Спорт
Лионел Меси е добитник на „Златната топка“

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, е добитникот на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер која ја доделува францускиот весник „Франс фудбал“
Меси стана шестиот фудбалер од Барселона кој ја освоил оваа престижна награда, но првиот во рок од четири години по Роналдињо. „Искрено, знаев дека сум меѓу фаворитите, затоа што Барселона имаше плодна година, но не очекував да ја добијам наградата“, изјави Меси. Во резултатите од гласањето кои ги објави неделникот Меси води со 374 поени, пред Кристијано Роналдо од Реал Мадрид со 233 поени. Третото место го освои уште еден фудбалер на Барселона, Чави со 170 поени. Андрес Иниеста од Барселона се најде на четвртото место со 149, потоа следи Самуел Ето од Интер со 75, Кака од Реал Мадрид со 58, Златан Ибрахимовиќ од Барселона со 50, Вејн Руни од Манчестер Јунајтед со 35 поени, Дидие Дрогба од Челзи со 33 и на десеттото место се најде Стивен Џерард со 32 поени. Наградата „Златна топка“ ја доделува неделникот „Франс фудбал“ од 1956 година, а досегашните добитници на оваа награда се легендите како: Еузебио, Јохан Кројф, Франц Бекенбауер, Мишел Платини, Марко Ван Бастен, Дарко Панчев, и Зинедин Зидан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Партизан ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Партизан ја победија Будуќност од Подгорица во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата и ја освоија шампионската титула.
Партизан против Будуќност победи со 90:75 и ја освои рекордната осма шампионска и повторно стана најтрофејниот тим во историјата на АБА лигата. На тронот црно-белите го наследија градскиот ровал Црвена звезда.
Партизан од средишницата на втората четвртина ја презеде контролата и врз играта и врз резултатот. Будуќност во ниту еден момент не успеа да му се закани на новиот шампион.
Брендон Дејвис беше најефикасен со 18 поени и 4 скока, додека Стерлинг Браун имаше 18 поени, 2 скока и 3 асистенции, а Карлик Џонс 17 поени, 4 скока и 9 асистенции. Двоцифрени со по 13 поени беа и Исак Бонга и Ифе Лундберг.
На другата страна, 23 поени постигнаа Јоги Ферел, 14 Никола Танасковиќ, а по 11 Кенан Камењаш и Рашид Сулејмон.
Спорт
Нов Хрват во Реал Мадрид? Чаби Алонсо навистина „загриза“

Реал Мадрид без хрватскиот играч стана речиси незамислив. Лука Модриќ си заминува, а Анте Будимир би можел да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.
Според шпанските медиуми, Чаби Алонсо е сериозно заинтересиран да го доведе напаѓачот на Осасуна.
Секако, „кралскиот клуб“ сака да оди што е можно поевтино, па се разгледува опцијата за активирање на откупната клаузула од 20 милиони евра, но Реал би сакал и таа да се намали.
Планот е во договорот да се вклучи млад фудбалер од академијата на Мадрид, како што се Јакоб Рамон или Лорен Агуада.
Будимир би бил воодушевен да игра за Реал Мадрид, клуб кој го смета за најдобар во светот, а Чаби Алонсо исто така „загриза“ да го доведе.
За многумина е чудно што Реал сака 34-годишен играч, но Хрватот наводно би прифатил да биде резерва и да игра од клупата, како што направи Хоселу минатата сезона кога ја освоија Лигата на шампионите.
Оваа сезона, Будимир постигна 21 гол во Ла Лига и додаде три асистенции. Во Купот на Кралот има уште три гола.
Спорт
Никој не е заинтересиран за Светското клупско првенство, дури ни Меси не сакаат го гледаат

Низок интерес за натпреварите од Светското клупско првенство во САД.
Според светските медиуми, ФИФА е сериозно загрижена за нискиот интерес на навивачите за Светското клупско првенство. Затоа одлучи повторно да ги намали цените на билетите.
Пред два дена беше објавено дека за првиот натпревар од отворањето на натпреварувањето се продадени помалку од 25.000 билети.
Првиот натпревар ќе се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со капацитет од 64.767 седишта. Ривали се домашниот тим Интер Мајами и египетскиот Ал Ахли од Каиро.
За потсетување, Интер е дом на големи светски ѕвезди како што се Аргентинецот Лео Меси, Уругваецот Луис Суарез, Шпанците Серхио Бускетс и Жорди Алба…
🚨 FIFA are seriously concerned about poor fan interest in the Club World Cup and have slashed ticket prices again. 🎟️
Fewer than 25,000 tickets have been sold for the opening match. 😳
(Source: @TheAthleticFC) pic.twitter.com/8HlxKycCN9
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 10, 2025
Светското клупско првенство на ФИФА ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули. Ќе учествуваат 32 екипи од шест континенти (конфедерации). Натпреварите ќе се играат во 11 градови на 12 стадиони.
Натпреварите од Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година ќе се одржат во државите Њу Џерси, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо (два стадиони), Филаделфија, Сиетл, Вашингтон и Атланта.