Спорт
Вејн Руни во Барса?
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, може да стане дел од екипата на Барселона следното лето пишува „News of the World“
Вејн Руни, кој неодамна стана татко, може да биде и најплатениот фудбалер на денешницава, затоа што актуелниот европски и шпански шампион е подготвен да плати за него дури 95 милиони евра. Таа сума е за милион евра поголема од онаа што Реал Мадрид ја плати за Кристијано Роналдо.
Картата на која игра Барселона е големото задолжување на Манчестер Јунајтед, кој со продавање на најценетите играчи може да санира барем дел од своите долгови.
Весникот пишува дека големо прашање е дали Руни сака да го напушти клубот од Олд Трафорд со кој има договор до 2012 година.
„Јунајтед немаше избор кога Роналдо е во прашање, затоа што тој сакаше да оди на Сантјаго Бернабеу, но Алекс Фергусон се надева дека Руни ќе покаже помала желба за заминување“, наведува британскиот таблоид.
Фактот што неодамна жената на Руни, Колин се породи и го роди нивното прво дете, може да го саботира заминувањето на Руни во Шпанија, поради семејни причини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвешка со пресврт ја победи Шпанија, Исланд со триумф над Египет
Ракометарите на Норвешка и Исланд забележаа победи во последните натпревари од првото коло во главната фаза на 29. Светско првенство.
Норвешка со голем пресврт ја победи Шпанија 25:24 и ги освои првите бодови во групата. Нападот седум на шест во последните 20 минути и ја донесе победата на Норвешка. Шпанија во 41.минута имаше предност од пет гола (13:18). Норвешка полека ја топеше предноста на ривалот, со серијата 5:0 го реши прашањето околу победникот.
Проблем за Норвешка е повредата на Сагосен, се повреди во последната минута од натпреварот. Грендал беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола, шест постигна во вториот дел. Шпанија ја предводеше Гарсијандија со шест гола.
На табелата во оваа група води Португалија со пет бода, по четири имаат Бразил и Шведска, Шпанија остана на три, Норвешка имадва, а Чиле е без освоен бод.
Во Групата 4, Исланд го доби дуелот на непоразените репрезентации. Исланшаните славеа над Египет со 27:24.
Скандинавците ја одиграа својата игра, но ги неутрализираа бековите на Египет. Постојано водеа и го приведоа рутинскиот натпревар до крај. Блескаше Кристијансон со девет гола, еден помалку за Египет постигна Зеин.
Исланд сега има шест бода на првото место во Групата 4, додека Египет, Хрватска и Словенија имаат по четири.
Спорт
Турбо ракомет во Осло, по бод за Португалија и Шведска
Шведска и Португалија ремизираа 37:37 во првото коло, во Групата 3, во втората фаза на 29. Светско првенство во ракомет.
Врвен натпевар одиграа селекциите кои целат на пласман во четвртфиналето. Во текот на сите 60 минути се водеше изедначена борба, ниту една репрезентација немаше предност поголема од два гола.
Бод на Португалија и донесе Соуса во финишот на мечот. Интересно тој гол беше единствен за Соуса на натпреварот. Шведска потоа не го искористи последниот напад.
Фраде односно Лагергрен со по седум гола ги предводеа своите репрезентации.
Групата 3 ја предводи Португалија со пет бода, Шведска и Бразил имаат по четири, Шпанија со натпревар помалку три, без бодови се Норвешка и Чиле.
Во вториот меч одигран во терминот од 18 часот, во рамките на Групата 4, Хрватска ги декласира Зеленортските острови со 44:24.
Спорт
Бешикташ го размонтира Атлетик Билбао
Фудбалерите на Бешикташ го совладаа Атлетик Билбао со 4:1 во Истанбул, во претпоследното коло од првата фаза во Лига Европа.
Ова беше и деби триумф на Оле Гунар Солскјер на клупата на Бешикташ.
Блескаше во тимот на Бешикташ Милон Рашица со два гола и асистенција.
Рашица ја искористи првата добра шанса во 17. минута. Тој одлично ја смести топката на додавањето на Силва и погоди од работ на шеснаесетникот.
Билбао лошо го започна натпреварот, но вториот дел од првото полувреме беше значително подобар за нив. Унаи Гомез ја круниса добрата игра во финишот на првото полувреме. Тој во 45. минута со волеј го совлада голманот на Бешикташ и го израмни резултатот.
Домашните влегоафуриозно во вториот дел. Шанси имаа Имобиле, Силва и Рашица, а крилниот напаѓач на Бешикташ ја искористи шансата во 60. минута и вторпат му донесе водство на својот тим.
Билбао мораше да напаѓа, а Бешикташ тоа знаеше да го казни. Силва погоди во 77. минута, а точка на натпреварот стави со гол од пенал Жоао Марио во 92. минута.
Бешикташ со овој триумф значително си ги зголеми шансите за пласман во плејофот, со девет бода е на 18. место, а во последното коло игра со Твенте. Од друга страна, Билбао останува втор со 16 бодови.