Спорт
Уште шест слободни места на патот за Јужна Африка
Осум тима од Европа, и по два од Африка и Јужна Америка ќе се борат за последните шест слободни места кои водат кон Јужна Африка
Мирослав Блажевиќ од своите играчи побара во Зеница да ги нападнат португалците како гладни волци. Босна и Херцеговина го загуби првиот натпревар во Португалија со резултат од 1:0. „ Во наредните неколку дена јас ќе морам да креирам атмосфера помеѓу играчите за тие да ги напаѓаат португалците како гладни волци“ изјави Блажевиќ за Дневни Аваз пред само неколку дена. Португалците па од друга страна ќе бидат без својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо.Украина на домашен терен ќе ја пречека Грција, и по ремито без голови во Грција, Украина мора да се потруди за да се пласира на С.П. во Јужна Африка 2010 година. „Во Атина, игравме многу добро во одбраната, и верувам дека можеме да го повториме перформансот во Донетск. Грците дома играа со физички силен стил, но тоа беше дер игра без грубости. Можеме да очекуваме дека грците ќе продолжат со истиот стил во Донетск, и ние ќе бидеме подготвени“ изјави Андриј Шевченко. За реваншот во Донетс, тренерот Алексеј Михаиличенко може да смета на сите играчи освен на Григориј Јармаш кој се пожали на настинка, а неизвесен ќе биде настапот на Тарас Микхалик кој на претходниот натпревар го повреди десното колено. Тренерот на Русија, Гус Хидинк е оптимистички расположен дека ќе Русија ќе се пласира на С.П. во Јужна Африка и покрај гол предноста од гостувањето на словенците во Москва.„Се разбира дека бев разочаран со резултатот. Водевме 2:0 и имавме многу шанси да го зголемиме водството. Но сепак, не треба да одиме во екстреми, сепак го добивме натпреварот, и нема место за паника“.изјави холанѓанецот пред реваншот во Марибор. И Џовани Трапатони е оптимист пред натпреварот на Ирска против Франција, иако ирците дома загубија во првиот натпревар. Иако Трапатони е познат по катанаџо стилот на игра, дури и тој призна дека Французите се за класа подобри противници, барем на хартија.„Мораме да се потпреме на нашите силни точки и да се обидеме да ги искористиме слабите точки на Франција“ изјави Трепатони. Џовани Трапатони нема проблеми со составувањето на тимот, но тоа не може да го каже и Рејмодн Доменеш кој мака мачи со повредите на Џереми Тулалан и Еерик Абидал, а денес се потврди дека и играчот на Арсенал Абу Диаби ќе го пропушти натпреварот со Ирска.Во КОНКАКАФ зоната Уругвај има гол предност на гостински терен во пресрет на реваншот против Коста Рика, а Египет на домашен терен постигна предност од 2:0 против Египет во првиот натпревар, па во реваншот ќе има удобна предност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн стави вето на евентуалниот трансфер на Олисе
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен, стави вето на евентуалниот трансфер, на Мајкл Олисе. Наводно, интерс за Олисе покажал Ливерпул. „Црвените“ веќе сега бараат замена за Мохамед Салах.
„Teamtalk“, пишува дека Французинот е микс од креативност, тактичка интелигенција и е навистина готов производ. Го означиле како идеална замена за Салах, кој и покрај тоа шт има договор до 2027 година, се очекува во летниот преоден рок да го напушти „Енфилд“.
Олисе не брза да се врати во Премиер лигата. Тој играше до 2024 година во Кристал Палас, а во Баерн стана еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Даде 21 гол и 39 асистенции во Баерн.
Челниците на најтрофејниот германски клуб подготвиле нов договор за францускиот репрезентативец. Доколку ги прифати условите, Олисе ќе потпише со Баерн до јуни 2029 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Феенорд поради Стерлинг го пресели целиот тим во Белгија
Феенорд ќе тренира во следните седум дена во Белгија, наместо во Ротердам, со цел новото засилување Рахим Стерлинг да се вклопи во тимот што е можно поскоро, објавија британските медиуми.
Поранешниот англиски репрезентативец потпиша за холандскиот клуб минатата недела откако спогодбено се раздели со Челзи, но сè уште не може да тренира или игра во Холандија додека не добие работна дозвола.
Тренерот Робин ван Перси потврди дека тимот ги преместил подготовките во Тубиз, околу 137 километри од Ротердам, токму за да може Стерлинг да тренира со своите нови соиграчи.
„Една од причините е што Стерлинг може да тренира со тимот. Исто така, можеме да работиме на тимската култура. Ова е важно и за Рахим и за процесите низ кои поминуваме“, рече Ван Перси.
Стерлинг, откако го напушти Челзи, разгледа неколку опции, а според извори на Би-Би-Си, околу 18 клубови од Англија и Европа покажале интерес за него пред да се одлучи за Феенорд.
16-кратниот шампион на Холандија моментално е втор на табелата во холандското првенство, 14 бода зад лидерот ПСВ.
Стерлинг постигна 20 гола на 82 натпревари за Англија, но не играл за националниот тим од 2022 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мурињо: Судијата имаше запишано кој играч на Реал не смее да добие жолт картон
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во 85-та минута доби црвен картон. Му следува суспензија, ќто значи дека нема да биде на клупата за една недела, кога Реал и Бенфика ќе го одиграат реваншот. Првиот меч, вчера во Лисабон,з аврпи со победа 1:0 на Реал.
Жозе Мурињо заработи црвен картон поради жестоки протести. Тренерот на Бенфика побара жолт картон за Винисиус, односно исклучување за Бразилецот, но судијата Летексје не мислеше така, но, по бурните протести, на крајот му покажа црвен картон на Мурињо.
По натпреварот, тој откри што му рекол на судијата:
„Добив црвен картон затоа што кажав нешто што беше многу јасно. Судијата имаше хартија на која пишуваше „Чуамени, Карерас и Хаусен не смеат да добијат жолт картон“. Само му го кажав тоа. Сите знаеме како стојат работите.“
Foto/ EPA

