Спорт
Отворени општинските училишни лиги
Во спортската сала „Методија Андонов- Ченто“ во општината Гази Баба денес официјално беа отворени општинските училишни лиги
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и Директорот за млади и спорт Драган Ѓурчевски во спортската сала „Методија Андонов- Ченто“ официјално ги отворија општинските училишни лиги во повеќе спортови.Специјален гостин на настанот беше кошаркарската легенда Врбица Стефанов кој пред почетокот на натпреварот заедно со Тодоров и Ѓурчевски ги покажаа своите шутерски способности од линијата за слободни фрлања. Ова училишно натпреварување кое по четврти пат се одржува е во организација на општина Гази Баба, Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование.„Спортот е клучен за развојот на младината. Со спортот вие учите како да се радувате на сите победи меѓутоа и да ги поднесете поразите. Со тоа вие се тренирате за животот што е пред вас“, изјави министерот Никола Тодоров во својот говор.Во училишната лига учество ќе земат 13 основни основни училишта од Скопје.„Ова е уште една можност младите во Р. Македонија ди ги искажат своите квалитети во повеќе спортови. Сакаме во мај да им честитаме на победниците и сигурен сум дека во друга сала и во друг град заедно ќе прославиме за успесите на овој вид на натпревари“, изјави директорот на агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Данска ја победи Германија и стана првиот полуфиналист на Европско првенство
Данска ја победи Германија 31:36 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство. Германанија и Франција во директен дуел ќе решат за вториот патник во полуфиналето од Групата 1, откако Французите неочекувано загубија од Шпанија.
Данска во дуелот со Германија уште еднаш покажа зошто е најголемиот фаворит за титулата на Европското првенство.
Германците некако се држеа во првото полувреме, во кое не и дозволија на Данска да се одлепи на повеќе од три гола разлика, а по 30 минути имаа само гол негатива.
Данската машина, на погон на голманот Нилсен проработе во вториот дел. Стекнаа Данците предност од седум гола, а кога во ритам влезе и Питлик (постигна шест гола во низа), беше јасно кој ќе го добие мечот.
Гидсел и Питлик ја предводеа Данска со по шест гола, Нилсен имаше 14 одбрани. На проситвната страна Ушчинс беше најефикасен со шест гола.
Шпанија, претодно, приперди изненадување со победата над Франција 36:32. Французите во ниту еден момент не беа конкурентни, предност на Шпанците во еден момент од вториот дел изнесуваше седум гола. Благодарение на голманот Дебоне, Французите два пати дојдоа до гол негатива, но не успеаја да направат целосен пресврт.
Foto/ EPA
Спорт
Португалија и Норвешка ремизираа на ЕП
Португалија и Норвешка 0диграа без победник 35:35, во натпревар од четвртото коло, во Групата 1 на Европското првенство.
Динамичен и квалитетен натпревар одиграа двете репрезентации во Хернинг. Норвешка го контролираше натпреварот до 42.минута, кога Португалците ја презедоа иницијативата.
Во последните девет минути Португалците влегоа со предност од три гола, но не успеаја да победата. Се самоуништија во последните пет минути кога не реализираа два удари од седум метри.
На крајот можат да бидат задоволни со освоениот бод, бидејќи Лисе не успеа да реализира за Норвешка во последниот напад.
Уште еднаш, Педерсен беше најдобар за Норвежаните, кои сега постигнаа десет гола, додека Андерсон имаше еден гол помалку.
За Португалија, Лукас Фраде блескаше со 11 гола, Соуза имаше шест, додека браќата Коста постигнаа по четири гола. Гоеми залуги за освоениот бод има и голманот Валеро, имаше 12 одбрани, 10 од нов во второто полувреме.
И Норвешка и Португалија сега се на три бода, со минимални шанси некако да освојат едно од првите две места.
Во последното коло, Португалија ќе игра против Шпанија, додека Норвешка останува да се соочи со Данска.
Спорт
Бразилците сакаат да го задржат Анчелоти
Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (CBF), Самир Шауд, изјави дека италијанскиот тренер Карло Анчелоти би можел да остане селектор на националниот тим.
Анчелоти ја презеде репрезентацијата на Бразил во мај минатата година. Италијанскиот стручњак има договор со CBF до крајот на Светското првенство.
„Разговорите веќе се во тек, а двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката. Продолжувањето на договорот пред почетокот на Светското првенство е многу важно за бразилскиот фудбал. Секогаш велев дека верувам во среднорочни и долгорочни проекти. Анчелоти го потврди својот квалитет и компетентност за кратко време. Тој е совршен за бразилската репрезентација. Сакаме да му дадеме повеќе време да работи во бразилскиот фудбал“, рече Шауд за италијанската веб-страница „Туто Меркато“.
Анчелоти ја водеше бразилската репрезентација осум натпревари.
Foto/ depositphotos

