе области. Жирито составено од членови од целиот свет оцени дека стадионот на кој игра клубот од Мејџор лигата е најубав на светот.
Иако е релативно мал, со капацитет од само 22.500 гледачи, жирито процени дека стадионот има голем број придружни објекти кои првенствено служат на заедницата.
Стадионот е дизајниран од архитектонското биро ХОК и Сноу Крилик. Креаторите особено ја истакнуваат трибината за навивачки тапани, дизајнирана да го задржи звукот внатре во стадионот, намалувајќи ја вревата во околните улици.
Најдалечното седиште на трибините е оддалечено само 37 метри од теренот.
Сити парк е отворен во ноември 2022 година, за неговата изградба се потрошени 480 милиони долари. Ќе се користи за Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Гречен Велш урна рекорд од 2009 година
Гречен Волш го обележа почетокот на Светското првенство во 25-метарски базени, кое започна претпладнево во Будимпешта.
Американката во квалификациите исплива неверојатна трка на 50 метри дефин. Таа го собори светскиот рекорд со резултат 24,03 секунди.
За цели 35 стотинки ја надмина претходната граница на соништата, која од 2009 година беше во сопственост на легендарната Швеѓанка, Тереза Алсхамар.
На Олимписките игри во Париз, Гретчен освои четири медали, два златни и две сребрени. Таа беше второпласирана на 100 метри делфин.